26 декември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Декември 2014 26 декември е 360-иот ден во годината според григоријанскиот календар (361-и во престапна година). Остануваат 5 денови до крајот на годината.

Настани:

1805  По победата кај Аустерлиц, Наполеон и го наметна на поразената Австрија понижувачкиот Пожунски мир, со кој и ги одзеде Венеција, Тирол и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот император ја создаде Рајнската конференција, држава сателит на Франција.
1942  Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестемина македонски првоборци и комунисти: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година.
1943  Во селото Мрежичко, мариовско, Првата македонско-косовска бригада го нападна бугарскиот граничен подотсек и граничната караула „Турски рид“. Притоа загинаа 24, беа ранети 14, а заробени осум бугарски војници.
1945  Во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа.
1991  Сојузниот парламент на СССР на својата последна седница го објави своето распуштање. По напуштањето на преседателската функција, Михаил Горбачов го потпиша Указот со кој „атомското копче“, му го предаде на Борис Елцин.
2003  Катастрофален земјотрес во Бам, Иран. Загинаа 26.000 луѓе.
2004  Катастрофален земјотрес со јачина од 9,3 степени според Рихтеровата скала, го погоди дното на Индискиот Океан. Како последица на земјотресот и цунамите кои ги зафатија Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, загинаа 186.983 лица, а 42.883 се сметаат за исчезнати. Овој настан се смета за најголема природна катастрофа во современата историја.
2012  Шинзо Абе по втор пат станува Премиер на Јапонија.

Родени:

1734  Џорџ Ромни — истакнат англиски портретист.
1937  Михајло Маневски — министер за правда на Македонија.
1979  Хавиер Флоренсио — шпански велосипедист.

Починале:

268  Дионисиј — римски папа.
268  Зосим — римски папа.
1476  Галеацо Марија Сфорца — војвода на Милано.
1530  Захиредин Бабур — монголски цар.
1867  Јожеф Кошич — словенечки автор.
1923  Дитрих Екарт — германски политичар.
1972  Хари Труман — 33-ти претседател на САД.
1977  Хауард Хокс — американски филмски режисер.
2006  Џералд Форд — 38-ми претседател на САД.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември