7 април
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | април | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | ||||
7 април е 97-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (98-и во престапна година). Остануваат 268 денови до крајот на годината.
Настани:
| 529 | Во Константинопол бил издаден првиот нацрт на „Кодекс Јустинијанус“, кодификација на империјалните закони од 2. век до тогаш. |
| 1348 | Во Прага е основан Карловиот Универзитет, прв во централниот дел на Европа. |
| 1795 | Франција го усвоила метарот како основна мерка за должина. |
| 1906 | Вулканот Везув избувнал и го уништил градот Неапол во Италија. |
| 1939 | Втора Светска војна: Фашистичка Италија започнала инвазија врз Албанија. |
| 1945 | Втора Светска војна: Американските авиони го потопија најголемиот јапонски воен брод „Јамато“. |
| 1947 | Умре американскиот автомобилски магнат Хенри Форд. Првите „бензински кочии“ ги конструирал во 1896 година, а од 1899 го започнал производството на автомобили. |
| 1948 | Во рамки на Обединетите Нации, основана е Светската Здравствена Организација. |
| 1953 | Даг Хамаршелд, шведски дипломат, е избран за генерален секретар на Обединетите нации. |
| 1963 | Усвоен е новиот устав на Југославија, со кој таа се преименува во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), а Јосип Броз Тито е прогласен за доживотен претседател. |
| 2012 | Џојс Банда станува првата жена-претседател на Малави. |
Родени:
| 1915 | Били Холидеј, американска џез пејачка. |
| 1920 | Рави Шанкар, индиски класичен музичар. |
| 1939 | Френсис Форд Копола, американски режисер. |
| 1944 | Герхард Шредер, германски канцелар. |
| 1964 | Расел Кроу, новозеландски актер. |
| 1987 | Патрик Греч, германски велосипедист. |
Починале:
| 1614 | Ел Греко, шпански сликар со грчко потекло. |
| 1947 | Хенри Форд, основач на компанијата Форд Мотор. |
| 1953 | Димитар Влахов, македонски револуционер, политичар и публицист. |
| 1968 | Џими Кларк, шкотски автомобилист. |
Празници:
| * | Светски ден на здравјето |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |