Михаел Шумахер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кариера во Формула 1
Активни години 19912006, 20102012
Тим Џордан, Бенетон, Ферари, Мерцедес
Трки 308 (307 стартови)
Освоени првенства 7 1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004
Победи 91
Подиуми 155
Вкупно освоено поени 1566
Пол позиции 68
Најбрз круг 77
Прва трка Голема награда на Белгија 1991
Прва победа Голема награда на Белгија 1992
Последна победа Голема награда на Кина 2006
Последна трка Голема награда на Бразил 2012
Пласман во 2012 13-то (49 поени)

Михаел Шумахер (германски: Michael Schumacher; роден на 3 јануари 1969) — германски Формула Еден возач за Мерцедес ГП тимот. Познат по единаесет годишниот успех со Ферари, Шумахер е единаесет кратен Светски Шампион и е нашироко почитуван како еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња. Тој држи многу од возачките рекорди на формула, како што се рекорди за најмногу шампионати, тркачки победи, најбрзи кругови, пол позиции, поени освоени и најмногу победи во една сезона – 13 во 2004. Во 2002 тој стана единствениот возач во историјата на Формула еден кој завршил во првите три места во секоја трка од сезоната и потоа го сруши рекордот за најмногу последователни зафршувања на подиумот. Според официалниот вебсајт на Формула Еден тој е “статистички најдобриот возач кој спортот некогаш го видел“.

Откако започна да вози картинг, Шумахер ги освои германските шампионати во возење во Формула Куниг и Формула Три пред да им се придружи на Мерцедес во Светскиот Шампионат во спортски автомобилизам. После една трка спонзорирана од Мерцедес, за Формула Еден тимот на Џордан, Шумахер потпиша како возач за Формула Еден тимот Бенетон во 1991. По освојувањето на последователните шампионати со Бенетон во 1994/5, во 1996 Шумахер се префрли во Ферари и со нив освои нови пет последователни титули од 2000 до 2004. Шумахер се пензионира од возење во Формула Еден во 2006 година, останувајќи во Ферари како советник.[1] Тој се согласи привремено да се врати во Ферари во 2009 година, како замена за тешко повредениот Фелипе Маса, но беше спречен во тоа поради повреда на вратот. Покасно тој потпиша 3-годишен договор да вози за новиот Мерцедес ГП тим почнувајќи од 2010 година.

Неговата кариера не е без контроверзии, вклучувајќи ги и двата инциденти кога беше инволвиран во судири во последната трка од сезоната која го одреди исходот од светскиот шампионат, со Дејмон Хил во Аделаиде во 1994 и со Жак Виленув во Херез, 1997 година.

Надвор од стазите, Шумахер е амбасадор на УНЕСКО и говорник за безбедноста на возачите. Тој е инволвиран во бројни хуманитарни акции низ целиот негов живот и има донирано десеттици милиони долари во хуманитарни цели. Михаил и неговиот помлад брат Ралф Шумахер се единствените браќа кои победиле трки во Формула Еден, и тие беа првите браќа кои завршиле на прво и второ место во иста трка, во Монтреал 2001 година, и уште еднаш на истото место (но во обратен редослед) во 2003.

Детство и младост[уреди]

Шумахер е роден во Хурт, Северна Рајна – Вестфалија,[2] Западна Германија, од татко Ролф Шумахер, ѕидар, и неговата жена Елизабет. Кога Шумахер имал 4 години, неговиот татко ја модифицирал неговиот квадрицикл додавајќи мал мотор. Кога Шумахер удрил во столб во Керпен, неговите родители го однеле на стаза за картинг во Керпен-Хорем, каде тој станал најмладиот член на картинг клубот. Неговиот татко набрзо му изградил картинг од отфрлени делови и на шест годишна возраст Шумахер го освоил својот прв клубски шампионат. За да го подржува тркањето на синот, Ролф Шумахер зел втора работа изнајмувајќи и поправајќи картинзи, додека неговата жена работела во мензата во тркачката стаза. Без разлика, кога на Шумахер му требало нов мотор кој чинел 800-тини марки, неговите родители не можеле да си го дозволат, но Шумахер продолжил да се трка со подршка на локалните бизнисмени.[3]

Законите во Германија бараат возачот да има најмалку 14 години за да може да добие дозвола за картинг. За да го заобиколи ова, Шумахер добива дозвола во Луксембур на 12 годишна возраст.[4]

Во 1983 тој ја добива својата германска дозвола, година откако го освои Германскиот Јуниорски Картинг Шампионат. Од 1984 па натака, Шумахер освојува многу германски и европски картинг шампионати. Во 1985 година тој му се приклучи на Адолф Нојберт, Еурокарт трговец, а веќе во 1987 тој станува германски и европски шампион во картинг, по што тој го напушта училиштето и започнува да работи како механичар. Во 1988 го направи својот прв чекор во трките со едно-седишни коли, тркајќи се во германските Формула Форд и Формула Конинг серии, освојувајќи ја втората.

Во 1989, Шумахер потпишува за Вили Веберовиот WTS Formula Three тим. Спонзориран од Вебер, тој се натпреваруваше во Германските Формула 3 серии, освојувајќи титула во 1990. Тој победи и во Макау Гранд При. На крајот на 1990, заедно со неговите Формула 3 ривали Хајнц-Харалд Френцен и Карл Вендлингер, им се придружи на Мерцедес јуниор тркачката програма во Светскиот Спортски-Прототип Шампионат. Ова беше невообичаено за млад возач: повеќето од неговите сотркачи се натпреваруваа во Формула 3000 на нивниот пат до Формула Еден. Меѓутоа, Вебер го советувал Шумахер дека експозитурата пред професионалните новинарски конференции и возењето моќни коли на долгометражни трки ќе му помогне во кариерата. На Светскиот Шампионат во Спортски Автомобилизам во 1990 година Шумахер победи во финалето на сезоната во Autódromo Hermanos Rodríguez возејќи во Саубер-Мерцедес Ц11, и заврши четврти во возачкиот шампионат иако возел само во 3 од 9 трки. Со тимот продолжи во Светскиот Шампионат во Спортски Автомобилизам во 1991, победувајќи повторно во последната трка во сезоната во Аутополис во Јапонија возејќи Саубер-Мерцедес-Бенз Ц291, завршувајќи на деветтото место во возачкиот шампионат. Исто така се натпреваруваше и на Ле Ман таа сезона, завршувајжи 5ти во кола која ја делел со Карл Вендлингер и Фриц Кројтзпоинтнер. Во 1991, тој се натпреварувал во една трка во Јапонскиот Формула 3000 шампионат, завршувајќи втор.

Кариерата во Формула 1[уреди]

Шумахер беше познат во текот на неговата кариера по неговата способност да обезбеди брзи кругови во клучните моменти во трката, да ја турка неговата кола до самиот лимит во подолги периоди. Кристофер Хилтон, мотор спорт автор, забележа во 2003 дека “ Мерило за способностите на возачот е неговата изведба во влажни трки, затоа што е потребна најделикатна контрола и осет на колата“, и потенцира дека како и другите големи возачи, статостиките за Шумахер во влажни услови покажувале многу малку грешки се до крајот на сезоната во 2003. Некои од неговите најдобри изведби се случија токму во такви услови, донесувајќи му го прекарот "Regenkönig" (крал на дождот)[5] или "Regenmeister" (господар на дождот),[6][7] дури и во странските медиуми. Познат е и како “Црвениот Барот“ поради неговиот црвен Ферари како референца на германскиот Манфред фон Рихтофен, познатиот летачки ас од Првата Светска Војна. Прекарите на Шумахер ги вклучуваат и Шуми,[8] Шуи[9] и Шу.[10] На Шумахер често му се припишува и популаризацијата на Формула Еден во Германија, каде порано било сметано како кревок спорт.[11] Кога Шумахер се пензионира во 2006, тројца од најдобрите десет возачи беа Германци, повеќе одколку која било друга нација некогаш имала и повеќе од кога и да било во историјата на Формула Еден. Помладите германски возачи, како Себастијан Ветел, чувствуваа дека Шумахер е клучот во нивното станување Формула Еден возачи.[12] Во подоцнежниот период од неговата Формула Еден кариера, како еден од сениорските возачи, Шумахер беше претседател на Асоцијацијата на Гранд При Возачи.[13] Во истражувањето на ФИА од 2006, Михаел Шумахер беше изгласан од фановите на Формула Еден за најпопуларниот возач во сезоната.[14]

Дебито во Џордан[уреди]

Шумахер го имаше своето деби во Формула Еден со тимот Џордан-Форд на Белгискиот Гранд При во 1991 година, возејќи ја колата со број 32 како замена за притворениот Бертранд Гашо. Шумахер, сеуште под договор со Мерцедес, беше регрутиран од Еди Џордан откако Мерцедес му плати на Јордан $150.000 за неговото деби.[15] Неделата пред трката, Шумахер ги импресира дизајнерот на Џордан, Гери Андерсон и тимскиот менаџер, Тревор Фостер за време на тест возењето пред спектатор. Неговиот менаџер Вили Вебер ги осигура Џордан дека Шумахер добро ја знаел предизвикувачката стаза Спа , иако всушност тој ја имал само видено како спектатор. За време на тркачкиот викенд, сотимецот Андреа де-Цесарис требало да му ја покаже на Шумахер стазата, но бил задржан поради преговори околу договорот. Шумахер сам ја научил стазата, кружејќи околу неа на велосипед на склопување, кој го донел со него. Тој го имресионирал пит боксот квалификувајќи се на седмото место во трката. Со тоа ја достигна најдобрата стартна позиција и го надквалификува 11-годишниот ветеран де Цезарис. Моторспорт новинарот Џо Савард напиша дека после квалификувањето “групи германски новинари зборувале за ‘најдобриот талент после Стефан Белоф‘“. Шумахер се повлече после првиот круг во трката поради проблеми со квачилото.

Бенетон[уреди]

После дебито, и покрај тоа што Џордан имале со Мерцедес договор во принцип со менаџментот на Шумахеровиот Мерцедес за до крајот на сезоната, Шумахер беше регрутиран од Бенетон-Форд за следната трка. Џордан аплицирале за налог до судовите на Обединетото Кралство да го спречат Шумахер да вози за Бенетот, но изгубиле случајот бидејќи сеуште немале потпишано договор.[16] Шумахер ја завршил сезоната во 1991 година со четири поени од шест трки. Најдоброто место кое го освоил беше петти во неговата втора трка, Италијанскиот Гранд При, во кој тој заврши пред неговиот сотимец и трикратен Светски Шампион нелсон Пиќе.

На почетокот на сезоната 1992 тимот на Саубер, планирајќи го нивното деби во Формула Еден откако Мерцедес се повлече за следната година, се повика на клаузулата во договорот на Шумахер во која пишуваше дека доколку Мерцедес влезат во Формула еден, Шумахер ќе вози за нив. Евентуално, беше договорено Шумахер да остане во Бенетон. Питер Саубер рече „(Шумахер) не сакаше да вози за нас. Зошто би го присилил?“.[17] Годината доминираа Вилијамс со Нигел Мансел и Рикардо Патрис, карактеризирајќи се со моќни мотори на Рено, полу-автоматски менувачи на брзини и активна амортизери за контрола на .висината на возењето на колата. Во “конвенционалниот“ Бенетон Б192 Шумахер го освои своето место на подиумот за прв пат, завршувајќи трет во Мексиканскиот Гранд При. Продолжи со првата победа во Белгискиот Гранд При, на водената трка во Спа-Францоршампс стазата, која до 2003 година тој ќе ја нарекува “ далеку мојата омилена стаза“. Заврши трет на Возачкиот Шампионат во 1992 со 53 поени, три поени помалку од второрангираниот Патрис.

Тимот на Вилијамс со Дејмон Хил и Алан Прост доминираше и во сезоната во 1993. Бенетон ги промовираше своите активна суспензија и контрола на тракција на почетокот од сезоната, последни од фаворитските тимови. Шумахер победи во една трка, Португалскиот Гранд При, победувајќи го Прост, а имаше и девет искачувања на подиумот, но се повлече на 7 од другите 15 трки. Сезоната ја заврши четврти, со 52 поени.

1994-1995: Годините на светскиот шампионат[уреди]

1994 беше сезоната на Шумахеровиот прв Возачки Шампион. Сезоната, меѓутоа, беше обележана со смртта на Аиртон Сена (сведочена од Шумахер, кој беше дирекно позади на втората позиција) и на Роланд Раценбергер за време на Гранд При Сан Марино, како и од обвинувањата дека неколку тимови, но посебно Шумахеровиот Бенетон, ги прекршиле техничките правила на спортот.[18][19]

Шумахер победи на шест од првите седум трки и водеше во Шпанскиот Гранд При, пред да му откаже менувачот на брзини, оставајќи го заглавен во петта брзина. Сепак тој ја заврши трката на второ место. По Гранд При Сан Марино, Бенетонм Ферари и Мекларен беа под истрага поради сомневање дека ја прекшиле забраната на Фиа за електронски помагала. Бенетон и Мекларен најпрвин одбија да го предадат нивниот изворен код. Кога го сторија тоа, ФИА откри скриена функционалност во софтверите на двата тима, но не пронајде доказ дека била користена во трка. Двата тимови беа казнети со казна од 100.000 долари поради нивното одбивање да соработуваат. Меѓутоа, софтверот на Мекларен, кој бил пробрам за менувачот на брзини кој дозволувал автоматско менување на брзини, бил прогласен за легален. Од друга страна, софтверот на Бенетон бил означен како форма на “контрола за старт“ која би му дозволила на Шумахер да има перфектни стартувања, а ова било конкретно забрането од прописите. На Британскиот Гранд При. Шумахер беше казнет поради претекнување во оформувачкиот круг. Тој ја игнорирал казната и последователното црно знаме, кое покажува дека возачот мора веднаш да се врати во гаражите, поради што беше дисквалификуван, а подоцна му беше доделена забрана за две трки. Бенетон ја префрли вината за инцидентот на комуникациска грешка помеѓу стујардите и тимот. Шумахер беше дисквалификуван повторно откако го победи Белгискиот Гранд При откако во неговата кола беше пронајдена нелегална опрема во блокирачот на занесување, критериум кој беше воведен после несреќите во Имола за да ја лимитира down force и според тоа брзината при вртење. Бенетон протестирал дека скидблокот бил оштетен кога Шумахер се свртел над работ од стазата, но ФИА ја одби жалбата поради патерните на истрошеност и штета на блокирачот. Овие инциденти му помогнаа на Дејмон Хил да ја намали разликата во поените, и Шумахер замина во последната трка во Австралија со еден поен предност. Во 36тиот круг Шумахер го удри штитникон на надворешната страна од стазата додека водеше. Хил се обиде да го претекне, но болидот на Шумахер се врати на стазата и тука имаше судар во аголот, предизвикувајќи ги двајцата да се повлечат од трката. Како резултат на ова, Шумахер освои многу контроверзен шампионат, и тоа како првиот Германец кој го сторил тоа ( Јохан Риндт возеше под Австриското знаме).

Ферари[уреди]

Во 1996 Шумахер за плата од 50 милиони долари за време од 2 години,се приклучи кон Ферари, тим кој последен пат го освоил Возачкиот Шампионат со Џоди Шектер во 1979 и кој не го освоил Купот на Конструкторите од 1983 година со возачите Рене Арно и Патрик Тамбеј на воланот. Тој го напушти Бенетон година пред да истече договорот со нив, а подоцна ги посочи штетните дејствија на тимот во 1994 како негова причина да го прифати овој договор. Година покасно, поранешните вработени во Бенетон Рори Бирн и Рос Бран, кој беше Технички Директор во Бенетон од 1991 година, и кој беше еден од главните членови позади Шумахеровите успеси во титулите со тиме од 1994 и 1995 година, одлучија да му се приклучат на Шумахер во Ферари. Тоа ја зголеми мотивацијата на Шумахер да изгради поискусен и потенцијално шампионатски – победнички тим околу него. Ферари претходно стигна блиску до шампионатот во 1982 и 1990. Тимот претрпе катастрофален пресврт надолу во раните деведесетти, делумно поради нивниот познав V12 мотор кој веќе не беше конкурентент наспроти помалите, полесните и поштедливи V10ки на другите ривали. Различни возачи, посебно Алан Прост, му даваа на возилото етикети како “камион“, “прасе“, и “несреќе која чека да се случи“. Слабата изведба на тимот во гаражата на Ферари беше сметана за подвижна шега. На крајот од 1995, иако тимот се надгради во солиден натпреварувач, сеуште беше сметан за инфериорен спрема фаворитските тимови како Бенетон и Вилијамс. Шумахер го прогласи Ферари 412Т како доволно добар за да го победи Шампионатот.

Шумахер, Рос Бравн, Рори Бирн и Џин Тод(вработен 1993), беа кредитирани за претворањето на овој еднаш макотрпен тим во најуспешниот тим во историјата на Формула Еден. Трикратниот Светски Шампион Џаки Стувард верува дека трансформацијата на тимот на Ферари беше Шумахеровиот најголемо дело. Еди Ирвин исто така се придружи на тимот, доаѓајќи од Џордан.

1996 – 1999[уреди]

Шумахер заврши трет во Возачкиот Шампионат во 1996, и му помогна на Ферари да дојде до второто место во шампионатот на конструктори, пред неговиот стар тим Бенетон. Тој победи на три трки, повеќе од целостниот запис на тимот за периодот од 1991 до 1995. За време на почетниот дел од сезоната од 1996, колата имаше проблеми со издржливоста и Шумахер не заврши 6 од 16 трки. Ја зеде првата победа за Ферари во Шпанското Гранд При, каде го извоза целата патека до третото место во дождот. Во Францускиот Гранд При, Шумахер се квалификува на пол-позиција, но претрпе неуспех на моторот за време на загревачкиот круг. Меѓутоа на Спа-Франкоршампс, Шумахер искористи добро тајмувани пит-стопови за да се ослободи од Вилиамсовиот Жак Виленув. После тоа, на Монца, Шумахер победи пред тифосите(навивачите на Ферари). Вештината на Шумахер, комбинирана со се подобрата сигурност на Ферари, му овозможи да ја заврши сезоната со евентуален предизвик на Сузука на победникот на трката, а воедно и на шампионатот Дејмон Хил.

Михаел Шумахер и Жак Виленув се натпреваруваа за титулата во 1997. Виленув, возејќи за супериорниот Вилиамс Ф„19, го водеше шампионатот во почетниот дел од сезоната. Меѓутоа, до полусезона, Шумахер го презеде водството во Шампионатот, победувајќи на пет трки, и влезе во сезонското финално Гранд При со еден поен предност. Ближејки се до крајот на трката, задржуван од Херез, Ферарито на Шумахер се здоби со изтек во ладилникот и загуби во перформансите што навестуваше дека можеби нема да ја заврши трката. Како што Виленув се приближи за да го претекне ривалот, Шумахер се обиде да предизвика судир, но го доби подебелиот крај од стапот, повлекувајќи се од трката. Виленув продолжи и освои четири поени за да го земе шампионатот. Шумахер беше казнет за неспортско однесување поради судирот и беше дисквалификуван од Возачкиот Шампионат.

