20 декември

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< декември >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31

20 декември е 354-иот ден во годината според григоријанскиот календар (355-и во престапна година). Остануваат 11 денови до крајот на годината.

Настани:

1582  По неколку други европски земји, и во Франција е воведен Грегоријанскиот календар, со прескокнување на 10 дена, и сметајќи го денот по 9. декември како 20. декември.
1830  Учесниците на Лондонската конференција, на која беа застапени Британија, Франција, Австрија, Прусија и Русија, се согласија за одделување на Белгија и Холандија, по востанието што го кренаа Белгијците, за да формираат независна држава.
1994  Непопусливоста во разговорите меѓу руското и чеченското раководство доведе до жестоки борби во главниот град на Чеченија, Грозни и до стотици загинати невини граѓани.
1902  Француските научници Марија и Пјер Кири лабараториски издвоија нов елемент - радиум што го открија уште во 1898 година. Тие тогаш, само утврдија дека радиумот постои, но беа потребни низа години голема работа, трпеливост и самооткажување додека, Марија Кири успеа лабараториски да ги издвои чистите честички на радиумот. Во 1903 година Марија и Пјер Кири ја добија Нобелова награда за физика.

Родени:

1699  Христоф Томас Шефлер, германски фрескописец.
1902  Васил Иљоски, македонски писател.
1908  Петар Шапкарев, бугарски економист.
1915  Илија Џувалековски, истакнат македонски актер.
1917  Дејвид Бом, американски квантен физичар.
1923  Ацо Шопов, истакнат македонски писател и академик.
1928  Сервет Салиу, македонски политичар.
1957  Ана Виси, грчка и кипарска пејачка.
1969  Абдилаќим Адеми, македонски политичар.
1980  Ешли Кол, англиски фудбалер.

Починале:

217  Папа Зефириниј, римски папа.
1355  Стефан Душан, српски цар.
1937  Ерих Лудендорф, офицер во германската армија.
1982  Артур Рубинштајн, пијанист.
1996  Карл Саган, американски астроном.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември