Симон Боливар
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Симон Хозе Антонио де ла Сантисима Тринидад Боливар и Понте Палациос и Бланко (шпански: Simón José Antonio de la Santísima Trinidad Bolívar y Ponte Palacios y Blanco) е роден во Каракас, Венецуела на 24 јули 1783, а умрел во Санта Марта, Колумбија на 17 декември 1830. Тој бил предводник на борбите за независност на повеќе јужно-американски држави: Венецуела, Колумбија, Еквадор, Перу, Панама и Боливија. Боливар го почитуваат како херој и во овие земји, но и во останатите латино-американски земји.
Кога Наполеон Бонапарта во 1808 година ја победи Шпанија, Боливар зема учество во хунтите на отпорот против Шпанците што се формираат во Јужна Америка. Во 1810 година хунтата во Каракас прегласува независност, но во јули 1812 водачот на хунтата, Франсиско де Миранда, им се предава на Шпанците, а Боливар е принуден да бега во Картахена де Индијас во денешна Колумбија. Во 1813 година, откако ја презема воената команда над Нова Гранада (денешна Колумбија), на 14 мај напаѓа на Венецуела. На 6 август го освојува Каракас и ја прогласува Втората венецуелска република.
Стремејќи се да ги обедини латино-американските земји на 7 септември 1821 ја создава Голема Колумбија, која била федерација што се прострирала на поголем дел од денешните држави Венецуела, Колумбија, Панама и Еквадор. При тоа Боливар е избран за нејзин претседател.
Во 1824 година Боливар успева целосно да го ослободи Перу од шпанската колонијална власт, а на 6 август 1825 година на територијата на Горно Перу е создадена Република Боливија во негова чест.
Во текот на 1826 година се случуваат големи внатрешни поделби во Голема Колумбија. На 27 август 1828 година Боливар, со цел да ја смири ситуацијата, се прогласува за диктатор преку Органскиот указ за диктатура. Сепак не успева да ја смири ситуацијата и на 27 август 1830 поднесува оставка на функцијата претседател. Наскоро потоа, на 17 декември истата година и умира.
Занимливости [уреди]
- Две марки на пури го носат името на Симон Боливар. Видете Боливар (марка на пури).
Надворешни врски [уреди]
- Венецуела: Нови сомнежи околу причините за смртта на Симон Боливар, вест од Глобал војсис на македонски.
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Родени во Каракас
- Родени во Венецуела
- Родени на 24 јули 1783
- Родени во јули 1783
- Родени во 1783 година
- Починати во Санта Марта
- Починати во Колумбија
- Починати на 17 декември 1830
- Починати во декември 1830
- Починати во 1830 година
- Биографски никулци
- Венецуела
- Револуционери
- Личности од латиноамериканските војни за независност
