28 јануари
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јануари | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
28 јануари е 28-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 337 денови до крајот на годината (338 во престапна).
Настани:
| 1821 | Прогласена е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латиноамериканска земја. Шпанија се обидувала уште три години да ја наметне својата власт во Перу. |
| 1871 | Франција капитулираше во војната со Прусија и го предаде Париз. |
| 1878 | Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејам Бел го патентираше телефонот. |
| 1918 | Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша Декрет за формирање на Црвената армија. |
| 1945 | Во Скопје е отворена првата градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа. |
| 1986 | Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот. |
Родени:
| 1887 | Артур Рубинштајн, пијанист и еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во 20 век. |
| 1928 | Славко Милосавлевски, македонски социолог. |
Починале:
| 592 | Гунтрам, крал на Франките. |
| 1547 | Хенри VIII, славен крал на Англија. |
| 1996 | Јосиф Бродски, руски поет, добитник на Нобеловата награда за литература и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |