Хенри VIII

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хенри VIII
Крал на Англија; Лорд на Ирска (повеќе...)
Портрет од Ханс Холбајн Помладиот
Портрет од Ханс Холбајн Помладиот
Владеел(а) 21 април 150928 јануари 1547
Крунисување 24 јуни 1509
Претходник Хенри VII
Наследник Едвард VI
Consort Катерина Арагонска
омж. 1509, пон. 1533

Ана Боленска
омж. 1533, пон. 1536
Џејн Симор
омж. 1536, † 1537
Ана Клевска
омж. 1540, пон. 1540
Катерина Хавард
омж. 1540, † 1542
Катерина Пар
омж. 1543

Деца
Мери I
Хенри ФицРој
Елизабета I
Едвард VI
Титули
НВ Кралот
Прицот од Велс
Војвода од Јорк
Принц Хенри
Династија Тјудори
Татко Хенри VII
Мајка Елизабета Јоршка
Роден(а) 28 јуни 1491
Плацентија, Гринич
Умрел(а) 28 јануари 1547
Вајтхолска палата, Лондон
Погребан(а) Капела Св. Ѓорѓија, Виндзорски замок

Хенри VIII (англ. Henry VIII; 28 јуни 1491 - 28 јануари 1547) — крал на Англија и лорд на Ирска, подоцна и крал на Ирска од 22 април 1509 па сè до неговата смрт. Бил вториот монарх од династијата Тјудори, наследувајќи го својот татко Хенри VII. Познат по тоа што се женел шест пати. Тој ја имал можеби најголемата моќ на било кој англиски монарх и го донел актот за распуштање на манастирите и ја создал заедницата помеѓу Англија и Велс.

Хенри VIII бил трето дете на Хенри VII и на Елизабета Јоршка. Неговиот постар брат Артур, принцот од Велс, починал во 1502, со што Хенри станал престолонаследник.

Хенри VIII е познат и по своите законодавни дела во државата, вклучувајќи ги и актите според кои Англиканската црква се одделува од Римската, а кралот ја добива титулата Врховен управник на Англиканската Црква.

Хенри VIII е познат по тоа што бил страстен и добар коцкар. Во својата младост обожавал да спортува, а најомилени спортови му биле тенис, лов како и витешките дуели. Тој исто така бил успешен поет, музичар и писател; едно од неговите најпознати дела е „Разонода со добро друштво“ (Pastime with good company). Хенри VIII бил вклучен во изградбата и уредувањето на неколку позанти објекти меѓу кои се Вестминсертската капела во Лондон, Кралевата универзитетска капела во Камбриџ и палатата Нонсач. Многу од објектите кои Хенри ги обновил и изградил подоцна биле конфскувани од кардиналот Томас Вулзи како на пр. Христовата црква од Оксфорд, Хемптонскиот Двор, Вајтхолска палата како и Колеџот на Тројството од Кембриџ.

Ран живот и прв брак[уреди]

Осумнаесет годишниот Хенри VIII на неговото крунисување 1509.

Роден во палатат Плацентиа во Гринич, како трето дете на Хенри VII и неговата сопруга кралицата Елизабета Јоршка. Само три од Хенриевите шест браќа и сестри го преживеале детството, Артур (принцот од Велс), Маргарита и Мери. 1493г. Хенри бил поставен за управник на замокот Довер, како и лорд чувар на Лондонските порти. Следната 1494г. му била доделена титулата војвода на Јорк. Потоа му биле доделени и титулите лорд маршал како и лорд на Ирска. На Хенри му биле доделени најдобрите учители во Англија, со што Хенри благодарејќи им на нив знаел течно да општи на латинским, француски и шпански. На почетокот се верувало дека Хенри ќе ја продолжи својата кариера во црквата на некоја висока позиција, додела постариот син Артур бил припреман за владетелската улога. Сепак во 1502г. Артур ненајдено умрел, а на Хенри му припаднале сите должности од покојниот му брат, со што станал принц на Велс, односно престолонаследник. Таткото на Хенри сакал да го обнови сојузот со Шпанија, па така планирал Хенри да го замени местото на Артур во бракот со Катерина Арагонска, најмладото преживеано дете на кралот Фердинанд II од Кастиља и кралицата Изабела I од Арагорн.

Со намера да се оствари бракот, било потребно одобрение од папата. Меѓутоа Катерина се заколнала дека нејзиниот прв брак никогаш не ни бил конзумиран (немала сексуални односи со Артур), па според тоа одобрението од папата не било неопходно по тоа прашање. Сепак двете страни се договориле дека папското одобрение би било потребно за да се отсранат секакви сомнежи за легалноста на бракот. Папата го одобрил бракот во форма на папска була, со што четиринаесет месеци по смртта на нејзиниот млад сопруг, Катерина била верена за неговиот помлад брат, кој сега бил престолонаследник на англиската круна. Меѓутоа до 1505г. кралот го загубил интересто за сојуз со Шпанија, па Хенри подоцна ќе тврди дека свршувачката со Катерина било без негово одобрение.Понатамошното политичко маневрирање со свршувачката продолжил се до смртта на кралот во 1509г. На седумнаесет годишна возраст Хенри VIII се оженил со вдовицата на својот брат, Катерина на 11 јуни 1509, а на 24 јуни 1509 двајцата биле крунисани во Вестминстерската капелата.

Црковниот пресврт и бракот со Ана Боленска[уреди]

До 1525г. трпението на кралот кон Катерина во врска со (според него), неможноста на кралицата да роди машки наследник било на граница. Меѓутоа кралот добил потик кога ја запазил убавата дворска дама која била во служба на кралицата, Ана Боленска. Кралот му наредил на кардиналот Вулзи да преговара со Рим за да му дадат одобрение за поништување на неговиот брак со Катерина, врз основа на сомневање дека нејзиниот брак со Артур навистина бил конзумиран. Кралевиот секретар Вилијам Најт, отишол во Рим да лобира за поништување на бракот кај папата Клемент VII, меѓутоа папата не се осмелувал да ги задоволи барањата на англискиот крал, поради силното влијание на роднина на Катерина, императорот Карло V, кој веќе го имал опљачкано градот Рим, а папата бил затворен во Ватикан. Сите обиди на кардиналот Вулзи биле неплодни, згора непријателствата на Катерина, придонеле за неговиот пад, кога во 1529г. Хенри го разрешил кардиналот од неговата должност лорд канцелар и на негово место го поставил сер Томас Мор, за кој се сметало дека има уште помалку шанси за остварување на кралевата цел, делумно и поради неговата лојалност кон Рим.

Во исто време Хенри открил и унапредил двајца млади свештеници со различни карактери, а тоа биле Томас Кромвел и Томас Кранмер. Кранмер бил тој што прв му предложил на кралот дека треба да се консултира со теолошките факултети на континенталните универзитети, во врска со валидноста на неговиот брак. Проектот во кој се вклучувало подмитувања на видни лица ги дал очекуваните резултати и бил презентиран со позитивни мислења пред англискиот парламент во 1530г. Кранмеровата подршка на кралот, била наградена со неговото поставување на амбасадорската позиција на дворот на Светата Германска Римска Империја, а подоцна бил назначен како надбискуп на Кентербери на местото на Вилијам Вворем. Кромвел во меѓувреме бил поставен за главен советник на кралот, кој одел до таму што му предлагал на кралот да размисли за укинување на папската врховност во Англија и да самиот тој да се постави на позицијата Врховен управник на црквата во Англија. Двајцата Кромвел и Кранмер биле подржувани од Ана Боленска, која делела симпатија со протестанската доктрина која се ширела во Европа. Додека сите обиди на папата Клемент VII пропаднале во неговата намера да го одврати кралот на Англија, Хенри ја искористил шанслата и тајно се оженил со Ана Боленска во јануари 1533г. додела бргу потоа со помош на неговите симпатизери во парламентот успеал да го протне статуто со кој се забранувало понатамошното мешање на папата во внатрешната ситуација на Англија. Надбискупот Кранмер веднаш го признал бракот на Хенри со Ана Боленска за важечки, а тој со Катерина за неважечки. Ана била крунисана за кралица на Англија на 1 јуни, а три месеци подоцна родила женско дете, Елизабета, која подоцна ќе стане Елизабета I.

Папата реагирал така што го ескомуницирал Хенри VIII во јули 1533г. (историчарите неможат да го утврдат точниот датум на ескомуникацијата на кралот, според Винстон Черчил и неговата History of the English speaking people, тврди дека булата всушност била бланко документ кој бил официјално одобрен и пополнет подоцна во 1535г. Други мислења образложуваат дека Хенри не бил официјално ескомунициран се до 1538г. од страна на папата Павле III, братот на кардиналот Френклин де ла Томас). По ова следело религиски пресврт. Под покровителството на Кромвел, парламентот донел неколку статути пролетта 1354г. според кои се ограничувала улогата на Рим во работата на англиканската црква. Статутот за совладување на барањата ги забранувал црковните барања да бидат проследени и разгледувани од папата. Ја спречувало црквата да прави и спроведува било какви одлуки без согласност на кралот. Актот за црковни должности од 1534г. налагало свештенството да бира бискупи кои би биле предлагани од соверенот. Актот за супрематија од 1534г. го прогласил кралот за „единствен управник на Земјата на англиканската црква“, додека пак актот за предавство од истата година, налагал обвинение за велеиздаја со смртна казна за непризнавањето на кралот за неговото право кон црквата. На папата му биле ускратени сите приходи и даноци од англиската црква.

Домашната опозицијата кон Хенриевата црковна политика била бргу осуетена. Значителен број на прогонетите монаси биле мачени и погубени. Највидните опозиционери биле Џон Фишер, бискупот на Рочестер и Томас Мор бившиот лорд канцелар, кои одбиле да положат заклетва за лојалност, со што биле обвинети за велеиздаја и како што налагал законот биле погубени во Тајбурн во 1535г. Томас Кромвел поради кого била основана позицијата заменика на кралот во црквата (заменик во духовноста), бил овластен да врши обиколка на манастирите со цел да се увери дека инструкциите на кралот се следат и почитуваат. Но неговата вистинска улога била да ги запленува богатствата на манастирите. Неговите комисери за потчинување меѓу кои биле Лавтон, Полард и Мојле се покажале како крволочни убијци, а вистински пример за ѕверствата на потчинувањето било убиството на опатот Ричард Вајтинг. Овие опресии со време поттикнале на поголем отор помеѓу англискиот народ, за да на крај прераснат во големи бунтови како тој од ноември истата година во северна Англија. Аџиството за милост како што било наречен бунтот, бил задушен така што Хенри се согласил на амнестија за сите учесници во востанието, притоа заблагодарувајќи се на тоа што му го привлекле вниманието за нивната мака и потоа прифатил да го прими водачот Роберт Аске на кралски банкет. На банкетот Хенри тактички го замолил Роберт да му напише што се се променило со новите закони, за да би можел поуспешно да го реши проблемот. Роберт не сомневајќи се го направил тоа што се барало од него, несвесен дека фактички самиот си ја ставил омчата на врат, запишувајќи ги своите дела кои подоцна ќе бидат употребени како признание. Кралевиот збор бил непрокосновен и немало никаков сомнеж во него (бидејќи официјално се сметало дека кралот е одбран од Бога па спорд тоа тој му одговарал само на нему), па така Аске ги распуштил востаниците кои се разотишле по нивните домови. Меѓутоа Хенри на воставниците гледал како на државни предавници, па според тоа не се чувствувал должен да го почитува својот збор. Востаниците увиделе дека кралот немал намера да го почитува дадениот збор, па се побуниле повторно истата година, но нивната сила не била толку голема како што била на почетокот и набргу биле совладани и востанието било задушено. Водачите вклучувајки го и Аске биле уапсени и погубени поради велеиздаја. Укинувањето на преостанатите поголеми манастири продолжило понатаму со актот на парламентот од април 1539г.

Погубувањето на неговата втора жена Ана Боленска[уреди]

Иако многу помогнала во радикалните црковни промени во државата, сепак односот со кралот бргу се влошил. После раѓањето на принцезата Елизабета, кралицата Ана имала најмалку два неуспешни бременства, кои завршиле или со предвремено раѓање или отфрлање на плодот, со што старите фрустрации на кралот кој ги имал проживеано со Катерина во врска со неможноста на добувањето на машки наследник, сега повторно се вратиле да го гонат. Решен да го добие машкиот наследник, а можеби и бил потикнат од Томас Кромвел, дал да се обвини Ана за употрева на вештерство, како би го намамила кралот да се ожени за неа, потоа за љубовни афери со петорица мажи, вклучувајќи го и обвинението за инцест со нејзиниот брат Џорџ Болејн висконтот на Рошфорд, за повреда на кралот како и за завера за убиство на кралот, со што ова последното и го донело статусот на велеиздајник. Обвиненијата најверојатно се измислени. Судот кој судел за случајот бил воден од вујкото на Ана, Томас Хавард, третиот војвода од Норфолк. Во мај 1536г. судот ја осудил Ана и нејзиниот брат за виновни и им доделиле казна одрубување на главата или горење на клада, како било по вољата на кралот. Ана и нејзиниот брат Џорџ биле погубени со отсекување на главата. На нејзината последна причест кралицата се заколнала пред свештеник дека била невина и тоа во присуство на сведоци (со оглед на големата религиозност на луѓето во XVI век, тоа би претставувал скоро сигурен доказ за невиноста на кралицата).

Раѓањето на принцот и смртта на неговата трета жена, кралицата Џејн[уреди]

Само еден ден по погубувањето на Ана Боленска, Хенри се свршил со Џејн Симор, а за 10 дена и се венчале. Џејн била една од придружничките на погубената кралица, дворска дама на која кралот фрлил око. Актот за наследство од 1536г. налагал децата на Џејн да бидат следните по ред за наследството на престолот, со што лејди Мери и лејди Елизабета биле прогласени за нелегитимни деца и биле ислкучени од нивното право на престолот. Кралот во секое време можел да одлучува за тоа кој би можел да биде легитимен наследник. Кралицата Џејн му родила син, тоа бил принцот Едвард, подоцна ќе стане Едвард VI, но наредната 1537 Џејн починала во Гриничката палатата на 24 октомври од треска, оставајќи го Хенри да заедно со целиот двор жалат по неа. Кралот ја чувствувал Џејн како неговата вистинска кралица бидејќи му го родила толку посакуваниот машки наследник.

Законодавните реформи во кралството[уреди]

Сребрена кралска монета на Хенри VIII, искована ц.1540. Позадината ги насликува грбовите на Франција и Англија

Во исто време кога Хенри VIII се венчал со Џејн Симор, го донел Велшкиот законик со кој легално го анексирал Велс кон Англија со што создал една обединета нација. Актот предвидувал официјална употреба на англискиот јазик во сите државни институции , што претставувало мал проблем за мнозинството велшко население кое општело на својот мајчин јазик.

Хенри во 1537 барал од надбискупот Кентерберси да му ја предаде палтата Отфорд, која во тоа време била на располагање на англиканската црква. Подоцна во 1540г. Хенри ги санкционирал уништувањата на римо-католичките светилишта и на моштите на нивните светци. До крајот на 1542г. сите манастири во кралството биле распуштени, а нивниот имот му припаднал на кралот. Како награда за својата улога, на Томас Кромвел му била доделна титулата ерл на Есекс. Ниското свештенство ги загубило своите претставнички места во Горниот Дом, со што сега само надбискупот со бискупите го сочинувале претставничкото тело.

Љубовниците[уреди]

Денес историчарите се сигурни за само две од неговите љубовници, а тоа се Елизабет Блунт и Мери Болејн (сестрата на Ана). Елизабет Блунт му го родила вонбрачниот син Хенри Фитцрој, кој никогаш не стапнал на престолот. Во 1533г. се оженил со Мери Хавард од Норфолк Хавардс, но по само три години починал не оставајќи наследник, токму во моментот кога неговиот татко кралот Хенри се обидувал да протурка закон во парламентот со што би му се признало правото на англискиот престол.

Иновативниот двор[уреди]

Хенри VIII бил особено ренесансен човек и неговиот двор бил центар на научни и уметнички иновации. Откривањето на континентот Америка или т.н. Нов Свет, му дало нови идеи на Хенри. Во тоа време го вработил на својот двор добро познатиот Вилијам Сомерс, кој бил дворска луда и единствениот кој и во најтешките моменти знаел да го развесели кралот. За Хенри се знае дека бил еден од првите европски владетели кој го интересирала вистинската географија на светот. Во 1507г. дошло до револуционарно откритите во картографијата од страна на Мартин Валдсемулер (Universalis Cosmographia) и Матиас Рингман, кои на своите карти правеле разлика од другите светски карти на тоа врем, така што Америка ја претставиле како посебен континент одвоен од Европа со Антланскиот океан. Промената создала атмосфера на истражувања во уметноста и науката, што Хенри сесрдно ги прифатил.

Подоцнежните години[уреди]

На Хенри му била покажана сликава од Ана од Кливс

Хенри посакал повторно да се ожени, во надеж дека ќе добие повеќе машки наследници, со што би го осигурал престолот за неговата династија. Томас Кромвел сега веќе првиот ерл од Есекс, ја предложил Ана, сестрата на протестанскиот војвода од Кливс, кој бил сметан како важен сојузник во случај на католички напад на Англија. Ханс Холбајн Помладиот бил испратен во Германија во Кливс, да нацрта портрет на Ана, за кралот. Иако се шпекулирало дека портретот бил насликан во поубава нота, малку е веројатно дека бил непрецизен, а доказ за тоа е што сликарот и понатаму останал во дворска служба. Со убавиот портрет на Ана, а и потикнат од пристојните комплинменти за ставата и убавината на Ана од страна на нејзините придружнички, Хенри решил да се ожени. Меѓутоа кога Ана дошла во Англија, Хенри се разочарал од неа и изјавил дека воопшто не му се допаѓа, а во приватност дури ја викал „Големата Мери“. Сепак немал друг избор и ја оженил на 6 јануари 1540г.

Хенри сакал да го прекине бракот, не само поради неговите лични чувства, туку и од политички причини. Војводата од Кливс влегол во змрсена кавга со Светиот Римски император, додека пак Хенри немал никаква намера да се впушта во авантурата на страната на својот сојузник. Кралицата Ана била доволно интелигентна да не го одбива Хенри, па се согласила на прекинување на бракот. Посведочила дека нејзиниот брак никогаш не ни бил конзумиран. Хенри се задоволувал со тоа што едвај ја бакнувал во челотот секоја вечер пред спиење. Бракот бил прекинат врз основа на тоа што Ана претходно била верена за некој друг европски благородник. Ја добила титулата Кралева сестра и и бил даден замокот Хевер како одштета, кој претставувал поранешна резиденција на фамилијата на Ана Боленска. Во меѓувреме ерлот од Есекс паднал во немилот кај кралот поради неговата улога во овој катастрофален брак, со што бил притворен а подоцна и погубен. Положбата заменик во духовноста која специјално била создадена само за него, останала непополнета.

На 28 јули 1540г. на истиот ден кога лордот Есекс бил погубен, кралот се оженил со Катерина Хавард, која била прва братучетка на Ана Боленска. Хенри бил просто воодушевен од својата нова кралица. Меѓутоа набргу по венчавката, кралицата се нашла во афера со еден од дворјаните, а тоа бил Томас Колпепер. Таа го вработила Францис Дерам, кој претходно бил во афера со кралицата, пред таа да се омажи за Хенри, како нејзин секретар.Томас Кранмер кој бил во завада со моќната католичка фамилија Хавард, изнел докази пред кралот за постапките на кралицата. Иако кралот на почетокот одбил да верува во доказите, сепак му одобрил на Кранмер да изврши истрага, која на крај се завршила со потполно разоткривање на кралицата. На нејзиното испрашување кралицата го обвинила Дерам дека ја присилил да стапат во недолична врска. Но се што кралицата требала да направи е да посведочи дека таа претходно била верена за Дерам со што нејзиниот брак со Хенри би бил прогласен за неважечки. Сепак како одговор на обвинувањата на кралицата, Дерам ја компромитирал нејзината врска со Томас Колпепер.

Бракот на Катерина бил прекинат пред нејзиното погубување. Како што бил и случајот со Ана Боленска, така и Катерина технички гледано неможела да биде обвинета за прељубништво, бидејќи бракот со кралот уште од почетокот бил неважечки. Но повторно овој податок бил игнориран и Катерина била погубена на 13 февруари 1542г. Во моментот на нејзиното погубување, Катерина имала само осумнаесет години.

Хенри во 1543г. се оженил со својата шеста и последна сопруга, богатата вдовица Катерина Пар. Таа пак постојано се расправала со Хенри по религиозни прашања, Катерина била радикална во своите религиозни погледи (пуританка), додека пак кралот останал конзервативен. Нејзиното однесување замалку ќе ја чинело нејзиниот живот, но на крајот покажала послушост и попуштила. Таа му помогнала на Хенри да се помири со своите ќерќи лејди Мери и Елизабета. Актот на парламентот од 1544г. повторно им го вратило нивното право на престолот веднаш после младиот принц Едвард, иако за нив сѐ уште се верувало дека биле нелегитимни. Актот му давал за право на Хенри да го менува законот за наследството на престолот, нему по воља.

Ретроспективата за судбината на Хенриевите сопруги би бил: „разведена, погубена, почината, разведена, погубена и преживеана“. Алтернативна верзија би била: „Кралот Хенри VIII и шестте сопруги: една почината, една преживеала, две разведени и две погубени“.( или посочно, „Две погубени, една починала, две разведени и една преживеана“).Меѓутоа од правна гледна точка, би можело поинаку да се гледа на работата. Прво, Хенри никогаш не се развел од ниедна од неговите сопруги, поточно е тоа што бракот со нив веќе бил поништен. Второ четири брака, а не два завршиле со поништување (односно биле прогласени за нелегитимни). Браковите со Ана Боленска како и со Катерина Хавард биле прогласени за неважечки пред тие да бидат погубени, а иако пак бракот на Ана од Кливс бил прогласен за неважечки сепак таа го надживеала Хенри, баш како и неговата последна сопруга, Катерина Пар.

Суровоста како и тиранското однесување на Хенри се повеќе станувало вообичаено, со текот на времето, а за тоа допринело и неговото лошо здравје. Неговата крволочна серија на политички егзекуции се верува дека отпочнала со таа на Едмунд де ла Пол, војводата од Сафолк во 1513 и траела се до Хенри ерлот на Суреи во 1547г. Според некои проценки бројот на егзекуциите за време на ова владеење бил околу 72.000.

Хенри VIII ја отпочнал англиската реформација, кој претставувал процес на елиминација на приматот на папската црковна власт во Англија, кој пак бил заменет со кралската супрематија и со институцијата Англиканска црква која била надвор од влијанието на Римската католичка црква и била ставена под врховна управа на англиските монарси. Англиската реформација претставувала повеќе политичко прашање, неголи теолошка расправа која се прикажувала како главен проблем. Раскинот на Англија со Рим настанал за време на владеењето на Хенри VIII, па затоа понекогаш реформацијата се нарекува уште и Хенриева реформација. Всушност Хенри не донел некои револуционерни теолошки идеи, туку тој само сакал да ја осамостои англиската црква. Во 1521г. го бранел Мартин Лутер од нападите на папството за ерес, во книгата што тој ја напишал, а се вика „Одбраната на седумте мошти“. Единствено кон католичката црква Хенри се однесувал непријателски поради неговата желба да воспостави независна англиска црква. Постапките на Хенри имале широк одек во Европа, бидејќи неговата црква со своите постапки и влијанија била за пример во другите земји кои сакале да воспостават своја црква, независна од Рим.

Бродот „Мериевата Роза“[уреди]

„Мериевата Роза“ бил еден од многуте воени бродови кои пловеле во времето на владеењето на Хенри, само што овој брод му бил најомилен на кралот. Името му било дадено во чест на сестрата на Хенри, Мери во комбинација со грбот на династијата Тјудори. Изградбата на бродот траело цела година, во бродоградилиштето на Портсмут, Англија. Бродот претставувал еден од првите вистински наменети воени бродови кои пловеле под знамето на англиската морнарица. Се претпоставува дека бродот бил потопен за време на борбите со француската морнарица кај Солент на 19 јули 1545г.

Смртта и наследството на престолот[уреди]

Кралот Хенри VIII починал во палатата во Витехал во 1547

Во својот подоцнежен живот Хенри значително се здебелил, со што неговиот стомак мерел дури 137cm и можно е дека боледувал од гнојна рана на ногата. Добро познатата теорија дека боледувал од сифилис се појавила 100 години после неговата смртт, додека пак со најновите истражувања и знаења за болеста, се претпоставува дека не само тој, туку дека и неговите деца, ЕдвардVI, Мери I и Елизабета I, сите боледувале од истата болест. Второстепена најнова теројија излага дека сиптомите на Хенри како и неговата постара сестра Маргарита Тјудор сугерираат дека боледувале од дијабетис од втор тип. Хенриевата зголемена маса датира од времето на неговата повреда за време на витешки турнир во 1536г. Тогаш заработил мала рана која не само што му ја намалила физичката активност, туку со тек на време се загноила, за да на крај индиректно влијае на неговата смрт, која се случила на 28 јануари 1547г. но палатата во Витехал. Починал на датумот на кој би се навршиле 90 години животот на неговиот татко. Хенри бил погребан во капелата Св. Ѓорѓија во Виндзорскиот замок, веднаш до неговата трета сопруга, Џејн Симор. Нешто повеќе од една деценија трите негови деца седела на престолот, но без свои потомци.

Според актот за наследството на престолот, негвоиот единствен преживеан легитимен син Едвард, ја наследил круната со што станала кралот Едвард VI. Тој бил првиот протестански монарх кој владеел со Англија. Бидејќи тогаш Едвард имал само девет години, тој не можел во потполност да владее. Според тестаментот на Хенри VIII, бил составен совет на регенството, во кој биле назначени 16 великодостојници кои би владееле во името на Едвард се до неговиот 18 роденден (неговото полнолетство). Советниците пак го избрале Едвард Симор, Прв Ерл од Хартфорд, постариот брат на Џејн Симор за лорд заштитник на кралството. Во недостиг на наследници на престолот, круната со право би им припаднала на ќерќите на Хенри VIII, а прва би била Мери и нејзините потомци, потоа Елизабета и нејзините потомци, а доколку и ова не би било доволно тогаш правото на англискиот престол би им припаднал на потомците на помалата, покојната сестра на Хенри VIII, Мери Тјудор војвотката од Сафолк. Потомоците на постарата сестра на Хенри, Маргарита Тјудор (шкотската кралска линија) според ова би биле исклучени од правото на круната.

Наследството на Хенри VIII[уреди]

Било кој чин или постапка на Хенри не би можеле да ја засенат англиската реформација. Преку главно мотивирано од династички и лични проблеми и покрај тоа што во суштина никогаш не се одалечил од сржта на христијанската вера, Хенри се потрудил еден од неговите најголеми чинови за време на неговото владеење да воедно биде и најконтроверзниот и најодлучниот чин на било кој англиски монарх. Неговиот раскин со Рим во 1533/4г. бил чин кој повлекол огромни последици и многу влијаел на понатамошниот тек на англиската историја и кој продолжил и по тјудорскиот период во државата. Со тоа што направил да биде можна трансформацијата на Англија во засебно и одвоено протестанско општество, туку овозможил и понатамошни трансформации во сферата на економијата и политиката од црквата кон благородништвото и тоа главно преку укинувањето на манстирите и нивните права и богатства (краткорочен чин со долгорочни општествени последици). Одлуката на Хенри да го довери владеењето на неговиот син Едвард на превртливиот совет на чело со Едвард Симор (веројатно тактичка одлука на советот бидејќи се чинело за помалку веројатно дека тој би можел да се здобие со силна лидерска позиција во државата), би можела да се протолкува како осигурување дека реформацијата ќе продолжи и за време на владеењето на младиот крал. Вакви слични иронии се препознаваат и во другите аспекти од неговото наследство. Тој бил патрон на хуманистичките учења, но сепак тој самиот бил главниот одговорен за смрта на десетина хуманисти. Опседнат со тоа да ја осигура својата династија, тој оставил само еден легитимен наследник (кој починал пред својот шеснаесети роденден) и две ќерќи кои биле посветени на нивните спротивставени меѓу нив религии. Моќта на државата се зголемила, (барем после смрта на Хенри) а сепак се појавиле одредени барања за поголемо учество на средната класа во државните афери. Хенри со големи маки се трудел да ја претстави Англија како важен фактор на европската политичка сцена, но во тој процес целосно ја оптоварил финансиски државата, процес кој продолжил и бил главен проблем во текот на тјудоровиот период воАнглија.

Заедно со Алфред Велики и Чарлс II, Хенри VIII се смета за еден од основачите на Кралската морнарица. Постојат неколку добри причини за тоа, врпочем за време на неговото владеење се случиле неколку поморски битки и што е уште поважно големи кралски инвестиции во бродоградителството (вклучувајќи и неколку спектакуларни бродови од типот на. „Мериевата Роза“), потоа во бродогратилиштвата (како на пр. во Портсмут) и во поморските иновации (употребата на топови на бродовите иако стрелците и понатаму се користеле по средновековниот стил на војување). Меѓутоа овие напори се недоволни во смисла на организирање на „морнарица“ во вистинска смисла на зборот со централизирана структура, со чинови и тн. туку неговата морнарица била склоп на повеќе бродови (од кои само неколку биле спектакуларни). Елизабета I ја одбила шпанската армада со помош на собрани приватни бродови (кои ги имало околу 130 воени и трансформирани трговечки), со што дури во седумнаесетиот век ќе дојде до создавањето на кралската морнарица во вистинска смисла на зборот, како последица на големото Англо-холандско поморско ривалство.

