Антонио да Сангало Постариот (италијански: Antonio da Sangallo il Vecchio; 1455 – 27 декември1534) — фирентински архитект од времето на италијанската ренесанса. Татко му, Франческо Џамберти бил дрводелец, додека брат му Џулијано да Сангало и братанецот Антонио да Сангало Помладиот биле архитекти. Антонио долго и интензивно соработувал со својот брат, но извел и ред свои независни дела. Како воен инженер бил вешт како Џулијано, и изведувал важни јавни проекти како окружување со бедеми и градење на тврдини во Арецо, Монтефјасконе, Фиренца и Рим. За негово најубаво дело како архитект се смета црквата Сан Бјаџо во Монтепулчијано, на основа на грчки крст со централна купола и две кули, мошне налик на планот на Браманте за базиликата Св. Петар. Изградил и палата во истиот град, разни цркви и палати во Монте Сан Савино, а во Фиренца изградил низа манастирски објекти за Сервиските монаси. Антонио се пензионирал рано, и подоцнежните години ги провел во земјоделски активности.
Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)