27 декември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | декември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | 31 | ||||
27 декември е 361-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (362-и во престапна година). Остануваат 4 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1938 | Во Скопје на македонски говор првпат е изведена драмата „Парите се отепувачка“ од македонскиот драмски писател Ристо Крле. |
| 1945 | Стапи во сила Договорот за основање Меѓународен монетарен фонд (ММФ), усвоен на Монетарната и финансиската конференција на Обединетите нации, во јули 1944 година, во Бертон Вудс, со учество на претставници од 44 земји, а со задача да ја унапредува меѓународната трговија, да воспоставува и да одржува валутна стабилност во светот. |
| 1949 | Холандската кралица Јулијана потпиша Документ со кој и е даден суверенитет на Индонезија, по повеќе од три века холандска колонијална управа. |
| 1979 | Во Авганистан е извршен државен удар со директно воено мешање на СССР. Првпат Советскиот Сојуз, изврши интервенција во земја која е членка на Варшавскиот пакт. |
| 1992 | Магазинот „Тајм“ го именува Бил Клинтон за „човек на годината“. |
| 1993 | Најмалку 26 лица загинаа, а 16 исчезнаа, како последица од тајфунот „Нел“, што ги погоди јужните Филипини. |
Родени:
| 1571 | Јохан Кеплер, германски астроном, математичар и физичар. |
| 1717 | Папа Пиј VI, римски папа. |
| 1822 | Луј Пастер, француски хемичар и биолог. |
| 1901 | Марлен Дитрих, славна актерка, една од најголемите филмски звезди во светот на 20 век. |
| 1918 | Христо Брашнаров, македонски гинеколог, акушер и учесник во НОБ. |
| 1946 | Трифун Костовски, македонски деловен човек, донатор и поранешен градоначалник на Град Скопје. |
| 1982 | Терји Скибенес, гитарист на викинг-метал групата Тир од Фарските Острови. |
Починале:
| 1534 | Антонио да Сангало Постариот, италијански архитект од времето на Ренесансата. |
| 1585 | Пјер Ронсар, француски писател од времето на ренесансата. |
| 1743 | Ијасент Риго, важен француски барокен сликар и портретист. |
| 1911 | Штерјо Михајлов, учесник во македонското револуционерно движење. |
| 1923 | Густав Ајфел, француски инженер и градител на познатата Ајфелова Кула. |
| 1836 | Ханс фон Сект, висок офицер во германската армија. |
| 1952 | Рамадан Зејнели, писател за деца од албанската националност во Македонија. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |