26 април

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< април >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30

26 април е 116-иот ден во годината според григоријанскиот календар (117-и во престапна година). Остануваат 249 денови до крајот на годината.

Настани:

1962  Во Кејп Канаверал, во САД, лансиран е првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат.
1964  Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија.
1986  Катастрофа во нуклеарната централа Чернобил, СССР. 57 луѓе загинале во несреќата, уште околу 9.000 илјади од директни последици на радијацијата, а 336.000 лица биле евакуирани и раселени од околината на Чернобил.
1992  Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина.
1992  Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име „денар“.
1993  Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија.

Родени:

121  Марко Аврелиј, римски цар и филозоф.
1564  Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот.
1711  Дејвид Хјум, шкотски философ и историчар.
1894  Рудолф Хес, заменик фирер во Нацистичка Германија.
1900  Чарлс Рихтер, еден од пионерите на сеизмологијата и творец на скалата според која се мери јачината на земјотресот.
1910  Меша Мехмед Селимовиќ, босански писател.
1945  Васил Икономов, македонски поет и преведувач.
1977  Том Велинг, американски глумец.
1986  Филип, принц на Грција.
1986  Мартин Богатинов, македонски фудбалер.

Починале:

757  Папа Стефан II, римски папа.
1731  Даниел Дефо, англиски автор, новинар, и памфлетист.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември