1987
| < XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1987 MCMLXXXVII |
| Ab urbe condita | 2740 |
| Асирски календар | 6737 |
| Бахајски календар | 143–144 |
| Бенгалски календар | 1394 |
| Берберски календар | 2937 |
| Будистички календар | 2531 |
| Бурмански календар | 1349 |
| Византиски календар | 7495–7496 |
| Еврејски календар | 5747–5748 |
| Ерменски календар | 1436 ԹՎ ՌՆԼԶ |
| Етиопски календар | 1979–1980 |
| Календар Игбо | |
| - Нри-Игбо | 987–988 |
| Ирански календар | 1365–1366 |
| Исламски календар | 1407–1408 |
| Јапонски календар | Период Шова 62 (62年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
| Кинески календар | 丙寅年月日 (4623/4683) — до —
丁卯年月日(4624/4684) |
| Коптски календар | 1703–1704 |
| Корејски календар | 4320 |
| Календар Мингуо | Република Кина 76 民國76年 |
| Селевкидски календар | 2298–2299 |
| Тајландски сончев календар | 2530 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 2043–2044 |
| - Шака самват | 1909–1910 |
| - Кали југа | 5088–5089 |
| Француски револуционерен календар | CXCV–CXCVI 195–196 |
| Холоценски календар | 11987 |
| Џуче-календар | 76 |
1987 (MCMLXXXVII) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1987. година од новата ера, 987. од вториот милениум, 87. од 20 век и осма од 1980-тите.
Содржина |
Други календари [уреди]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7495 и 7496 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6737 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5747 и 5748 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2740.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1987. година се протега во 4623 и 4624, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4683 и 4684 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2530. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1407 и 1408 исламска година.
Настани [уреди]
- 23 февруари - Супернова1987а е забележана, прва видлива супернова на Земјата од 1604.
- 6 март - Ферибот потонува во близина на пристаништето на Зебриж, Белгија. 180 мртви.
- 13 април - Португалија и Кина потпишуваат договор со кој Макао ќе и биде вратен на Кина во 1999.
- 11 мај - На Клаус Барби му се суди во Лион за воени злосторства направени во Втората Светска војна.
- 4 јули - Клаус Барби е осуден на доживотен затвор.
- 31 јули - 400 ирански аџии загинуваат во Мека, во борба со силите на безбедност на Саудиска Арабија.
- 19 октомври - Црн понеделник: цените на акциите паѓаат драстично на светските финанскиски пазари.
- 22 октомври - Премиера на операта на Џон Кулиџ Адамс насловена како Никсон во Кина, во Хјустон, Тексас.
- 1 декември - Почеток на изградбата на Евротунелот.
- 8 декември - Започнува првата Интифада.
- 8 декември - Потпишан е договор за неширење на нуклеарното вооружување со среден дострел меѓу американскиот претседател Роналд Реган и советскиот лидер Михаил Горбачов.
- Костариканскиот претседател Оскар Аријас добива Нобелова награда за мир.
Родени [уреди]
- 19 април - Марија Шарапова, руска тенисерка
- 3 јуни - Масами Нагасава, јапонска актерка
- 28 септември - Хилари Даф, американска актерка и пејачка
- 24 јуни-Лионел Андрес Меси,аргентински фудбалер
Починале [уреди]
- 22 февруари - Енди Ворхол, американски уметник
- 22 јуни - Фред Естер, американски актер
- 7 август - Михаило Апостолски, македонски генерал
Видете исто:
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1987“ |
