Лудолф ван Цојлен
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Лудолф ван Цојлен (герм./хол. Ludolph van Ceulen), (28 јануари 1540 – 31 декември 1610) бил германски математичар од Хилдесхајм, познат по своите пресметки на бројот π. Како и многумина Германци за време на католичките инквизиции, Цојлен се преселил во Холандија.
Подоцна Цолјен се преселил во Делфт каде предавал мечувалство и математика. Во 1594 отворил мечувалска школа во Лајден. Во 1600 бил назначен за првиот професор по математика на Лајденскиот универзитет. Починал во Лајден.
[уреди] Пресметување на π
Лудолф ван Цојлен поминал голем дел од животот пресметувајќи ја бројната вредност на математичката константа „пи“ (π), по исти методи како оние на Архимед две илјади години порано. Потоа Цојлен дошол до 20-децимална вреност и ја објавил во Van den Circkel („За кружницата“) во 1596, а подоцна ја проширил на 35 децимали. По неговата смрт, на неговата надгробна плоча Лајден бил испишан „Лудолфовиот број“.
- 3.14159265358979323846264338327950288...,
Надгробниот камен подолго време бил изгубен, но вратен во 2000 г,
[уреди] Надворешни врски
- Oomes, R. M. Th. E.; Tersteeg, J. J. T. M.; Top, J. "Епитафот на Лудолф ван Џојлен." Nieuw Arch. Wiskd. (5) 1 (2000), бр. 2. он-лајн (холандски)
- Биографија на Лудолф ван Цојлен на MacTutor (англиски)
- Лудолф ван Цолјен (1540-1610) (холандски)