12 декември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | декември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | 31 | ||||
12 декември е 346-иот ден во годината според григоријанскиот календар (347-и во престапна година). Остануваат 19 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1642 | Холандскиот морепловец Абел Тасман го откри островот Нов Зеланд, кој се наоѓа во југозападниот дел на Тихиот Океан, југоисточно од Австралија. Британска колонија е од 1841 година, а британски доминион е од 1907 година, кога влезе во составот на Британската заедница на народите на независна држава. |
| 1963 | Кенија стана независна држава и беше прогласена за Република во рамките на британскиот Комонвелт. |
| 1979 | НАТО дозволи инсталирање на евроракети во Европа. |
| 1997 | Пијаното на познатиот композитор и диригент, Леонард Бернштајн на една аукција во Сотби е продадено за 387.500 американски долари. |
| 1997 | Во Париз почна судењето на Карлос Шакалот, „професионален револуционер“ од Венецуела, чие вистинско име е Илич Рамирез Санчез. Тој е обвинет за некои од најспектакуларните герилски операции во 70-те и 80-те години. |
Родени:
| 1866 | Андреј Љапчев, премиер на Бугарија. |
| 1821 | Гистав Флобер, француски писател. |
| 1922 | Франтишек Вацлав Мареш, професор по славистика. |
| 1923 | Ог Мандино, американски писател . |
| 1929 | Џон Озборн, англиски драмски писател. |
| 1939 | Мајкл Газанига, професор по психологија. |
| 1948 | Срѓан Керим, македонски политичар и дипломат. |
| 1973 | Jане Николоски, македонски фудбалер. |
| 1984 | Даниел Агер, дански фудбалер. |
Починале:
| 1574 | Селим II, отомански султан. |
| 1958 | Слободан Јовановиќ, српски политичар. |
| 1983 | Дарко Дамески, македонски актер. |
| 1993 | Јожеф Антал, премиер на Унгарија. |
| 2008 | Лилјана Минова - Ѓуркова, истакнат македонист. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |