Ричард I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ричард I
Richard I
Крал на Англија
На престол6 јули 1189 – 6 април 1199
Крунисување3 септември 1189
ПретходникХенри II
НаследникЈован
РегентЕлеонора Аквитанска;
Почивалиште
СопругаБеренгарија од Навара
ДинастијаДинастија Плантагенет
ТаткоХенри II
МајкаЕлеонора од Аквитанија

Ричард I (англиски: Richard I of England; француски: Richard I-er d'Angleterre; 8 септември 11576 април 1199) — крал на Англија во периодот од 1189 до 1199 година, од династијата Плантагенет. Бил син на Хенри II и Елеонора Аквитанска. Наречен е Лавовско Срце (анг. Richard the Lionheart, фр. Richard Cœur de Lion) поради неговаа смелност и водечки способности.

Во 1190 година, тргнал во Третата крстоносна војна, заедно со францускиот крал Филип II Август и германскиот цар Фридрих Барбароса. Во Светата земја пристигнал во 1191 година, но не успеал да го врати Ерусалим во христијански раце[1][2]. По неговото враќање, австрискиот цар Леополд V го заробил во близина на Виена. Од заробништво бил пуштен во 1194 година бидејќи платил сума од 100.000 нарки.

Во времето кога тој бил отсутен, неговиот брат се обидел да го зазеде престолот. По враќањето, Ричард му простил, прогласувајќи го за свој наследник. Во 1194 година тој започнал воен конфликт со Франција. Загинал во опсадата на Шелиз.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Ричард I бил син на Хенри II. Кога Хенри се разделил од својата сопруга, тој започнал да владее со војводство Аквитанија од 1168 година, како и со Поатје во 1172 година. Во 1170 година, неговиот постар брат Хенри Младиот бил крунисан за наследник на Хенри II. Ричард и неговите браќа кренале бунт против Хенри II. На двапати била нападната Аквитанија, во кои походи биле поразени двата браќа. Останал само Ричард кој сепак одбивал да се бори лично со својот татко, па во 1174 година му побарал прошка. По ова, во Аквитанија пак избиула нова побуна, овој пат насочена кон Ричард. Бунтот успеал да биде задушен.

Браќата против Ричард[уреди | уреди извор]

По оваа победа, во периодот од 1180 до 1183 година се појавиле повторно конфликти помеѓу Ричард и неговиот татко. Ричард одбивал да го признае принцот Хенри Младиот за престолонаследник на престолот. Во 1183 година, браќата на Ричард ја нападниле Аквитанија, чија цел била да го принудат Ричард кон послушност. Но Ричард, заедно со своите сили успеал да им се спротивстави на своите браќа. Заробените во битката биле погубени од страна на Ричард. Принцот Хенри Малиот починал во 1183 година, па конфликтот накратко се ставил во мирување. Следниот поголем конфликт се случил во 1186 година, кога починал уште еден брат на Ричард, Готфрид. Така, Ричард станал најстар син и со тоа станал наследник на престолот. Сепак, сѐ уште бил во конфликт со својот татко.

Во 1188 година, Хенри имал намера Аквитанија да ја предаде на својот најмлад син Јован. Главно поради ова, Ричард бил принуден да создаде сојуз со францускиот крал Филип II Август. Како замена, Ричард му гарантирал на францускиот крал дека ќе му ја отстапи Нормандија и Анжу. Освен тоа, тој дал и заклетва дека ќе стане вазал на францускиот крал и дека доколку стапи на англискиот престол, ќе организира крстоносен поход. Така, тој успеал со помош на Франција да го победи Хенри II. По овој пораз, англискиот крал бил принуден да го назначи Ричард за наследник. На 6 јули 1189 година починал Хенри II, а Ричард на англискиот престол се качил на 3 септември 1789 година.

Насилство против евреите[уреди | уреди извор]

Во времето кога Ричард I бил крунисан за крал на Англија, тој им забранил на евреите да присуствуваат на кралските церемонии. Сепак, некои евреи се појавиле во кралскиот двор. По ова во кралството се проширила веста дека кралот наредил сите евреи да бидат убиени. Така, голем дел од евреите во Лондон биле убиени. По улиците и целата земја започнал масакар врз евреите. Голем број на еврејски домови биле запалени, евреите биле насилно покрстувани или убивани. Некои од нив успеале да побегнат од островот.

Но, кога Ричард разбрал дека таквите настани ја дестабилизираат земјата, тој наредил да се казнат одговорните за масакрот. Изгласил посебен кралски декрет со кој наредил евреите да не се прогонуваат, малтретираат и слично.

Крстоносна војна[уреди | уреди извор]

Со освојувањето на Ерусалим од страна на Саладин во 1187 година, Ричард започнал да собира финансиски средства за својата главна норманска војска. За да придобие поголеми финансии, тој ги покачил даноците, распродавал кралски имоти и земји. Тој за крстоносен поход се договори заедно со [Филип II Август]. За Светата земја се упатиле во 1180 година, а Фридрих Барбароса пак отишол од друга насока.

Сицилија[уреди | уреди извор]

Во септември 1190 година тој пристигнал на Сицилија. Кралот Гулјиелмо II починал во 1189 година. Негов наследник требало да биде Констанца Сицилијанска, која била верена за германскиот цар Хенрик VI. Но, Танкред I се побунил и станал крал на Сицилија. Тој имал голема поддршка од папата и народот во земјата, но имал големи проблеми со своите роднини. Во целиот тој конфликт се вмешал и самиот Ричард. Неговата сестра, Јована, била сопруга на кралот Гулјиелмо II. Тој барал Танкред да го препушти сицилијанскиот престол на неговата сестра.

Така во Сицилија избиле нереди помеѓу месното население. Во 1190 година, населението од Месина побарале крстоносците да ја напуштат Сицилија. На тоа Ричард одговорил со освојување на Месина на 4 октомври 1190 година. По освојувањето на Месина следувале големи грабежи над населението. Тој во Месина ја поставил својата база, каде се задржал до 1191 година кога дошол до договор со Танкред. Според договорот:

  • Јована била ослободена и добила наследство
  • Ричард и Филип го признале Танкред за крал на Сицилија
  • Ричард го прогласил Артур од Бретанија за свој наследник
  • Ричард му дал меч на Танкред, за кој сметал дека е Ескалибур, мечот на Артур

На ова најмногу се спротивставил неговиот брат Јован, кој сметал дека тој ќе биде идниот крал на земјата.

Освојување на Кипар[уреди | уреди извор]

На патот кон Ерусалим, Ричард привремено се упатил кон Родос во 1191 година. Ричард својата вереница Беренгарија од Навара ја имал видено само еденаш. Мајката на Ричард ја договорила венчавката со кралот на Невара. Во времето кога Беренгарија тргнала со мајката на Ричард, кај Кипар се случил бродолом. По ова, Ричард тргнал кон Родос, но го зафатило и големо невреме.

Деспотот на Кипар, Исак Комнин го заробил целото богатство од потонетите бродови, како и идната сопруга на Ричард. Поради ова, Ричард бил принуден да го нападне Кипар. Тој на островот пристигнал на 6 мај 1191 година, заземајќи го Лимасол. Деспотот Исак Комнин од Кипар се обидел да им се спротивстави на крстоносците, но во тоа не успеал па побегнал кон Колос.

Исак Комнин се предал по обеќањето на Ричард дека дека нема да го погуби. Но договорот не го почитувал, па така Исак бил убиен, а Ричард станал господар на Кипар. Островот станал одлична база за крстоносците, бидејќи бил во непосредна близина на Светата земја. На островот, тој на 12 мај 1191 година се оѓенил со Беренгарија од Навара, а веќе следниот месец заминал за Светата земја.

Акра[уреди | уреди извор]

На Кипар, Ричард добил воена помош од страна на Ги Лизињан. Лизињан бил крал на Ерусалим, но Ерусалим бил под управа на муслиманите. Во јули 1191 година тој заедно со крстоносците ја Опсада на Акра|зазеле Акра. Тој овде дошол до конфликт со Леополд V од Австрија, па така Леополд го напуштил крстоносниот поход. многу бргу по ова тој влегол во конфликт и со Филип II Август, за прашањето околу Кипар. По ова, крстоносниот поход бил напуштен и од страна на Французите. Ричард останал сам.

Тој поседувал 2.600 заробени муслимани. Тој бил принуден Кипар да го предаде на Темпларите, а тие пак повторно го дале на Ги Лизињан. Ричард го прифатил Конрад Монфератски за крал на Ерусалим. Но многу бргу по ова, Конрад бил убиен од непознати причини. Ричард ја зазел Акра со одлична тактика, но заминувањето на францускиот крал му задало голем удар од кој крстоносците не можеле повторно да се воздигнат. Ричард бил принуден да се повлече, бидејќи знаел дека нема големи шанси за зазимање на Ерусалим. Од друга страна пак Филип и Јован започнале да ги зазимаат териториите на Ричард.

Во крајна сметка, тој со Саладин постигнал договор според кој ѕидините на Аскалон требало да бидат срушени, а на христијаните им било дозволено да влегуваат слободно во Ерусалим.

Заробништво во Австрија[уреди | уреди извор]

Лошото време го присилил на Ричард да се засолни Крф, кој бил под управа на Византија. Византискиот цар му бил лут на Ричард поради неговата анексија на Кипар, па затоа тој морал многу бргу да го напушти островот. По патот, лошото невреме придонело да неговите бродови бидат уништени. Поради тоа тој бил принуден да се вратил во Англија по копнен пат, минувајќи низ Средна Европа. Во 1192 година, тој во близина на Виена бил заробен од страна на австрискиот цар Леополд V, кој го обвинувал поради убијството на Конард.

Леополд го предал на германскиот цар Хенрик VI. Тој барал откуп од 150.000 марки, кои пари во тоа време претставувале двегодишен приход на англиската круна. Мајката на Ричард започнала да собира средства за откупот, конфлискувајќи злато, сребро, имоти, цркви и слично. Конечно, на 4 февруари 1194 година бил ослободен.

Смрт[уреди | уреди извор]

Во времето кога Ричард бил отсутен од земјата, Јован се обидел да ја зазеде власта во кралството. Сепак, кога Ричард се вратил во земјата, му простил на Јован. По враќањето во Англија, тој влегол во конфликт со францускиот крал Филип II Август. На страната на Англија застанале Фландрија, Бургона и Навара. Тој му нанел неколку порази на францускиот крал.

Тој не загинал во некоја од големите битки кои ги водел против Французите, туку во една опсада на еден дворец. Ричард немал деца, па бил наследен од страна на својот брат Јован. Но, бароните на француските територии на Англија не го прифатиле Јован за нов крал, туку неговиот внук Артур од Британија, кој бил син на неговиот брат Жофроа.

Ова подоцна дошло до распаѓање на династија Анжу.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Addison 1842, стр. 141–149.
  2. Madden,A History Of The Crusades[се бара страница]
Ричард I
Роден(а): 1157 8 септември Починал(а): 1199 6 април
Владејачки титули
Претходник
Хенри II
Крал на Англија
1189–1199
Наследник
Џон
Претходник
Хенри Младиот
Претходник
Хенри II
Војвода од Анжу
1189–1199
Наследник
Артур
Војвода на Нормандија
1189–1199
Наследник
Елеонора и Јован
Војвода од Мајн
1186–1199
Претходник
Елеонора и Хенри II
Војвода од Аквитанија
1189–1199
со Елеонора