Кнут Велики
| Кнут Велики | |
|---|---|
|
|
|
| Владеење | 1018–1035 |
| Претходник | Harald II |
| Наследник | Хардекнут |
|
|
|
| Владеење | 1016–1035 |
| Претходник | Едмунд II |
| Наследник | Херолд |
|
|
|
| Владеење | 1028–1035 |
| Претходник | Олав II |
| Наследник | Магнус I |
|
|
|
| Владеење | 1026–1030 |
| Претходник | Анунд Јаков |
| Наследник | Анунд Јаков |
| Сопруг | Ælfgifu of Northampton Emma of Normandy |
| Потомци | |
| Свен I Харолд Брзоногиот Кнут III Ганхилда |
|
| Династија | House of Denmark |
| Татко | Sweyn Forkbeard |
| Мајка | Sigrid the Haughty |
| Раѓање | 985 – 995 Данска |
| Смрт | 12 ноември 1035 Кралство Англија |
| Погреб | Винчестерска катедрала |
Кнут Велики (дански: Knud den Store, староанглиски: Cnūt; англиски: Canute the Great) бил крал на Данска од 1018 година, крал на Англија од 1016, Норвешка од 1028 година и дел од Шведска.
Тој бил роден во 985 или 995 година, а починал на 12 ноември 1035 година. Тој бил син на Свен I[1][2][3]. Тој имал помалку од дваесет години кога неговиот татко го испратил кон поход на Англија во 1015 година. Со војска од околу 10.000 војници, многу бргу постигнал успеси, па во април 1016 година ја започнал опсадата на Лондон. По започнувањето на опсадата, кралот Едмунд II успеал да побегне од градот, но за ова дознал Кнут, па многу бргу го пресретнал и го поразил. Според договорот, целата земја требала да биде управувана од страна на двата крала, но Едмунд починал. Така, Кнут кон крајот на јануари 1017 година станал крал на Англија.
Како крал на Англија, Кнут вовел голем број на реформи. Во 1017 година ја поделил земјата на четири графства: Весекс, Мерсија, Источна Англија и Нортумбрија. Кога ја стабилизирал својата власт во Англија, тој повторно се упатил кон Данска. Во 1018 година на тронот на Данска го наследил својот брат. Поради отсуството на кралот во Данска, норвешкиот и шведскиот крал ја нападнале Данска. Улф Јарл исто така не покажал лојалност кон кралот. Тој ги наговорил на Данците за свој крал да го изберат Хардекнут. Подоцна, Јарл му помогнал на Кнут да ги порази на Швеѓаните и Норвежаните. И покрај тоа, Кнут Велики во 1026 година наредил Јарл да биде убиен.
Во 1028 година, Кнут успеал да ја освои Норвешка. Така, тој станал крал на цела Англија, Данска, Норвешка и делови на Шведска.