Во 1998, финскиот возач Мика Хакинен стана главниот противник за титулата на Шумахер. Хакинен ги освои првите две трки од сезоната, добивајќи предност од 16 поени пред Шумахер. Шумахер тогаш победи во Аргентина, со Ферарито кое се подобри значително во втората половина од сезоната. Шумахер зеде шест победи и пет други завршувања на подиумот. Ферари зете 1-2 позиција во Францускиот Гранд При, прва после 1990, а и на Италианскиот Гранд При, со што Шумахер се изедначи со Хакинен на врвот од Возачкиот Шампионат со 80 поени, но Хакинен ги освои го освои Шампионатот со победите на последните две трки. Имаше две контроверзии; на Британскиот Гранд При Шумахер водеше во последниот круг кога се сврте кон боксот, ја премина целта и застана за десет секундната казна. Имаше одредено сомневање дали тоа може да се брои како одслужување на казната, но бидејќи тој ја премина целта кога влегол во боксот, победата беше валидна. Во Спа, Шумахер водеше со 40 секунди предност под силен дожд, но се судри со Давид Кулхардовиот Мекларен кога Скот, кој каснеше за еден круг, забави на многу слаба видливост да го пропушти Шумахер. Откако двете коли се вратија во боксовите, Шумахер скокна од својата кола и се упати во гаражата на Мекларен разлутен и го обвини Кулхард дека се обидел да го убие.

Гласини кружеа дека Кулхард може да биде заменет од Шумахер за сезоната во 1999година и натака, аи во претходно издание на Ф1 Тркачкиот магазин, Рон Денис објави дека му пристапил на Шумахер да потпише договор со Мекларен. Меѓутоа, периферни финансиски прашања го врзуваа Шумахер со Ферари, како што се спонзорските договори и исплати, кои не можеа да бидат корегирани со преселувањето во ривалски тим, и затоа не беше склучен договор.

Напорите на Шумахер му помогнаа на Ферари да го освои титулата на Конструктори во 1999. Тој ја загуби својата шанса да го освои Шампионатот на Возачи на Британското Гранд При кога на брзиот агол Стоув страничната кочница на неговата кола потфрли, исфрлајќи го од патеката резултирајќи со скршена нога. За време на неговото одсуство од 98 дена, тој беше заменет со Финецот Мика Сало. Откако испушти шест трки, тој се врати на сега воведениот Малезиски Гранд При, квалификувајќи се на пол позицијата со предност од секунда. Тогаш тој ја презеде улогата на втор возач, асистирајќи му на својот сотимец Еди Ирвин во обидот да го освои Возачкиот Шампионат за Ферари. Во последната трка од сезоната, Јапонскиот Гранд При, Хакинен ја освои својата втора последователна титула. Шумахер подоцна ќе изјави дека Хакинен бил противникот кој најмногу го почитувал.

Книги и филмови[уреди]

  • Ален, Џејмс (1999). „Михаел Шумахер: Возење до екстремите“. Bantam Books. ISBN 0-553-81214-9. 
  • Ален, Џејмс (2007). „Работ од величественоста“. Headline. ISBN 978-0-7553-1678-6. 
  • Колинс, Тимоти (2004). „Пирана Клуб“. Virgin Books. ISBN 0-7535-0965-2. 
  • Колинс, Тимоти (2005). „Тим Шумахер“. Highdown. ISBN 1-905156-03-0. 
  • Доменхоз, Лук (2002). „Михаел Шумахер: Подемот на еден гениј“. Parragon. ISBN 0-7525-9228-9. 
  • Хенри, Алан (ed.) (1992). „Автокурс 1992 – 93“. Hazleton Publishing. ISBN 0-905138-96-1. 
  • Хенри, Алан (1996). „Тркало до тркало: Најголемите дуели во Формула 1“. Weidenfeld Nicolson Illustrated. ISBN 0-7538-0522-7. 
  • Хилтон, Кристофер (2003). „Михаел Шумахер: Најголемиот од сите“. Haynes. ISBN 1-84425-044-X. 
  • Хилтон, Кристофер (2006). „Михаел Шумахер: Животна приказна“. Haynes. ISBN 1-84425-008-3. 
  • Кем, Сабин (2003). „Михаел Шумахер. Возачка сила“. Random House. ISBN 0-09-189435-2. 
  • Матчет, Стив (1995). „Живот на брзата патека: Приказна за шампионските години на Бенетон“. London: Weidenfeld and Nicolson. ISBN 0-297-81610-1. 
  • Матчет, Стив (1999). „Приказна на еден механичар: Живот во пит-стопот на Формула 1“. Osceola, Wisconsin: MBI Pub.. ISBN 0-7603-0754-7. 
  • Вилијамс, Ричард (1999). „Смртта на Аиртон Сена“. Bloomsbury. ISBN 0-7475-4495-6. 
  • Шумахер добил мала улога во филмот Астерикс и Обеликс на Олимписките Игри. Освен во тој филм, Михаел го позајмил гласот за потребите на анимираниот филм Автомобили во продукција на Дизни/Pixar.

