8 декември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Декември 2024 8 декември — 342-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (343-и во престапна година). Остануваат 23 денови до крајот на годината.

Настани:

883  Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригнален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид е назначен за прв словенски епископ на Балканот.
1914  Германските воени бродови по враќањето од Тихиот Океан требаше, според планот на адмирал Шпе, да ја уништи англиската база на Фокландските Острови. Кога Англичаните отворија оган Шпе сфати дека наишол на многу голем отпор од очекуваниот. Во оваа поморска битка Германците претрпеа големи загуби во бродови и во луѓе.
1925  По неуспешниот пуч на нацистите во Минхен во 1923 година, нивниот водач Адолф Хитлер ја објави книгата „Мојата борба“, во која ја разработува националистичката фашистичко - расистичка идеологија на агресивниот германски национализам.
1948  Во Лерин три жени Македонки од селото Екши - Су, Леринско беа обвинети за соработка со НОФ и со партизаните, за што беа осудени на смрт и стрелани.
1949  Во околината на градот Панаѓуриште (Бугарија) е пронајдено познатото Панаѓуришко богатство од златни предмети од стара Тракија (IV-III век п.н.е.).
1991  Во Токио, „Црвена ѕвезда“ го освоила Интерконтиненталниот куп, победувајќи го во финалето тимот на „Коло Коло“ со 3:0.
1994  Белгискиот министер за одбрана Лео Делкроа поднесе оставка поради обвинувањето околу финансирањето на една куќа што ја купил во јужниот дел на Франција.
1997  Двете најголеми швајцарски банки соопштиле дека се интегрираат, со што се основала во тоа време најголемата банка на светот со вкупна актива од еден билиони (1012) долари.

Родени:

65 п.н.е.  Хорациј — римски поет.
1542  Марија Стјуарткралица на Шкотска и Франција.
1626  Кристинакралица на Шведска.
1886  Диего Ривера — мексикански сликар.
1922  Лусиен Фројд — британски сликар.
1926  Стево Жигон — југословенски и српски глумец.
1928  Џими Смит — американски џез-музичар.
1933  Леав Борисов — руски глумец.
1939  Фахрудин Јусуфи — југословенски фудбалер.
1943  Џим Морисонамерикански пејач и текстописец на рок групата Дорс.
1946  Џон Тејлор — американски економист.
1947  Грег Алманамерикански рок-музичар, член на групата Алман брадерс бенд.
1948  Виктор Габер — македонски дипломат.
1953  Владислав Козакиевич — полски атлетичар.
1958  Виталиј Мутко — руски политичар.
1961  Ермис Лафазановски — македонски писател.
1962  Џеват Адеми — македонски политичар.
1964  Тери Хачер — американска глумица.
1965  Ибрахим Муртезани — поранешен член на ОНА.
1966  Лес Фердинанд — англиски фудбалер и тренер.
1966  Шинејд О'Конор — ирска пејачка.
1980  Ќемал Аломеровиќ — македонски фудбалер.
1981  Азра Акин — турско-холандска глумица и манекенка.
1982  Хамит Алтинтоп — турски фудбалер.
1982  Хулен Агинагалде — шпански ракометар.
1983  Елена Дембо — руска шахистка.
1983  Павел Погребњак — руски фудбалер.
1984  Златко Даскаловски — македонски ракометар.
1982  Ники Минаж — американска пејачка.
1991  Лиан Пеиксинг — кинеска кануистка-спринтер.
1994  Рахим Стерлинг — англиски фудбалер.
1995  Алекс Ринс — шпански мотоциклист.
1999  Рис Џејмс — англиски фудбалер.
1999  Халил Дервишоглу — турски фудбалер.

Починале:

1638  Иван Гундулиќ — хрватски поет и драмски писател.
1894  Пафнутиј Чебишов — руски математичар.
1896  Ернст Енгел — германски статистичар и економист.
1980  Џон Ленон — англиски музичар, член на групата „Битлси“.
2001  Мирза Делибашиќ — босански и југословенски кошаркар.
2014  Благоје Пауновиќ — српски и југословенски фудбалер.
2015  Бони Лу — американска пејачка.
2020  Георги Константиновскимакедонски архитект.
2023  Рајан О’Нил — американски глумец.

Празници:

Свети Климент Охридски — државен празник во Република Македонија
Студентски празник во Македонија и Бугарија