22 април

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Април 2014 22 април е 112-иот ден во годината според григоријанскиот календар (113-и во престапна година). Остануваат 253 денови до крајот на годината.

Настани:

1500  Португалскиот морепловец Педро Кабрал стигнал до Бразил и го прогласил за Португалски посед. Ден на откривањето на Бразил.
1920  Стапија во штрајк поштарите во Македонија. - Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија.
1964  Тангањика и Занзибар се обединиле во заедничка држава - Танзанија.
1970  Почнал да се празнува Денот на планетата земја.
2007  Ѓорѓи Трендафилов е избран за претседател на ВМРО-Народна партија

Родени:

1451  Изабела I — кралица од Кастилја и Леон (п. 1504).
1610  Александар VIII — римски папа.
1707  Хенри Филдинг — англиски писател
1724  Имануел Кант — основоположник на германската класична филозофија.
1766  Мадам де Стал — француска писателка.
1866  Ханс фон Сект — висок офицер во германската армија.
1870  Владимир Илич Ленин — организатор на Октомвриската револуција во Русија и основач на СССР.
1881  Александар Керенски — руски политичар
1884  Ото Ранк — австриски психолог (п. 1939).
1891  Никола Сако — американски анархист (п. 1927).
1899  Владимир Набоков — руски писател (п. 1977).
1904  Роберт Опенхајмер — американски физичар (п. 1967).
1916  Јехуди Мењухин — еврејско-американско-британско-швајцарски виолинист (п. 1999).
1927  Вукан Диневски — македонски актер.
1930  Георги Сталев Поповски — македонски поет.
1930  Драги Костовски — македонски артист.
1937  Џек Николсон — американски актер
1942  Џорџо Агамбен — италијански политички филозоф
1977  Марк ван Бомел — холандски фудбалер.
1979  Џон Гадре — француски велосипедист.
1981  Горан Мазнов — македонски фудбалер.
1982  Кака — бразилски фудбалер.
1987  Давид Луиз — бразилски фудбалер.
1988  Маја Никшиќ — македонска убавица.

Починале:

536  Агапит I — римски папа.
1994  Ричард Никсон — претседател на САД.
2007  Томе Арсовски — македонски писател.

Празници:

Ден на планетата Земја
Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември