Инголштат

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Инголштат (германски: Ingolstadt) е град во централна Баварија, Германија. Низ него поминува реката Дунав. Има околу 121,801 жител, со што тој е меѓу шесте најголеми градови во Баварија.

Седиштето на германскиот автомобилски производител Ауди се наоѓа во Инголштат, како и седиштата на електронските продавници MediaMarkt и Saturn.

Инголштат е поврзан со Нирнберг преку 300 км/ч брза железничка линија.