Раскинот на Хенри со Рим, акумулирало голема закана од француска или шпанска инвазија. За да ја одбрани државата од тоа, Хенри дал да се прошири постоечката крајбрежна заштита со додатни утврдувања (еден од тие замоци е и тој од Довер, Моат Булварк и Арчклиф утвда каде Хенри лично бил на посета за да би ја надгледувал изградбата). Изградил додатен синџир на замоци (всушност големи бастиони со артилериски екипаж) долж јужното крајбрежје на Англија од Кромвел па се до Источна Англиа, а за сето тоа било воглавном користен материјалот запленет од укинатите манастири. Повеќето од замоците биле замислени лично од кралот Хенри VIII. Единственото парче облека кое му припаѓало на кралот, а кое е зачувамо до денес е неговата свечена капа за крунисувањето, која му била доделена како награда на градоначалникот на Ватерфорд, заедно со мечот во 1536г. Моментално парчињата се наоѓаат во музејот Ватерфорд.

Предците[уреди]

Предците на Хенри VIII до третата генерација
Хенри VIII Татко:
Хенри VII
Дедо од таткова страна:
Едмунд Тјудор, првиот ерл од Ричмонд
Прадедо од таткова страна:
Овен Тјудор
Прабаба од таткова страна:
Катерин Валоа
Баба од таткова страна:
Лејди Маргарита Бјуфорт
Прадедо од таткова страна:
Џон Бјуфорт, првиот војвода од Сомерсет
Прабаба од таткова страна:
Маргарита Бјучамп од Блетсо
Мајка:
Елизабета Јоршка
Дедо од мајчина страна:
Едвард IV
Прадедо од мајчина страна:
Ричард Плантагенет, третиот војвода од Јорк
Прабаба од мајчина страна:
Сесили Невил
Баба од мајчина страна:
Елизабета Вудвајл
Прадедо од мајчина страна:
Ричард Вудвајл, првиот ерл Риверс
Прабаба од мајчина страна:
Жакуета од Луксембург


Литература[уреди]

Романи[уреди]

  • J S Brewer; Robert Henry Brodie; James Gairdner. Letters and papers, foreign and domestic, of the reign of Henry VIII, preserved in the Public Record Office, the British Museum, and elsewhere. 1965 2d ed. (TannerRitchie Publishing)
  • Childs, Jessie. Henry VIII's Last Victim: The Life and Times of Henry Howard, Earl of Surrey. London: Jonathan Cape, 2006 (hardback, ISBN 0-224-06325-1).
  • Luther Martin. Luther's Correspondence and Other Contemporary Letters, 2 vols., tr.and ed. by Preserved Smith, Charles Michael Jacobs, The Lutheran Publication Society, Philadelphia, Pa. 1913, 1918. vol. 1 (1507–1521) and vol. 2 (1521–1530) from Google Books. Reprint of Vol.1, Wipf & Stock Publishers (March 2006). ISBN 1-59752-601-0
  • Wagner, John A. "Bosworth Field to Bloody Mary: An Encyclopedia of the Early Tudors." Greenwood, 2003.
  • Weir, Alison. Henry VIII: The King and His Court. Ballantine Books, 2001.
  • Williams, Neville. Henry VIII and His Court. Macmillan, 1971.

Надворешни врски[уреди]


Хенри VIII
Роден(а): 28 јуни 1491 Починал(а): 28 јануари 1547
Владејачки титули
Претходник
Хенри VII
Крал на Англија
22 април 150928 јануари 1547
Наследник
Едвард VI
Лорд на Ирска
15091541
Прогласен за крал
од страна на Ирскиот парламент
Незаземено
Title last held by
Едвард Бус
Крал на Ирска
15411547
Наследник
Едвард VI
Англиско перство
Војвода од Јорк
14941509
Кралска крв
Претходник
Артур
Принц од Велс
1502–1509
Незаземено
Следен носител на титулата
Едвард VI
Претходник
Сер Вилијам Скот
Лорд чувар на Петте Пристаништа
14931509
Наследник
Сер Едвард Појнинг