Едвард IV
| Едвард IV | |
|---|---|
|
(прв пат) |
|
| Владеење | 4 март1461 – 3 октомври 1470 (9 години, 182 дена)[1] |
| Крунисување | 28 јуни 1461 |
| Претходник | Хенри VI |
| Наследник | Хенри VI |
|
(втор пат) |
|
| Владеење | 11 април 1471 – 9 април 1483 (11 години, 363 дена) |
| Претходник | Хенри VI |
| Наследник | Едвард V |
| Сопруг | Елизабета Вудвилска |
| Потомци | |
| Елизабета Марија Сесилја Едвард V Ричард Ана Катерина Бриџет |
|
| Династија | Династија Јорк |
| Татко | Ричард Плантагенетски, трет војвода од Јорк |
| Мајка | Сесилја Невил |
| Раѓање | 28 април 1442 Руен, Нормандија |
| Смрт | 9 април 1483 (возраст: 40 г.) Вестминстер |
| Погреб | Капела Свети Георгиј , Виндзор |
Едвард IV (28 април 1442 – 9 април 1483) бил крал на Англија во периодот од 4 март 1461 до 9 април 1483 година, со мали прекини во периодот од 1470-1471 година, и тој е првиот крал на Англија од династија Јорк.
Содржина |
[уреди] Качување на тронот
Едвард е роден на 28 април 1442 година во Франција. Тој бил син на Ричард Плантагенетски, трет војвода од Јорк. Неговиот татко имал претензии кон англискиот трон, за кој се водела т.н. Војна на розите помеѓу династија Ланкастер и династија Јорк. Кога неговиот татко бил убиен во битката кај Вејкфилд, Едвард, како негов најголем син, ги наследил неговите претензи. Со помош на Ричард Невил, Едвард успеал да ги порази позициите на Ланкастер, и во 1461 година да се објави за крал на Англија. Во тоа време, Хенри VI и неговата сопруга биле во Северна Англија. едвард уште еднаш успеал да победи во битката кај Товтон.
[уреди] Симнување од власт
Во 1464 година Едвард се оженил со Елизабета Вудвилска, вдовица на Џон Греј, кој загинал во војната. Со помош на помалиот брат на Едвард, Џорџ, опозицијата успеала да поведе војска која би војувала против Едвард. Еден дел од кралската армија доживеала огромен пораз во битката кај Еџекот Мур, а самиот едвард бил заробен. Ворвик се обидела да владее со земјата, но наишла на голем отпор од страна на благородниците, па морала да го пушти на слобода Едвард. Кралот на тоа не одговорил, туку сакал да се помират со Ворвик и Кларенс. Но во 1470 година тие повторно организирале бунт против Едвард, но овој пат тие доживеале голем пораз и биле принудени да побегнат во Франција. Во Франција, тие дошшле во контакт со Маргарита де Анжу и се согласиле Хенри VI повторно да биде избран за крал на Англија. Така, со помош на Франција, Едвард бил принуден да го напушти престолот и да побегне. Во меѓувреме, братот на Ворвик, Џон Невил, исто така преминал на страната на Ланкастер.
[уреди] Повторно враќање
По поразот над Едвард, Хенри повторно бил избран за крал на Англија, а Едвард заминал во Бургундија. Владетели на Јорк во тоа време биле неговиот чичко Чарлс и неговата сестра Маргарите Јоркска. Во почетокот, Чарлс немал намера да му помогне на Едвард, но француските власти објавиле војна на Бургундија, па Чарлс бил принуден да ги промени своите позиции. Така, со негова помош Едвард успеал да собере определена армија и да замине кон Англија.
По враќањето на Англија, тој наишол на големи проблеми. Градот Јорк му ги застворил портите, а тој продолжил со мобилизацијата на војници. Многу бргу на негова страна се присоединил неговиот брат Кларен. Во битката кај Барнет, Едвард успеал да му нанесе пораз на Ворвик. Многу бргу по неговата смрт бил убиен и наследникот на Ланкастер, Едвард Ланкастерски. По само неколку денови Едвард се вратил во Лондон а Хенри бил убиен. На 18 февруари 1478 бил убиен и Кларенс, поради заговор.
[уреди] Управување и смрт
Останатиот дел од неговото управување било мирно, бидејќи династија Ланкастер била скоро целосно уништена а единствениот соперник останал само Хенри Тјудор, кој живеел во прогонство. Во 1475 година Едвард војувал со Франција. Во 1482 година му дал подршка на Александар Стјуартски, брат на Јаков III Шкотски, да го зазеде шкотскиот престол.
Едвард IV починал на 9 април 1483 година, а бил наследен од страна на неговиот син Едвард V.
[уреди] Наводи
- ↑ thePeerage.com - Person Page 10187. Retrieved 5-12-2009.
- Родени на 28 април 1442
- Родени во април 1442
- Родени во 1442 година
- Починати на 9 април 1483
- Починати во април 1483
- Починати во 1483 година
- Англиски монарси
- Англичани од француско потекло
- Династија Ланкастер
- Династија Валоа
- Војводи од Јорк
- Династија Јорк
- Династија Плантагенет
- Витези на Златното Руно
- Луѓе од Руен
- Луѓе од Војната на розите
- Претенденти за францускиот престол
- Европски монарси од 15 век