3 април

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Мар - Април - Мај
п в с ч п с н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30        
календар за 2008 г.
Сите дати

3 април е 93-иот ден во годината според григоријанскиот календар (94-и во престапна година). Остануваат 272 денови до крајот на годината.

Настани:

1789  Прославениот војсководец Џорџ Вашингтон положи заклетва и така стана прв претседател на САД, новата држава на северноамериканскиот континент.
1917  Владимир Илич Ленин се вратил во Русија од прогонство и застанал на чело на Руската револуција од 1917. Пред болшевичките водачи го претставил својот реферат „За задачите на пролетаријатот во сегашната револуција“ познат и како Априлски тези.
1945  Во Скопје, со изведувањето на претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар.
1948  Претседателот на САД Хари Труман го потпишал Маршаловиот план со кој ја овластил помошта на САД од 5 милијарди долари за обновата на 16 Европски земји по Втората светска војна.
1973  Во Њу Јорк, САД е воспоставен првиот телефонски повик од мобилен телефон.
1986  ИБМ го претставил новиот производ „ПЦ Кабриолет“ (англ. PC Convertible), првиот преносен компјутер со димензии слични на денешните.
2008  И покрај намерата на другите 25 членки, Грција го спречи приклучувањето на Македонија кон НАТО, оправдувајќи го овој потег со потребата за подобрување на соседските односи со решавање на спорот со името на Македонија.

Родени:

1924  Марлон Брандо, американски актер († 2004.).
1930  Хелмут Кол, поранешен канцелар на Германија.
1961  Еди Марфи, американски актер и комичар.

Починале:

1882  Џеси Џејмс, американски разбојник (р. 1847).
1897  Јоханес Брамс, германски композитор, пијанист и диригент.
1990  Сара Вон, американска џез пејачка (р. 1924).
1897  Греам Грин, англиски писател (р. 1904).


Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември
Лични алатки
Други јазици