Ахен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ахен
KaiserKarlsGymnasium.jpg
Грб на Ахен
Ахен се наоѓа во Германија
Ахен
Управа
Земја Германија
Покраина Неважечка покраина: „North Rhine-Westphalia“
Адм. подрач. Келн
Округ Aachen
Градоначалник Marcel Philipp (CDU)
Владејачки партии CDUЗелени
Основни податоци
Површина 160,83 км2
Надм. височина 266 м
Население 241.683 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 1.503 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. AC
Пошт. бр. 52062–52080
Повик. бр. 0241 / 02405 / 02407 / 02408
Портал www.aachen.de
Местоположбата на градот Ахен во рамките на округот Aachen
Карта
Координати 50°46′31″ СГШ 6°04′58″ ИГД / 

Ахен (германски: Aachen, француски: Aix-la-Chapelle, холандски: Aken, латински: Aquisgranum, локален дијалект: Oche) е град и бања во германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија, на граница со Холандија и Белгија, 65км западно од Келн. Ахен е најзападен град на Германија.

Историја[уреди]

Градот првин го населиле Римјани во 1 век од новата ера. На местото на античката населба Карло Велики соградил дворец и катедрала по пример на катедралата од Равена, Сан Витале околу 800 година. Во неа бил крунисан неговиот син Лудвиг I Побожен во 813 година, како и скоро сите цареви на Римско-германските царства до 1513 година.

Градот бил центар на каролиншката култура и втор град во големина во царството на Карло Велики. По норманските пустошења во 881 година градот бил обновен во 983 година.

Царот Фридрих I издигнал цврсти ѕидини, кои подоцна уште повеќе ги појачал Фридрих II во 1215 година.

Во времето на верските равоти во 16 век градот страдал и почнал да го губи своето значење и своите привилегии, а посебно кога германските владетели го избрале Франкфурт на Мајна, како крунобден град.

Од 1801 година градот припаѓал на Франција, а во 1815 година на Прусија.

Во втората светска војна, како важен центар на прилазот на Рур во долготрајните и тешки борби бил готово потполно разрушен.

Географски и демографски податоци[уреди]

Положбата на градот во округот Ахен

Градот се наоѓа на надморска височина од 173 метри. Површината на општината изнесува 160,8km². Во самиот град според проценките од 2010 година живееле 259,269 жители. Просечната густина на населението изнесувала 1,612ж/km². Претставува една од 10-те општински центри на округот и регион Ахен. Поседува регионална шифра (AGS) 5334002, NUTS (DEA21) и LACODE (DE AAH) код.

Во околината има јаглен и железна руда, бакарна руда и олово. Познат е по индустриските машини, вагони, сапуни, стакла. Покрај катедралата на Карло Велики, во која и тој самиот е погребан, тука е и готската зграда од 16 век, музеи и позната бања со термоминерални сулфурни извори.

Ахенскиот универзитет (RWTH Aachen), основан во 1870 година, е еден од водечките европски технички универзитети, посебно за електротехника и машинство, но и за информатика и физика. Универзитетската клиника Ахен е најголемата европска клиника во една зграда. Голем број на софтверски и компјутерски компании се разввиле во околината на Ахен.

Катедралата во Ахен е од 1978 година на листата на светските градби.

Надворешни врски[уреди]


Наводи[уреди]