27 април
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | април | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | ||||
27 април е 117-иот ден во годината според григоријанскиот календар (118-и во престапна година). Остануваат 248 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1521 | На својот пат околу светот, кај Мактан на Филипините, убиен е Фернандо Магелан во борба со домородците предводени од главатарот Лапу-Лапу. Дел од експедицијата го продолжува и успешно го завршува патувањето во 1522. година. |
| 1810 | Бетовен ја искомпонирал „За Елиза“. |
| 1905 | Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев, македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година. |
| 1960 | Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија. |
| 1961 | Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка. |
| 1992 | По распадот на СФРЈ, Србија и Црна Гора ја формирале Сојузна Република Југославија. |
| 1993 | Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност. |
| 1993 | Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур. |
Родени:
| 1791 | Семјуел Морзе, американски физичар и сликар. |
| 1967 | Вилем-Александар, крал на Холандија. |
| 1922 | Тале Огненовски, македонски музичар и композитор. |
| 1986 | Динара Сафина, руска тенисерка. |
| 1986 | Елена Ристеска, македонска поп-пеачка. |
| 1992 | Емин Махмудов, руски фудбалер. |
Починале:
| 1521 | Фернандо Магелан, португалски морепловец. |
| 1882 | Ралф Валдо Емерсон, американски предавач, есеист и поет. |
| 1905 | Никола Карев, истакнат македонски социјалист и револуционер. |
| 1983 | Димо Тодоровски, академик познат македонски вајар. |
| 1983 | Кирил Миљовски, македонски револуционер, академик, општественик и прв ректор на Универзитетот во Скопје. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |