9 декември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | декември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
| 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
| 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
| 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
| 29 | 30 | 31 | ||||
9 декември е 343-иот ден во годината според григоријанскиот календар (344-и во престапна година). Остануваат 22 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1824 | Легендарниот латинско - американски водач Симон Боливар во историската битка кај Ајакучо, во Перу ја порази шпанската војска. |
| 1905 | Во Франција со декрет е извршено одвојувањето на државата и црквата. |
| 1940 | Втора Светска војна: Во Северна Африка почна офанзивата на Осмата британска армија против германските окупациони трупи. |
| 1961 | Тангањика, поранешната британска колонија, стана независна држава во рамките на Комонвелтот, а од 09.12.1962 година стана Република. Две години подоцна, на 26.04.1964 година со обединувањето на Тангањика и на Занзибар настана Обединета Република Танзанија. |
| 1997 | Во Брисел, генералните директори на царинските служби на Белгија и Македонија, Илија Илоски и Ван Валегем, парафираа Спогодба за царинска соработка. |
Родени:
| 1594 | Густав II Адолф, крал на Шведска. |
| 1608 | Џон Милтон, англиски поет, еден од најзначајните во светската литература, а според некои, најголем по Шекспир. |
| 1881 | Воин Поповиќ-Вук, војвода на Српскиот комитет на четничката акција. |
| 1842 | Петар Кропоткин, руски теоретичар. |
| 1895 | Долорес Ибарури - Ла Пасионарија, едно од најславните имиња на шпанската граѓанска војна и на шпанското револуционерно движење. |
| 1962 | Фелисити Хафман, американска актерка. |
Починале:
| 1565 | Пиј IV, римски папа. |
| 1669 | Климент IX, римски папа. |
| 1910 | Лаза Костиќ, српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика. |
| 1943 | Никола Парапунов, македонски револуционер. |
| 1944 | Андреј, принц на Грција. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |