Руски јазик

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Руски)
Прејди на: содржини, барај
Руски јазик
Русский язык
Се зборува во: Русија, Украина, Белорусија, Казахстан, Молдавија, Ерменија, Израел, Летонија, Естонија, Киргистан
Реони: Источна Европа, Азија
Вкупен број на говорници: ~ 280.000.000
Рангирање по вкупен број на говорници: 5-7
Класификација: Индоевропски

 Словенски
  Источнословенски
   Руски јазик

Официјална положба
Официјален јазик: Русија, Белорусија, Казахстан, Киргизија, ОН
Контролиран од: Руската академија на науки
Јазични кодови:
ISO 639-1 ru
ISO 639—2 rus
SIL RUS
Руски јазик
Писмо кирилица
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Все люди рождаются свободными и равными в своём достоинстве и правах. Они наделены разумом и совестью и должны поступать в отношении друг друга в духе братства.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици

Рускиот јазик (руски: русский язык) е еден од најраспространетите јазици во Европа и најраширениот од сите словенски јазици.

Рускиот јазик припаѓа на групата на индоевропските јазици, па затоа е поврзан со санскритот, грчкиот и латинскиот јазик, како и со современите германски јазици, романски јазици и келтски јазици, вклучувајќи го и англискиот, францускиот и ирскиот јазик. Пишани извори на руски јазик се најдени од X век.

Иако тој има зачувано од неговата синтетичко-нефлексионална структура и од заедничката словенска зборовна база, современиот руски јазик има влијанија од меѓународниот речник на политиката, науката и технологијата. Како јазик со големо политичко значење, рускиот е еден од официјалните јазици во ОН. Иако меѓународниот престиж на јазикот опадна по распадот на Советскиот Сојуз, позициите на рускиот јазик како лингва франка во источна Европа и северна Азија се засилени.

Некои руски изрази

Википедија
Издание на Википедија, слободната енциклопедија на руски јазик


  • Привет - Здраво
  • Доброе утро - Добро утро
  • Добрый день - Добар ден
  • Добрый вечер - Добро вечер
  • Спокойной ночи — Добра ноќ
  • До свидания — Довидување
  • Пока (неофицијално) - Пријатно
  • Как ты? (рамките на значењето на „Как у тебя дела?“; неофицијално) — Како си?
  • Как вы? (рамките на значењето на „Как у вас дела“; официјално, уште множинската форма) - Како сте?
  • Что делаешь? (неофицијално) — Што правиш? Како си?
  • Что делаете? (официјално, уште множинската форма) - Што правите? Како сте?
  • У меня всё хорошо - Добар сум
  • Всего доброго - Сѐ најдобро
  • С днём рождения! - Среќен роден ден!
  • Благодарю (официјално и неофицијално) - Благодарам
  • Спасибо - Фала
  • Пожалуйста - Молам
  • Простите! - Простете!
  • Извините! (официјално) - Извинете!
  • Извини! (неофицијално) - Извини.
  • Который час? - Колку е часот?
  • Вы говорите? - Дали зборувате ...?
...по-английски - англиски
...по-болгарски - бугарски
...по-македонски - македонски
...по-сербски - српски
...по-гречески - грчки
...по-французски - француски
...по-немецки - германски
...по-итальянски - италијански
...по-испански - шпански
  • Да - Да
  • Нет - Не
  • Может быть (рамките на значењето на „Возможно“) - Можеби
  • Скоро увидимся - Ќе се видиме наскоро
  • Увидимся завтра (рамките на значењето на „До завтра“) - Ќе се видиме утре