Наводи[уреди]

  1. It's official: Schumi to retire“, ITV, 11 септември 2006 (конс. 24 октомври 2006).
  2. „Hall of Fame – World Champions: Michael Schumacher“. The Official Formula 1 Website. 2006. http://www.formula1.com/teams_and_drivers/hall_of_fame/7/. конс. 5 октомври 2006. 
  3. Collings, Timothy (2005). „Team Schumacher“. Highdown. стр. 35–37. ISBN 1-905156-03-0. 
  4. „The Beginning“. mschumacher.com. 2006. http://www.mschumacher.com/history.html. конс. 23 април 2007. 
  5. Hardcastle, Jonathon. „Michael Schumacher“. http://www.artwoo.com/article/michael-schumacher. конс. 12 јули 2007. 
  6. „Michael Schumacher – Master of the F1 Circuit“. Auto Racing. http://www.autoracing.com/formula-1/drivers/michael-schumacher/. конс. 12 јули 2007. 
  7. Schumacher races to victory“, BBC Sport, 18 март 2001 (конс. 24 октомври 2006).
  8. Alonso ahead of Schumi“, News24, 21 октомври 2006 (конс. 22 октомври 2006).
  9. Tremayne, David. „Schuey exit promises many twists and turns“, „The Independent“, 22 октомври 2006 (конс. 22 октомври 2006).
  10. Schu brought down to earth“, ITV, 11 октомври 2006 (конс. 14 октомври 2006).
  11. Sapa (11 септември 2006). „The greatest driver of all time!“. SuperWheels. архивирано од оригиналот на 27 септември 2006. https://web.archive.org/web/20060927153411/http://www.superwheels.co.za/default.asp?id=4846&des=sportstalk. конс. 24 октомври 2006. 
  12. Noble, Jonathan. „Vettel sorry to see 'idol' Schumacher go“, „Autosport“, 25 септември 2006 (конс. 31 октомври 2006).
  13. Schumacher retains GPDA position“, BBC, 9 јуни 2006 (конс. 30 ноември 2007).
  14. Schumacher tops F1 supporter poll“, BBC Sport, 27 септември 2006 (конс. 25 октомври 2006).
  15. Collings, Timothy (2004). „The Piranha Club“. Virgin Books. стр. 17. ISBN 0-7535-0965-2. 
  16. Collings, Timothy (2007). „Welcome to the Piranha Club“. „The Piranha Club“. Virgin Books. ISBN 1-85227-907-9. 
  17. Domenjoz, Luc (2006) [2002]. „Michael Schumacher : Rise of a genius“. Parragon. стр. 38. ISBN 0-7525-9228-9. 
  18. Domenjoz, Luc (2006) [2002]. „Michael Schumacher: The Rise of a Genius“. Parragon. стр. 44–47. ISBN 0-7525-9228-9. 
  19. Saward, Joe (11 август 1994). „Globetrotter: Rocking the boat“. GrandPrix.com. http://www.grandprix.com/gt/gt00044.html. конс. 28 август 2008. 

Надворешни врски[уреди]