Љупчо Арсов
| Љупчо Арсов | |||||||||
| Љупчо Арсов | |||||||||
| Роден на | 19 мај 1910 | ||||||||
| Роден во | Штип, |
||||||||
| Починал на | 18 ноември 1986. (76 год.) | ||||||||
| Починал во | Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
||||||||
| Професија | економист | ||||||||
|
|
|||||||||
| Член на КПЈ од | 1940. | ||||||||
| Учество во војни | Народно-ослободителна борба | ||||||||
|
|
|||||||||
| Функција | Претседател на претседателството на СР Македонија |
||||||||
| Мандат | 1979 - 1982 | ||||||||
| Претходник | Видое Смилевски | ||||||||
| Наследник | Ангел Чемерски | ||||||||
| Народни херој од | 29 ноември 1953 | ||||||||
| Одликување |
|
||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Љупчо Арсов (9 мај 1910 во Штип - 18 ноември 1986 во Скопје) е македонски револуционер и републички функционер за време на СРМ. Прогласен е за Народен херој на Југославија и Јунак на социјалистичкиот труд. Носител е и на Партизанска споменица 1941.[1]
Пред Втората светска војна работел како банкарски службеник. Завршил Комерцијална и економска школа во Загреб. Уште од студентските денови се вклучил во напредното младинско движење. Член е на Комунистичката партија на Југославија од јуни 1940.[2]
По окупацијата во 1941 година се вратил во Македонија. Во јули 1942 година е уапсен и интерниран во Бугарија. По излегувањето од затвор во март 1943, бил секретар на Окружниот комитет на КПЈ за Македонија во Штип, политички комесар на Првата оперативна зона, член на Обласниот комитет на КПМ во Скопје, член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, член на Бирото на ЦК КПМ, член на Петтата оперативна зона. Во летото 1944 година станува член на ЦК КПМ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ на кое е избран за секретар на Президиумот на АСНОМ.
[уреди] Повоена кариера
По војната врши повеќе раководни републички и сојузни функции. Прво е потпретседател и министер за финансии во Првата влада на НР Македонија. Потоа, од јануари 1948 до декември 1953 година е министер за труд во сојузната влада на Југославија. Од 1953 до 1960 е Претседател на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија (функција рамна на премиерска) со едногодишен мандат. Член е на Сојузниот извршен совет од 1960 до 1962 година. Од 26 јуни 1962 до 24 јуни 1963 година е претседател на Народното собрание на Република Македонија, а од 1963 - 1967 година е претседател на Републичкиот комитет на Сојузот на социјалистичкиот работен народ на Македонија. Во истиот тој период одново е претседател на Извршниот совет на Собранието на Република Македонија. Од 1967 до 1971 година е потпретседател на Сојузната конференција на ССРНЈ, член на Советот на југословенската федерација, додека во периодот од 1979 година е член на Претседателството на СРМ, а бил и негов претседател.
До 1974 година Љупчо Арсов е избран во сите свикувања на Собранието на СРМ и во Сојузното собрание.
Трагично загинува во Скопје во 1986 година.
[уреди] Надворешни врски
- Кратка биографија на страницата на Собранието на Република Македонија
[уреди] Наводи
|
||||||||||||||||||||||
- Родени на 9 мај 1910
- Родени во мај 1910
- Родени во 1910 година
- Починати на 18 ноември 1986
- Починати во ноември 1986
- Починати во 1986 година
- Починати во Скопје
- Претседатели на Собранието на Република Македонија
- Македонски политичари
- Македонски народни херои
- Народни херои на Југославија
- Делегати на Првото заседание на АСНОМ
- Штипјани
- Носители на Партизанска споменица од 1941
- Македонски комунисти
- Југословенски партизани

