Вангел Тодоровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вангел Тодоровски
Роден 1920
Битола
Починал 12 април 1942
Битола

Вангел Тодоровски - Мајорот (Битола, 1920 - Битола, 12[1] или 24 април[2] 1942) — македонски комунист, учесник во НОВ и народен херој.

Животопис[уреди | уреди извор]

Биста на Вангел Тодоровски во Градскиот парк во Битола

Како раководител на берберските работници, бил активист на Урсовите синдикати, член на КПЈ од 1940 година и член на Месниот комитет на СКОЈ во Битола. Поради комунистичката дејност, повеќепати бил апсен.

Учество во НОБ[уреди | уреди извор]

По фашистичката окупација на Македонија се илегализирал и работел во партиската техника на Месниот комитет на КПЈ во Битола. По провалата во Битола во април 1942 година, непосредно по убиството на Орде Чопела, бугарската полиција извршила упад во куќата каде била сместена техниката. Вангел Тодоровски успеал да го убил битолскиот областен полициски началник, по што, за да не падне во непријателски раце, се самоубил.

Прогласен бил за народен херој на Југославија на 2 јули 1952 година.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Битолските народноослободителни партизански одреди“, Друштво за наука и уметност, Битола, 1982, 56-57 стр.
  2. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1490 стр.
  3. „Значајни личности за Битола“, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола, 2007, 229-230 стр.
  4. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 385