Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил
| Михаил | |
|---|---|
![]() |
|
| Архиепископ од | 1993 |
| Архиепископ до | 1999 |
| Претходник | Гаврил II |
| Наследник | Стефан |
| Роден | 1912 Ново Село (Штипско) |
| Починал | 6 јули 1999 Скопје |
| Други архиепископи со име Михаил | |
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил (Ново Село (Штипско), 1912 - 6 јули 1999) бил четвртиот архиепископ на Македонската православна црква по нејзиното обновување. Михаил бил свештеник и вероучител, даровит црковен оратор и мудрец, и останал запаметен по прекрасните беседи. Тој е единствениот диховник на кој му било понудено местото претседател на Република Македонија. Архиепископот Михаил за поглавар на Македонската православна црква беше избран на 4 декември 1993 година.
Содржина |
Рани години [уреди]
Г.Г. Михаил е роден е во Ново Село, Штипско, во 1912 година, како Методи Гогов. По завршувањето на основното образование, тој во 1927 година се запишал Богословија во Битола. Во 1932 година заминал на студии во Белград на Богословскиот факултет. По завршувањрто на студиите во 1936 година, станал парохиски свештеник во црквата Св. Никола. За време на Втората светска војна, Михаил бил учесник во Народноослободителната војна, а при крајот на војната бил член на АСНОМ. Учествувал и во организирањето на Првиот црковно-народен собир во Скопје на почетокот од март 1945 година, на кој присуствувале 300 учесници, свештеници и мирски лица.
Период по војната [уреди]
Михаил се залагал за самостојност на МПЦ, па во два наврати одлежал над шест години затвор. Бил осуден и затворен од тогашната власт заради идеите за национална, социјална и духовна слобода на македонскиот народ. По шест месеци бил ослободен, но за кратко. Во 1948 година повторно бил уапсен и осуден на 5,5 години затворска казна. И покрај сите притисоци и закани да се откаже од свештеничкото служење, Михаил останал цврст во своите ставови и продолжил да служи како свештеник во Скопје.
Михаил бил меѓу првите мисионери во Австралија. Бил испратен во 1966 година, а се вратил при крајот на 1970 година. По неговото враќање бил назначен за ректор на Македонската православна богословија, каде предавал англиски јазик, омилитикам и пастирско богословие. Покрај англискиот зборувал француски, руски и се служел со повеќе живи класични јазици.
Од 1972 година бил генерален секретар на Македонската архиепископија, а за архиреј бил хиротонисан на 25 декември 1988 година. Неговото Блажество Г.Г. Михаил е познат по тоа што несакал да ги чита своите богослужбени слова, но е запаметат по неговото ораторство со кое ги надминувал сите архиереји.
Архиепископо на МПЦ [уреди]
Михаил како епархиски архиереј, Митрополит повардарски бил избран за поглавар на Македонската православна црква на 4 декември 1993 година. Архиепископот Михаил дошол на чело на МПЦ две години по осамостојувањето на Македонија која како држава. Тој станал единствениот духовник на кого му било понудено местото на претседател на државата. На почетокот на 90-тите години Михаил требало да биде еден вид македонски Макариос, но тој се откажал од овој предизвик несакајќи да ја замени црковната со државничка позиција,
Како надлежен за Американската епархија, Михаил успеал да ги прибере големиот број на верници, да ги надмине сите спорови, а со таа овозможи оваа епархија да заживее со полн црковен живот. Сепак тој неуспеал да отпатува за Австралија, затоа што несакал да биде пречекан од поделените, туку од сите обединети верници Македонци. Водел преговори и со преставници на Српската православна црква за воспоставување на духовно единство меѓу двете цркви.
За време на неговото архиепископувањебиле направени потребните измени и дополнувања на Уставот на Македонската православна црква, статутите за трите епархии во странство и други црковни закони и норми. Исто така за негово време се зголемила издавачката дејност во МПЦ, при што биле отпечатени повеќе богослужбени изданија и книги со богословска содржина.
Види исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]
| Оваа биографска статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| Претходник Гаврил II |
Архиепископ Охридски и Македонски 1993–1999 |
Наследник Стефан |
