25 декември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | декември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | 31 | ||||
25 декември е 359-иот ден во годината според григоријанскиот календар (360-и во престапна година). Остануваат 6 денови до крајот на годината.
Настани:
| 800 | Папа Лав III во Рим го круниса францускиот владетел Карло Велики за свет римски цар, титула што ја носеле германските монарси сè до времето на Наполеон I. |
| 1066 | Во Вестминстерската катедрала во Лондон за англиски крал беше крунисан норманскиот војвода Вилијам I. |
| 1688 | Во Франција пребега Јаков II, последниот англиски крал од династија Стјуард, тргнат од престолот поради апсолутистичката политика и натурање на римокатоличката вера. |
| 1717 | Се случила катастрофалната „Божиќна поплава“ - северозападна бура, што ги погодила крајбрежните предели на Холандија, Германија и Скандинавија вечерта воочи Божиќ. Во поплавата се удавиле вкупно 14.000 лица. |
| 1741 | Шведскиот физичар Андерс Целзиус ја создаде скалата од 100 степени за мерење на температурата - Целзиусова скала. |
| 1776 | Генералот Џорџ Вашингтон ги префрли силите со кои командуваше преку реката Делавер во Њу Џерси и неочекувано ги нападна германските платеници кои во Американската војна за независност се бореа на страната на Британците. |
| 1903 | Во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот револуционер, публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“. |
| 1914 | Во Првата светска војна на Западниот фронт стапи на сила легендарното неофицијално „божикно примирје“, кога група британски и германски војници го откажаа пукањето, излегувајќи од рововите и сретнувајќи се на ничија територија помеѓу завојуваните страни |
| 1926 | Јапонскиот регент принцот Хирохито го наследи престолот на Јапонија по смртта на неговиот татко, царот Јошихито. |
| 1943 | Министерството за надворешни работи на Велика Британија во Втората светска војна му испрати телеграма на премиерот Винстон Черчил во која пишува: „Нашата политика мора да се потпре на фактот - партизаните ќе завладеат во Југославија. Тие се за нас, од воен аспект, од голема корист и мораме да им дадеме полна поддршка. Воените причини се поважни од политичките...“. |
| 1971 | Во пожар во еден хотел во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, загинаа 139 луѓе. |
| 1979 | Советски трупи влегоа во Авганистан, во прва воена интервенција на Советскиот Сојуз надвор од Варшавскиот пакт, а официјална Москва ова го објасни како интервенција со цел да се спречи граѓанската војна во земјата. |
| 1989 | Сменетиот романски диктаторски пар Николае и Елена Чаушеску се стрелани во Трговиште по тајното и брзо судење. |
| 1991 | Михаил Горбачов поднесува оставка на местото претседател на СССР, и должноста му ја предава на Борис Елцин. |
| 1991 | Во Штип, во издание на Културно-просветната зедница на Штип, излезе првиот број на весникот „Опсерватор“. |
| 1995 | На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно - исламистичката партија за просперитет), на чело со лидерот на партијата Неџмедин Ербакан. |
| 1995 | Во поплавите на истокот од Јужна Африка загинаа најмалку 124 лица. |
| 1997 | На Куба за прв пат после три децении јавно е прославен Божиќ, а претседателот Фидел Кастро го прогласил тој ден за празник во чест на папата кој во јануари 1998 ја посетил Куба. |
| 2000 | Во пожар кој го зафати центарот на кинескиот град Луојанг животот го загубија најмалку 309 луѓе. |
| 2003 | При падот на патничкиот авион „боинг 727“ во Атланскиот Океан набрзо по полетувањето од Бенин кон Либан загинаа 138 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 15 офицери на армијата на Бангладеш, додека 22 лица ја преживеаја несреќата. |
| 2003 | Звездан Јовановиќ го призна убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. |
Родени:
| 1250 | Јован IV Дука Ласкарис, никејски император. |
| 1642 | Исак Њутн, англиски физичар, астроном и математичар. |
| 1878 | Јован Бабунски, србомански четнички војвода. |
| 1882 | Рајна Алексова, македонски фармацевт. |
| 1899 | Хамфри Богарт, американски филмски актер. |
| 1918 | Јоргос Ралис, премиер на Грција. |
| 1923 | Естреја Овадија - Мара, македонски народен херој. |
| 1920 | Јован Бошковски, македонски писател. |
| 1925 | Карлос Кастанеда, американски автор. |
| 1943 | Зафир Хаџиманов, македонски пејач и композитор. |
| 1952 | Павле Трајанов, македонски политичар. |
| 1954 | Ени Ленокс, шкотска рок пеачка на групата Јуритмикс. |
| 1956 | Олег Дементиенко, македонски поет. |
| 1967 | Борис Новковиќ, хрватски поп пејач. |
| 1971 | Дајдо, британска пејачка. |
| 1976 | Армин Ван Бурен, холандски транс продуцент и диџеј. |
Починале:
| 795 | Адријан I, римски папа. |
| 820 | Лав V, византиски император. |
| 1683 | Кара Мустафа паша, Голем везир на Отоманската Империја. |
| 1938 | Карел Чапек, чешки писател. |
| 1977 | Чарли Чаплин, најголем артист на немиот филм. |
| 1989 | Николае Чаушеску, романски комунистички лидер. |
Празници:
| * | Божиќ, денот на Христовото раѓање, го прославуваат сите цркви со католичка, протестантска и православна вероисповест кои го користат Грегоријанскиот календар. Празник во многу земји во светот. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |