Хенри VII
| Хенри VII | |
|---|---|
| Портрет на Хенри VII | |
|
|
|
| Владеење | 22 август 1485 – 21 април 1509 |
| Крунисување | 30 октомври 1485 |
| Претходник | Ричард III |
| Наследник | Хенри VIII |
|
|
|
| Претходник | Едмунд Тјудор |
| Сопруг | Елизабета од Јорк (починала во февруари 1503) |
| Потомци | |
| Артур Маргарет Хенри VIII Елизабета Тјудор Мери Тјудор Едмунд Тјудор Едвард Тјудор Катерина |
|
| Династија | Династија Тјудор |
| Татко | Едмунд Тјудор, 1. ерл од Ричмонд |
| Мајка | Маргарет Бофорт |
| Раѓање | 28 јануари 1457 Дворец Пемброук, Велс |
| Смрт | 21 април 1509 (на возраст од 52 г.) Палата Ричмонд, Англија |
| Погреб | Вестминстерска палата, Лондон[1] |
| Потпис | |
Хенри VII (28 јануари 1457 - 21 април 1509), бил крал на Англија, Ирска (22 август 1485 - 21 април 1509). Тој бил роден како Хенри Тјудор, и ја основал династијата на Тјудорите. Тој бил единствениот син на Едмунд Тјудор и Маргарет Бофорт. Во 1486 година се оженил за Елизабета од Јорк од која имал четири деца: Артур, Хенри, Маргарет и Мери. Починал во 1509 година.
Хенри бил роден во дворецот Пемброук, во велшкото семејство Тјудори. Неговите родители биле наследници на династија Ланкастер. Татко му починал кога тој бил на само два месеци. Во времето кога на власт во Кралство Англија дошла династијата Јорк на чело со Едвард IV од Англија, тој во 1461 година бил принуден да побегне заедно со своето семејство во Бретанија каде се задржал до својата осумнаесетгодишна возраст.
По смртта на Хенри VI и неговиот син Едвард, тој станал главен кандидат од династија Ланкастер кој претендирал за англискиот престол. Во времето кога на престолот се наоѓал Ричард III, Хенри се обидел да го симне од власт со помош на Франсоа II, војвода од Бретанија но во тоа не успеал. Ричард III успеал да склучи договор со Франсоа па така тој бил присилен да побегне во Франција. Со помош на француската војска, тој тргнал кон втора инвазија во Англија. Тој успеал со армија од 5.000 војници да се префрли во Англија и да му нанесе тежок пораз на Ричард III, а на самото бојно поле бил убиен и кралот. По ова Хенри се прогласил за крал под името Хенри VII од Англија. Во 1486 година се оженил со ќерката на Едвард IV, Елизабета од Јорк. По ова голем дел од приврзаниците на династија Јорк преминале на страната на новиот крал. Овој настан го означил обединувањето на двете династии. Двете рози, белата и црвената биле споени во т.н. Тјудорска роза. Во историјата на Англија бил започнал нов период, познат како Тјудорски период.
По стабилизирање на неговата власт, тој започнал да води една многу лукава и итра пчолитика. Тој се заложил да ги зацврсти англиските граници. По договорот со Шпанија, тој договорил брак на својот најстар син Артур со Катерина Арагонска. Маргарет ја омажил за Џејмс IV од Шкотска, а склучил сојуз и со царот на Светата Римска империја, Максимилијан I како и со папа Инокентие VIII .
Во 1502 година починал најголемиот син на Хенри, Артур. Набргу таа била верена за вториот свој син, идниот Хенри VIII.
Наводи[уреди]
- ↑ Weir, Alison. „Henry VIII: King and Court“. стр. 1.
|
|||||||||||||||||
- Родени на 28 јануари 1457
- Родени во јануари 1457
- Родени во 1457 година
- Починати на 21 април 1509
- Починати во април 1509
- Починати во 1509 година
- Погреби во Вестминстерската катедрала
- Англиски монарси
- Витези на Златното Руно
- Тјудори
- Луѓе од Војната на розите
- Претенденти за францускиот престол
- Римокатолички монарси
- Европски монарси од 15 век
- Европски монарси од 16 век