6 јули

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Јули 2014

Луј Пастер на 6 јули 1885 успешно ја тестира својата вакцина против беснило
Адолф Андерсен (математичар) еден од најјаките шахисти во средината на 19 век
6 јули 1818 - 13 март 1879.

6 јули е 187-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (188-и во престапна година). Остануваат 178 денови до крајот на годината.

Настани:

1415  Во Констанц, денешна Германија, од католичкиот екуменски собор е осуден и погубен Јан Хус, свештеник и реформатор.
1535  Сер Томас Мор, автор на познатото дело Утопија и еднаш англиски Лорд-канцелар, е погубен поради предавство на Кралот Хенри VIII откако одбива да се согласи со кралската одлука Англиската Црква да се одвои од Римската католичка црква.
1885  Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Жозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче.
1908  Во Турција започнува т.н. „Младотурска револуција“, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II.
1928  Во Њујорк е одржана премиерата на филмот Светлата на Њујорк, првиот звучен филм во историјата на светската кинематографија.
1957  Во Ливерпул се запознаваат Џон Ленон и Пол Мекартни, идните основачи на една од најголемите групи на сите времиња Битлси.
1964  Малави прогласува независност од Обединетото Кралство.
1966  Малави станува република, со Хестингс Банда како прв претседател.
1967  Основана светската библиографска организација OCLC.
2002  Светиот архиерејски синод на МПЦ го разрешил од должност митрополитот велешки и повардарски Јован, поради еднострано пристапување во екуменско единство со СПЦ.
2005  Играорците од битолското КУД „Гоце Делчев“ играа оро пред британската амбасада во Скопје во знак на протест поради недобивањето на визи за настап на меѓународниот фолклорен фестивал во Ланголен, Англија.

Родени:

1599  Диего Веласкез, шпански сликар.
1818  Адолф Андерсен, германски шахист.
1832  Максимилијан, надвојвода од Австрија и император на Мексико.
1838  Ватрослав Јагиќ, хрватски славист.
1859  Вернер фон Хејденстам, истакнат шведски поет и нобеловец.
1907  Фрида Кало, мексиканска сликарка.
1927  Џенет Ли, американска актерка; останува запаметена по туш-сцената во Хичкоковиот филм „Психо“.
1935  Тенцин Гјацо, моменталниот Далај Лама.
1943  Глигорие Гоговски, македонски општественик.
1946  Силвестер Сталоне, американски актер; познат по своите неколку пати репризирани улоги во Роки и Рамбо.
1946  Џорџ Буш, 43от американски претседател.
1951  Џефри Раш, австралиски глумец.
1951  Гоце Тодоровски, македонски глумец.
1964  Садула Ергин, министер за правда на Турција.
1979  Мирсад Бешлија, босански фудбалер.
1980  По Гасол, шпански професионален кошаркарски играч.
1984  Роман Широков, руски фудбалер.

Починале:

1189  Хенри II, англиски крал.
1415  Јан Хус, чешки рефораматор.
1533  Лудовико Ариосто, италијански поет.
1553  Едвард VI, англиски крал.
1854  Георг Симеон Ом, германски физичар.
1893  Ги де Мопасан, француски писател, мајстор на расказот.
1962  Вилијам Фокнер, американски писател и Нобелов лауреат.
1971  Луj Армстронг, американски трубач и џез музичар.
1991  Антон Југов, бугарски политичар.
1999  г.г. Михаил, Архиепископ Охридски и Македонски.
2000  Лазар Колишевски, македонски комунистички лидер.
2010  Тили Армстронг, британска писателка.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември