Христијан Тодоровски - Карпош
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Христијан Тодоровски - Карпош (Куманово, 3 септември 1921 - 7 февруари 1944, Биљача, Прешевско)
Како студент бил член на СКОЈ уште од 1940 година. Поради неговите прогресивни идеи, бил избркан од средното училиште и не му било допуштено да се запише во било кое друго средно училиште во тогашното Кралство Југославија.
Во 1941 учествува во прибирање на оружје, растурање на памфлети и дистрибуција на билтенот „Дедо Иван“, кој бил издаван од страна на градската партизанска организација.
Член е на Првиот Кумановски Одред, станува партизан на 11 октомври 1941 година, потоа член на партизанскиот штаб од Куманово, подоцна се приклучува кон Вториот Јужно Моравски Одред.
Бил убиен од страна на бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 за време на нападот на бугарското воено и полициско упориште во с. Билјача - Прешевско.
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Родени во Куманово
- Родени на 3 септември 1921
- Родени во септември 1921
- Родени во 1921 година
- Починати на 7 февруари 1944
- Починати во февруари 1944
- Починати во 1944 година
- Починати во Биљача
- Починати во Прешевско
- Биографски никулци
- Македонски народни херои
- Македонски комунисти
- Македонски партизани
- Народни херои на Југославија
- Кумановци