Германска армија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Германска армија
Deutsches Heer
Bundeswehr Logo Heer with lettering.svg
Симбол на германската армија
Активност Од 1955 до денес
Земја Сојузна Република Германија
Улога Копнена сила
Големина 102,000 војници
Парола Да штити, помага, смирува и да се бори Schützen, helfen, vermitteln, kämpfen
Бои Сина, сива и бела
Годишнина 12. Ноември, 1955
Служби Операции на Обединетите Нации во Сомалија
Последици од Балканските војни 1995-1999
Војната во Косово
Војната во Авганистан
Ордени Орден на честа на Бундесвер (Bundeswehr – Германска сојузна војска)
Орден за воени вештини
Орден за стрелачки вештини
Медал за заслуги
Медал за заслуги при поплави
Команден состав
Тековен командан Генерал поручник Ханс-Ото Буде (Hans-Otto Budde)
Првенец Генерал Улрих де Маицире
Команданти Генерал Ернст Фебер, COMAFCENT 1973–1975
Генерал поручник Јерг Шенбом (Jörg Schönbohm), подоцна заменик секретар за одбрана

Германската армија (германски: Deustches Heer, Heer), е состав на вооружените сили на Сојузна Република Германија. По традиција, германските вооружени сили по Првата светска војна беа составени од армија, морнарица и воздушни сили. Во 1955 година беа расформирани во Западна германска армија и во дел од новооформената Германска Сојузна војска. Како последица на германското повторно обединување во 1990 година, Народната Армија на поранешната Германска Демократска Република влезе во составот на Западната Германска армија.

Историја[уреди]

Преглед[уреди]

Претходните имиња на германските обединети копнени сили, пред Германија за прв пат да стане модерна обединета држава во 1871 година, вклучуваа:

  • 1871–1935 Reichsheer или Кралска армија, како дел од кралските сили
  • 1935–1945 Heer или Армија, како дел од вооружените сили
  • 1956–1990 Landstreitkräfte, копнени сили на источно-германската Nationale Volksarmee (Народна армија)
  • 1955–до денес Deutsches Heer, Германска армија

Пред 1914 година[уреди]

По движењето за промени на пруската армија, проследено со бројни катастрофални порази од страна на нејзините непријатели во 18 век, внатрешната анализа на научените лекции му помогна на пруското цивилно и воено раководство да сфати дека за разлика од одделните војници, кои беа првокласни, управувачкиот состав, организацијата на вработените и стратегијата доживеаа неуспех и беа повеќе зависни од боречките вештини на Кралот и на одделните членови на германското благородништво, кои преовладуваа во воената професија. Многу често, талентот за војување растеше само кога нацијата се соочуваше со криза. Имаше мало ефективно организациско работење помеѓу војните. Основањето на Германскиот Генералштаб, установа која бараше да се регулира воената извонредност, ја спаси германската армија од годините на уништеност и од понижувањето на заземањето на Берлин од страна на Наполеон. Со членство во офицерскиот корпус, проширено преку национални испити за сите квалификувани мажи што зборуваат германски, со подобрено образование во воените училишта, со постојана постапка на избирање на најдобриот дипломиран од Воената академија, германската армија зазеде правец на евентуално најблиско целосно преовладување во Европа.

Следејќи го поразот на Наполеон во битката кај Ватерло,Пруското кралство со години постигнуваше воени успеси во 19тиот и 20тиот век. Секој телесно способен маж на возраст од 17 до 45 години беше обврзан за воена служба. Имаше 4 класи на служба – активна, резервна, Landwehr (Ландвер) и Landsturm (Ландстурм). Последните две беа повикувани само во време на војна. Основна единица на армијата во тоа време беше полкот. Полковите беа основани и поддржувани од одреден град или одредена област. Секој полк се наоѓаше блиску до својот град. Резервниот полк најчесто беше составен од поранешни членови на општинскиот полк. Единиците Landwehr (Ландвер) и Landsturm (Ландстурм) беа организирани на ист начин. Едно лице можеше да помине цели 22 години во воена служба, опкружено со своето семејство. Додека овој систем создаваше блиски односи помеѓу полковите, тоа значеше и дека мажите од севкупното население од еден град или една област можеа да бидат вклучени во една битка.

Прва Светска војна 1914–1918[уреди]

Германската армија, која се бореше во Првата Светска војна, не беше само единечна армија. Сите монархии (Високото Војводство од Хесен, Високото Војводство од Баден – на пример), како дел од германското царство, си имаа свои армии. Уште од обединувањето на Германија во јануари 1871 година, повеќето од нив беа под пруско раководство, но сепак секоја продолжи да си носи свој стил на униформи. Четирите германски кралства, кои постоеа уште од времето на Наполеон – Баварија, Прусија, Саксонија и Биртемберг, имаа свои армии до крајот на Првата Светска војна. Врховен командант во времето на мир на сите овие армии беше Кралот. Пруската армија беше најголемата од сите четири. По обединувањето и основањето на Германското Царство, пруската армија стана зачеток на армиите во Царството (Deutsches Reichsheer – германска Кралска армија). По објавувањето на војна, царот стана врховен командант на вооружените сили. До 1914 година, германската армија поседуваше 50 активни и 48 резервни дивизии (бригади) – до 1918 година се основаа 251 бригада.

Рајхсвер (Reichswehr- Армија на Вајмарската република) 1918–1935[уреди]

Со крајот на Првата Светска војна и распаѓањето на Германското Царство , најголемиот дел од германската армија беше распуштен. Многу поранешни војници се вклучија во паравоени групи наречени ,,Слободни Корпуси” (Freikorps). Тоа беа главно групи од по 100 луѓе или помалку, кои го штитеа соседството или градот. На 6. Март 1919 година беше основана армијата позната како ,,Привремена германска одбранбена сила” (Vorläufige Reichswehr), која вбројуваше околу 400 000 луѓе, од кои повеќето беа од ,,Слободните Корпуси”. Подоцна, на 30. Септември 1919 година беше формирана ,,Преодната армија” (Übergangsheer), и тоа од ,,Одбранбените сили” и “Слободните корпуси”. И конечно, на 1. Јануари 1921 година, беше основана армијата на Вајмарската република – Рајхсвер, која броеше 100 000 војници, заедно со седум пешадиски и три коњанички бригади. Во ноември 1923 година, токму трупите на оваа армија се судрија со пучот на Хитлер (Beer Hall Putsch) во Минхен.


Вермахт (Wehrmacht – Вооружени сили)1935–1945[уреди]

Со Версајсkиот договор, на Рајхсверот (Армијата на Вајмарската република) му беше дозволено да задржи само 100 000 луѓе помеѓу армијата и морнарицата. Кога на изборите во 1932 година на власт дојде партијата на Нацистите, овој договор се беше укинат. Армијата во мај 1935 година стана дел од Wehrmacht (Вермахт – вооружените сили), со спроведувањето на ,,Законот за обнова на народните одбранбени сили”. Вермахтот ги вклучуваше не само армијата и морнарицата, туку и третата гранка наречена Luftwaffe (воено воздухопловство). Првично, армијата беше проширена до 21 единица во вид на бригада и помали состави. Помеѓу 1935 и 1945 година, оваа сила прерасна во стотици бригади и илјадници помали единици за поддршка. Помеѓу 1935 и 1945 година околу 16 милиони луѓе и служеа на армијата. Имаше над 3 милиони убиени и над 4 милиони ранети. Од 7361 награден од прв степен со највисоката германска почест во Првата светска војна, ,,Железниот крст на витезот”, 4777 беа од армијата, што значи дека тие сочинуваа 65 % од вкупните наградени. Сојузниците ја распуштија германската армија на 20. Август 1946 година.

Студената Војна и 1990те[уреди]

Војската беше основана во 1955 година како армија на западнa Германија. По 1990 година, кон неа се приклучи и армијата на социјалистичка источна Германија, т.е. дел од Народната армија (Nationale Volksarmee). Поранешните сили на источна Германија најпрво добиваа наредби од Генерал Полковник Јерг Шенбом (Jörg Schönbohm), а потоа беа распуштени на 30 јуни 1990 година. Како резултат на спојувањето, германската армија се состоеше од 4 корпуси со вкупно 360 000 мажи. Од оваа гледна точка, постојано се смалуваше. Во 1996 година, една авионска бригада беше претворена во нова воена управа, што ги предводеше специјалните сили на армијата, а беше позната како Kommando Spezialkräfte (воена управа за специјални сили). Реорганизирањето на германската армија од 2001 па натаму, придонесе за седум состави – 5 моторизирани бригади, една специјална единица и една воздушна. Во 2003 година, се уште постоеја три корпуси, а секој од нив вклучување различни воени состави и бригада за поддршка. Првиот заеднички германско-холандски корпус ги контролираше првата и седмата панцер дивизија за време на мир, како и холандските состави. Првата панцер дивизија му поднесуваше извештаи на корпусот за време на војна, а седмата на Сојузниот Корпус за брза реакција. Вториот корпус беше германски за време на мир, ама за време на војна се заменуваше со петтата панцер дивизија. Петтата панцер дивизија се распушти на 30 јуни 2001 година. За време на војна, вториот корпус даваше наредби и на десетата панцер дивизија, која беше преместена во Еврокорпусот (Eurocorps) и која потекнуваше од германската половина на германско-француската бригада. Првата планинска дивизија во Минхен беше исто така под овој воен штаб. Четвртиот корпус имаше воен штаб во Потсдам, источна Германија, и контролираше две панцер дивизии, 13та и 14та. 14тата панцер дивизија ја презеде и контролата врз единиците од западна Германија, кои произлегоа од шестата дивизија, кога таа ја загуби својата функција за давање на наредби. Четвртиот корпус беше тој што даде германски придонес во Мултинационалниот североисточен корпус (Multinational Corps Northeast) за време на војна. Четвртиот корпус под своја надлежност ги имаше и Воениот окружен штаб 1, првата моторизирана воздушна бригада и Берлинскиот воен штаб (Standortkommando).

Тековна армија[уреди]

Сите корпуси сега се распуштени или пренесени на мултинационално рамниште, како што е Североисточниот мултинационален корпус. Четвртиот корпус беше преуреден и стана штаб за прекуморско работење, како што е и британското раководство PJHQ (Permanent Joint Headquarters).


Вработени[уреди]

Вкупно 102 000 војници сега се во тековна служба во германската армија. Од овие, околу 17 000 се регрути. Освен тоа, достапни на германската армија се и 35 000 резервисти.

Тековен состав на германската армија[уреди]

Германската армија е раководена од Шеф на вработените, кој се потпира на Сојузното министерство за одбрана во Берлин и Бон. Главните штабови се канцеларијата на германската армија во Келн и штабот на силите на германската армија во Кобленц. Во 2002 година, бројот на единиците на армијата и нејзините вработени беше преместен во новоформираната служба на SKB (Streitkräftebasis- Joint Support Service, Централна служба за поддршка) и огранокот на Централната санитетска служба (Joint Medical Service)


Шеф на вработените, Германска армија[уреди]

Канцеларии на Германската армија[уреди]

Канцеларијата на германската армија во Келн има главна надлежност врз сите составни делови за поддршка на армијата, како што се училиштата и образовните центри. Раководена е од Генерал Мајор Мај Ген Хоаким Клаус (MajGen Joachim Clauß).

  • НБЦ Одбрана и училиште за самоодбрана во Зонтхофен
  • Воена полиција и училиште за главните служби во Зонтхофен
  • Училиште за артилерија во Идар-Оберштајн
  • Три батаљони за кандидати за офицери во Идар-Оберштајн, Мунстер и Хамелбург
  • Центар за тренирање на посебни операции Special во Фулендорф
  • Центар за симулација на армиска борба во Вилдфлекен
  • Центар за тренирање на армиска борба во Летцлинген
  • Училиште за авијација во Бикебург
  • Центар за тренирање Мунстер на
    • Воздушна одбрана
    • Оклопна единица
    • Извидување
  • Училиште за борби на планина и во зимски услови во Митенвалд
  • Училиште за пешадија во Хамелбург
  • Училиште за воздушни операции и пренос во воздух во Алтенштадт
  • Академија за армиски офицери во Дрезден со Центар за тактика
  • НЦО Академии (три на различни места)
  • Инжинерско училиште и училиште за структурно инжинерство во Инголштадт (порано во Минхен)
  • Училиште за одржување и инжинерство во Аахен

Воена управа на силите на германската армија[уреди]

Воената управа на силите на германската армија во Кобленц ги контролира сите борбени единици. Раководена е од Генерал поручник. Овие единици вклучуваат две оклопни бригади, две моторизирани пешадиски бригади, бригада за специјални операции и воздушна бригада. Во зависност од нивната големина и улога, бригадите се раководени или од Генерал бригадир или од полковник. За разлика од другите соседни армии на Холандија и Франција, полковите се ретка форма на организација во германската армија. Батаљоните се подредени на бригадите како дивизни трупи.

  • Еврокорпус (Стразбур)
    • Бригада за поддршка при раководство
    • Германски елементи во два батаљони и едно друштво на вработени
  • ZMobStp Brück-Neuseddin.jpg Главна база за регрутирање во Брик

Видови на трупи[уреди]

Германската армија има единаесет различни видови на трупи. Секоја е одговорна за тренирањето и подготвеноста на своите единици и за таа цел располага со сопствени училишта и центри. Разлика се гледа и во бојата на нивни баретки (капи), на кои е закачен посебен знак.

Боја на баретките (Само за армијата)

  • Црна: заштитни корпуси, извиднички корпуси
  • Зелена: моторизирана пешадија и стрелачки корпуси
  • Темно-црвена: воздушни корпуси, специјални сили, состави доделени на воздушни бригади
  • Светло-црвена: корпуси за поддршка при борба и воена полиција
  • Темно-сина: Медицински корпуси
  • Најтемно-сина: мултинационални едниници, батаљони за офицери питомци, безбедносни единици за морнарицата и воздушните сили
  • Светло-сина: Трупи со мисии за Обединетите Нации

Хиерархиски состав[уреди]

Хиерархискиот состав на германската армија е приспособен кон хиерархискиот состав на НАТО. За разлика од своите претходници, во современата германска армија нема Генерал полковник, Највисоко рангиран армиски офицер е Генерал поручник, а титулата Врховен генерал е резервирана за шефот на вработените во армијата или НАТО офицерите. Офицерите питомци не се високо рангирани во хиерархијата, ама Поручникот непосредно ги унапредува по 36 месечна служба.

Видете исто така[уреди]