Џанлујџи Буфон
Gianluigi Buffon
 |
| Лични податоци |
| Роден на |
28 јануари 1978 (1978-01-28) (34 г.) |
| Роден во |
Карара, Италија |
| Висина |
1,91 m (6 ft 3 in) |
| Положба |
Голман |
| Клупски податоци |
| Сегашен клуб |
Јувентус |
| Број |
1 |
| Младинска кариера |
|
Парма |
| Кариера* |
| Години |
Клуб |
Apps† |
(Gls)† |
| 1995–2001 |
Парма |
168 |
(0) |
| 2001– |
Јувентус |
304 |
(0) |
| Национален тим ‡ |
| 1995-1997 |
Италија 21 |
11 |
(0) |
| 1997- |
Италија |
112 |
(0) |
* Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 21 септември 2011.
† Appearances (Goals).
‡ National team caps and goals correct as of 6 септември 2011 |
Џианлујџи Буфон (итал. Gianluigi Buffon, 28 јануари 1978 во Карара, Италија), италијански фудбалер, голман на Јувентус и на италијанската репрезентација. Во 2001 Јувентус го купува од Парма за 48,5 милиони евра со што станува најскап голман во светот.[се бара извор]
Кариерата ја почнува во клубот Парма во 1995 година. Бил член на италијанската олимписка репрезентација во 1996 на Олимписките игри во Аталанта. Првиот професионален натпревар го одигра во Серија А против Милан. По одличните настапи во дресот на Парма добил повик за настап во репрезентацијата, повикан е да го замени одличниот Паљука во квалификациите за Светското првенство во фудбал 1998 година против Русија во Москва. Бил повикан и на финалниот турнир за Светското првенство, но не одигра ниту еден натпревар. Кога и помогна на Италија во квалификациите за Европското првенство 2000. 2001 преминува од Парма во Јувентус за 48.5 милиони евра, со што станува најскап голман во светот, а тој износ и до ден денеска не е надминат. Играл на Светското првентсво 2002 година.
Во 2003 година УЕФА го прогласува за најкорисен играч и најдобар голман.[се бара извор] Во 2004 Пеле го смести меѓу 125 најдобри играчи. Истата година игра на Европското првенство во Португалија. На Светското првенство 2006 година прима само 2 гола (еден е автогол на Ѕакардо, а вториот од пенал од Зидан во финалето). Буфон го сочува својот гол 453 минути, што го пласира на петто место на несовладливи голамни на сите СП. На тоа првенство Италија ја освојува титулата Светски првак. ФИФА повторно го прогласува за најдобар голман во 2006.