Естреја Овадија - Мара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Естреја Овадија - Мара
Estreya Ovadia.jpg
Роден 25 декември 1923
Битола
Починал 26 август 1944(1944-08-26) (на 20 год.)
Кајмакчалан

Естреја Хаим Овадија - Мара (Битола, 25 декември 1923 - 26 август 1944, Кајмакчалан, Битолско) — македонски народен херој од НОАВМ[1].

Биографија[уреди]

Овадија е родена во Битола, во работничка еврејска фамилија. Рано останала без татко. Имала уште две сестри, за чие издржување покрај мајка и, што работела како перачка по богатите куќи, иако мала, се грижела и таа. Естреја посетувала и училиште. Многу мала ја осетила сета беда на сиромаштијата и целиот бес на богатите, кај кои и самата морала да работи. Веќе во 1938 година, со неполни 16 години се активира во Еврејското хуманитарно друштво „Визо“ во родниот град. Покасно истата година, заминала на работа во Белград. Нејзиниот револуционерен активизам дошол до израз за вереме на демонстрациите на 27 март во Белград. Била на чело на работничката група поттикнувајќи општ револт против издавачката политика на југословенската влада. Тоа била доволна причина да стане членка на СКОЈ, а потоа уште поинтензивно да го продолжи своето револуционерно делување. По капитулацијата на земјата, во 1941 година се вратила во Битола и се вклучила во подготовките за оруженото востание.[2]

Член на КПЈ била од 1942 година. Непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, се илегализирала на 10 март 1943, а потоа на 5 април 1943 година заминала првин како борец на НОПО „Даме Груев“, потоа во НОПО „Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ[3].

При формирањето на Третата МНОУ била назначена за заменик политички комесар на чета. На 22 август 1944 година при формирањето на VII македонска НО бригада за политички комесар на баталјон.

Загинала во борба со бугарските окупаторски сили[4]. Тогаш имала само 22 години. Прогласена е за народен херој на Југославија на 11 мај 1953[5]. Во нејзин помен, во центарот на Битола постои нејзина биста и една градинка го носи нејзиното име.

Наводи[уреди]

  1. Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и Револуцијата 1941–1945, Скопје, 1976
  2. Heroine Jugoslavije, "Nasa Djeca", 1980
  3. Александар Поповски, Естреја Хајма Овадиј - Мара (1921–1944), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 120-125
  4. Естреја Хајма Овадија-Мара (1921– 1944), „Млад борец“, XXXII, 13, Скопје, 23. IV 1975, 17
  5. Д-р Стојан Ристески, Естреја Овадја-Мара, Горњи Милановац,1978