Димитар Богоевски
| Димитар Богоевски | ||
| Роден на | 31 октомври 1918 | |
| Роден во | Болно, Ресенско, Кралство СХС | |
| Починал на | 12 септември 1942) | |
| Починал во | [[]], Македонија | |
|
|
||
| Член на КПЈ од | 1940 | |
|
|
||
Димитар Богоевски - Мите (Болно, Ресенско, 31 октомври 1918 - 12 септември 1942) е македонски револуционер и поет, народен херој на Македонија.
Основно училиште завршува во родното место, а Трговска гимназија во Битола. Поради слабата материјална положба ги прекинува студиите на Економскиот факултет во Белград и се враќа во родниот крај.
Во 1939 година станува член на Комунистичката партија на Југославија, а подоцна е секретар на регионалниот комитет на КПЈ за Ресен. Поради својата револуционерна активност во 1940 година е уапсен од српската полиција и затворен во Белград. Поради недостиг на докази е пуштен. Во 1942 година е уапсен од бугарска полиција во Ресен. По суровото мачење[се бара извор] е ослободен.
Во 1942 година учествува во формирањето на партизанскиот одред „Даме Груев“.
На 12 септември 1942 година заедно со Стив Наумов, откако бугарската окупаторска војска и полиција, ги опколила во неговото родно село, во месноста Долец, во Болонската планина, тој и Стив Наумов извршуваат самоубиство за да не паднат во рацете на окупаторските сили. По ослободувањето Богоевски е прогласен за народен херој.
Богоевски бил еден од најнадежните македонски поети. Тој зад себе оставил само неколку песни, меѓу кои „Спроти Илинден“ (1938), „Стојанка млада партизанка“, „Разделвачка“ (објавена во весникот „Наша реч“ во 1940 година) и „Триесет и девет минаја“. Песната „Триесет и девет минаја“ е напишана по повод влегувањето на одредот „Даме Груев“ во с. Смилево на Илинден 1942 година.
[уреди] Надворешни врски
| Оваа биографска статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Родени на 31 октомври 1918
- Родени во октомври 1918
- Родени во 1918 година
- Родени во Болно
- Починати на 12 септември 1942
- Починати во септември 1942
- Починати во 1942 година
- Починати во
- Статии со непотврдени изјави
- Никулци за Македонци
- Дејци на КПЈ
- Македонски народни херои
- Југословенски партизани
- Македонски комунисти
- Македонски поети
- Народни херои на Југославија
- Ресенчани