Јован Безземниот
| Јован Безземниот John of England Jean d'Angleterre |
|
|---|---|
|
|
|
| Владеење | 6 април 1199 – 19 октомври 1216 (17 години и 196 дена) |
| Крунисување | 27 мај 1199 |
| Претходник | Ричард I |
| Наследник | Хенри III |
| Сопруг | Изабела Глостерска 1189 - 1199 Изабела Ангулемска 1200 - 1216 |
| Потомци | |
| Хенри III Ричард (Прв Ерл од Корнвол) Јоана, кралица на Шкотска Изабела, Света Римска Принцеза Елеонора Лестерска |
|
| Династија | Династија Плантагенет |
| Татко | Хенри II |
| Мајка | Елеонора Аквитанска |
| Раѓање | 24 декември 1167 дворец Бјумаунт, Оксфорд |
| Смрт | 19 октомври 1216 (на возраст од 48 г.) Нотингемшир |
| Погреб | Вустерска катедрала |
Јован Безземниот (24 декември 1166 — 18 октомври 1216) (англиски: John of England; француски: Jean d'Angleterre или John Lackland), бил крал на Англија во периодот од 1199 до 1216 година, наследувајќи го својот брат Ричард I. Неговиот надимак, Lackland, го добил поради тоа што не добил никаква земја од страна на својот татко, сè до смртта на своите постари браќа, но и поради загубата на голем дел од француските територии. Тој бил наследен од страна на неговиот син Хенри III.
Во јуни 1215 година, кралот под притисок на бунтовничките барони бил принуден да ја потпише Големата повелба за правата (латински: Magna Carta Libertatum). Со неа била ограничена моќта на монархот, а обичните луѓе се стекнале со права, со што започнале да се развиваат идеите за слобода и демократија.
Содржина |
Рани години [уреди]
Јован бил петиот син на Хенри II и Елеонора Аквитанска. Тој бил миленик на своите родители, но бидејќи бил најмлад, неможел да очекува никакво наследство. Во времето кога неговите браќа направиле сојуз против Хенри II, Јован често пати бил или на едната или на другата страна од конфликтот. Во 1184 година, Ричард и Јован ја сакале Аквитанија под своја управа. Во 1185 година тој станал владетел на Ирска, но главно поради фактот што не бил почитуван и сакан од народот, тој од таа позиција се повлекол по осум месеци. Во 1189 година, за нов крал на Англија бил избран Ричард I.
Отсуството на Ричард [уреди]
Во времето кога Ричард тргнал во Третиот крстоносен поход, Јован се обидел да го смени бискупот од Елија, кој бил поставен од страна на Ричард како регент за време на неговото отсуство. Кога Ричард се враќал од крстоносниот поход, тој од страна на австрискиот цар Хенрик VI, кој побарал голема сума на пари како откуп за Ричард. Споре денкои, Јован испратил писмо до австрискиот цар во кое барал Ричард да не биде пуштен на слобода. Но, приврзаниците на Ричард по неколку години го платиле надоместокот, па во 1194 година Ричард се вратил во Англија. Ричард му простил на својот брат, и го именувал за свој наследник.
Конфликтот со Артур [уреди]
По смртта на Ричард, Јован бил прогласен за нов крал на Англија. Неговиот внук, Артур Бретонски, кој бил син на неговиот брат Жофруа од Бретанија. Артур, кој имал подршка од страна на францускиот крал Филип II Август, сакал тој да биде прогласен за идниот крал на земјата, па така се дошло до конфликт. Од друга страна пак, Франција ги нападнала англиските територии кои се наоѓале на територијата на денешна Франција. По победата, тој овие земји, без Нормандија, ги доделил на Артур.
Поради ова, кралот на Англија наредил да се изгради бродска база во Портсмут. До крајот на 1204 година, Англија имала 45 големи борбени бродови, и секоја година производството се зголемувало за четири бродови. Тој се смета за основач на кралската монарница.
Јован се оженил за ќерката на велшкиот принц. По ова, Артур се обидел да ја киднапира мајка му Елеонора, но тој бил фатен и заточен во Руана.
Подоцнешни години [уреди]
Во 1207 година, Јован влегол во конфликт со папа Инокентие III. Свештениците барале од кралот право да тие имаат можност да го избираат новиот епископ. Спорот со папата се појавил кога тој откажал на папата да Стивен Ленгдан биде новиот епископ на Кентербери. По две години, Јован попуштил и се признал за вазал на папата во Рим.
Политиката која ја спроведувал Јован била доста непопуларна. Последните десет години од неговото владеење биле исполнети со неколку обиди да се вратат загубените територии од Франција. За финансирање на тие походи, тој ги зголемил даноците на бароните, по кое се развило незадоволство кај истите. Во 1215 година тие го зазеле Лондон. Под притисок на бароните, тој ја потпишал т.н. Магна карта, според која ги намалил правата на монарсите.
Јован починал на 19 октомври 1216 година. Негов наследник станал Хенри III.
|
Јован Безземниот
Роден(а): 24 декември 1166 Починал(а): 19 октомври 1216 |
|||
| Владејачки титули | |||
|---|---|---|---|
| Претходник Ричард I |
Крал на Англија 1199–1216 |
Наследник Хенри III¹ |
|
| Нова титула |
Владетел на Ирска 1185–1216 |
||
| Претходник Елеонора и Ричард I |
Војвода од Аквитанија 1199–1216 со Елеонора (1199–1204) |
Наследник Хенри III¹ |
|
| Претходник Ричард I |
Војвода од Нормандија 1199–1204 |
анексија од Франција | Војвода од Мајн 1199–1203 |
|
|||||||||||||||||
- Родени на 24 декември 1166
- Родени во декември 1166
- Родени во 1166 година
- Починати на 18 октомври 1216
- Починати во октомври 1216
- Починати во 1216 година
- Родени во 1167 година
- Династија Плантагенет
- Англиски монарси
- Војводи од Нормандија
- Ерл од Кеонвел
- Луѓе од Оксфорд
- Робин Худ
- Европски монарси од 12 век
- Европски монарси од 13 век