Владимир Илич Ленин

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Владимир Илич Ленин
Lenin.jpg
Лидер на СССР
Роден 22 април 1870
Симбирск, Руска империја
Починал 21 јануари 1924
Москва


Советски Сојуз
Coat of arms of the Soviet Union.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Советскиот Сојуз



Атлас

Владимир Илич Ленин (руски: Владимир Ильич Ленин) (Симбирск, 22 април 1870 - Москва, 21 јануари 1924) (вистинско име: Владимир Илич Улјанов, руски: Владимир Ильич Ульянов) бил руски револуционер, лидер на болшевиците и прв премиер на Советска Русија. Според неговите приврзаници неговата теорија се надоврзува на марксизмот (оттука „марксизам-лeнинизам“), а според неговите противници разликите помеѓу марксизмот и ленинизмот се преголеми за да се сметаат за единствена политичка теорија.

Живот[уреди]

Ленин како дете во 1887 година

Во текот на 1887 година Ленин ја завршува Симбирската гимназија, се запишува на Правниот факултет на Казањскиот универзитет. Во Казањ учествува на револуционерните студентски кружоци и во Самарско-симбирското здружение, а кон крајот на годината прв пат е уапсен поради учество во студентските немири, исклучен е од Казањскиот универзитет и протеран во селото Кокушкино. Во 1889 година тој заедно со неговото семејство се преселува во Самара. Следната 1890 година го завршува правниот факултет со многу голем успех.

Дело[уреди]

Во 1892 година станува адвокатски приправник, добива право да се занимава со застапување на судски спорови, пишува реферати во кои ги критикува народниците и ги чита во илегални кружоци. Заминува за Петроград, тогашниот центар на руското револуционерно движење и го пишува најстариот сочуван труд „Новите стопански движења во селанскиот живот“, во кој веќе се гледаат неговите изградени марксистички ставови.

Во Петроград ги раководи петроградската група марксисти и централниот работнички кружок. За првпат се среќава со Надежда Крупскаја и се запознава со претставниците на „легалните марксисти“ — Потресов, Струве и Туган-Барановски. Ги пишува трудовите „Што се пријателите на народот и како се борат тие против социјалдемократите“ и „Економската содржина на народништвото и неговата критика во книгата на г. Струве“. Во нив ја покажува неиздржаноста на философијата и на општествено-политичката концепција на народниците, а истовремено ги критикува легалните марксисти.

Во 1895 година, патува во странство (Германија, Швајцарија и Франција) и се запознава со Георги Плеханов и Аксељрод, основачите на првата руска марксистичка група „Ослободување на трудот“. Работи во јавните библиотеки, се запознава со странската марксистичка литература со западно-европското работничко движење и со негови истакнати раководители. Кон крајот на септември се враќа во Петроград и го основа „Сојузот на борбата за ослободување на работничката класа“, се занимава со организациона работа и го подготвува изданието на првиот број на илегалниот орган на организацијата „Рабочее дело". Кон крајот на годината е уапсен од царската полиција.

Затворска слика на Ленин

Во затвор поминува повеќе од 14 месеци, а потоа е осуден на тригодишно прогонство во Сибир. Таму на Ленин му се придружи Крупскаја, со која склопува брак во 1898 година. Во затворот и во прогонството мошне интензивно се занимава со теориски студии, а најзначаен резултат на тие студии е книгата „Развитокот на капитализмот во Русија“ (објавен во 1899 година).

Следната година, на слобода се зафаќа со организирање политичка партија на работничката класа. По негова иницијатива се покренати марксистичките теоретски списанија „Искра“ и „Зарја“. Повторно заминува надвор од земјата, учествува активно во издавањето на „Искра“ и започнува да работа врз книгата „Што да се прави?“

Во 1903 година во Брисел учествува на Вториот конгрес на Руската социјалдемократска партија, на кој доаѓа до расцеп на партијата на болшевици и меншевици, а Ленин станува предводник на болшевичкото крило. Поради репресивноста на царистичкиот режим во Русија, Ленин, како и многу други руски револуционери, е принуден догли години да живее во странство, главно во Швајцарија. Во странство го дочекува и почетокот на Првата светска војна и избувнувањето на Февруарската револуција во Русија од 1917 година, во април се враќа во Русија.

Револуција[уреди]

По победата на буржоаско-демократската револуција на формирањето на Привремената влада, Ленин се враќа во татковината. Во Петроград, пред водечките партиски работници (на 17 април) го чита својот реферат „За задачите на пролетаријатот во сегашната револуција“, познат и како Априлски тези, во кој докажува дека „двовластието“ во Русија не може да биде трајно и дека болшевиците мораат да се борат сета власт да прејде во рацете на советите. Кога на 19 јули Привремената влада дава налог за негово апсење повторно преминува во илегалност. Го пишува трудот „Државата и револуцијата“.

И натаму ја раководи партиската работа. На 7 ноември, утрото, е објавен проглас на граѓаните на Русија, напишан од Ленин, во кој се соопштува дека државната власт во Петроград преминала во рацете на Воено-револуционерниот комитет при Петроградскиот совет на работничките и воените депутати, а ноќта меѓу 8 и 9 ноември Вториот серуски конгрес на советите формира Привремена работничко-селанска влада и Совет на народните комесари на чело со Ленин. Во октомври 1917 избувна Октомвриската револуција, со која беше соборена владата на Александар Керенски и беа поставени темелите на комунистичката власт во Русија, на чело со Ленин.

Говор на Ленин пред народот

Намерата на Ленин и неговите приврзаници беше да изградат социјалистички поредок во Русија, кој ќе биде во прилог на работничката класа. Застапник на макијавелистичкиот принцип на целта ги оправдува средствата, Ленин не ја отфрлаше употребата и на груби методи, вклучувајќи и терор, за да ја зацврсти власта на комунистите.

Периодот по Октомвриската револуција му носи уште потешки борби и поинтензивна работа. Раководи со разорената и опустошена земја, борејќи се против контрареволуционерните сили и трупите на странскиот интервенционизам, бранејќи ја советската власт, обновувајќи го стопанството и започнувајќи социјалистичка реорганизација на севкупниот општествен живот. Покрај Поголемите теориски трудови — „Пролетерската револуција и ренегатот Кауцки“ (1918) и „Детската болест на левичарството во комунизмот“ (1920), пишува повеќе брошури, расправи, статии, реферати, тези, резолуции и др. Здобиените рани во есеровскиот атентат (1918) и постојаната напорна работа го сторија своето — кон средината на 1922 тешко се разболува. Иако болен, кон крајот на 1922 го критикува големорускиот шовинизам, спречувајќи го прифаќањето на Сталиновиот проект за „автоматизација". По оваа критика, изработен е и прифатен нов проект, според кој советските републики се обединуваат врз начелото на доброволност и рамноправност во Сојуз на Советските Социјалистички Републики.

Една од најпознатите слики на Ленин направена во 1918 година

Смртта[уреди]

Во декември 1922 и во јануари 1923 го пишува своето „Писмо до Конгресот“, познато како Ленинов тестамент, во кое апелира Партијата да го зачува единството на своите редови. На чело на Советска Русија беше до својата смрт во 1924 година. По неговата смрт со државата владееше колективно тело од неговите водечки следбеници, но по интригите помеѓу нив, на чело на државата застана Јосиф Сталин. Во социјалистичките кругови пред да дојде на власт, а особено откако дојде на власт Ленин беше познат по својата нетолерантност кон погледите на другите луѓе.

Творештво[уреди]

Позначајни негови дела се:

  • „Што да се прави?“ (1902)
  • „Чекор напред, два чекора назад“ (1904)
  • „Материјализам и емпирио-критицизам“ (1908)
  • „Империјализмот - највисок стадиум на капитализмот“ (1915)
  • „Државата и револуцијата“ (1917)
  • „Пролетерската револуција и ренегатот Кауцки“ (1918)
  • „Детската болест на левичарството во комунизмот“ (1920) и други.

Надворешни врски[уреди]

Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДимитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Димитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I Coat of Arms of Moscow.svg
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II Romanov Flag.svg
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов Flag of the Soviet Union.svg
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Димитриј Медведев • Владимир Путин Flag of Russia.svg