Мартин Богатинов
| Мартин Богатинов | ||
| Лични податоци | ||
|---|---|---|
| Полно име | Мартин Богатинов | |
| Роден во | Кратово | |
| Висина | 1,89 м | |
| Положба | Голман | |
| Клупски податоци | ||
| Сегашен клуб | ||
| Број | 32 | |
| Сениорска кариера1 | ||
| Години | Клуб | Наст. (гл-ви)* |
| 2005-2007 2007–2008 2007 ( позајмица ) 2008–2009 2009-2011 2011- |
Силекс Вардар Цементарница Тетекс Работнички Карпати Лавов |
33 (0) 2 (0) 12 (0) 24 (0) 24 (0) 20 (0) |
| Репрезентација2 | ||
| 2007- | 9 (0) | |
|
1 Настапи и постигнати голови како сениор |
||
Мартин Богатинов (роден на 26 април 1986 во Кратово, Република Македонија) е македонски фудбалер кој игра за Карпати Лавов[1][2] во украинското фудбалско првенство и за фудбалската репрезентација на Македонија.[3] Тој игра на позицијата голман.
Содржина |
Клубска кариера [уреди]
Мартин Богатинов својата фудбалска кариера ја започнува во 2005 година во клубот Силекс од Кратово. Во 2007 година тој се преселил во редовите на Вардар, но наскоро бил позајмен на клубот Цементарница. За шест месеци колку што бил во Цементарница тој одиграл 12 натпревари. По враќањето во Вардар тој одиграл само два натпревари за клубот, па така во 2008 година потпишал со Тетекс од Тетово.
Во летото 2009, тој се преселил во Работнички од Скопје. На 23 јули 2009 година тој дебитирал во европските купови, со победата од 4-2 на Работнички над Крусадерс од Северна Ирска. Во 2010, Мартин Богатинов бил прогласен за најдобар играч во Македонскиот шампионат.[4]
Во јануари 2011 година било објавено дека Богатинов ке потпише договор со украинскиот Карпати Лавов, иако за него претендирале и клубови од Азербејџан и од Русија. На 23 јануари 2011 година бил потврден неговиот трансфер во Карпати Лавов.[5] Неговиот трансфер чинел 150.000 евра. Првиот деби натпревар за Карпати Лавов, го одиграл на 6 март 2011 година против Арсенал Киев. Во сезоната 2010/11 година Карпати Лавов се пласирал на 5-то место во украинската лига, и тоа значело настап во УЕФА Европа Лигата. Во УЕФА Европа тој бил еден од позаслужните што клубот се пласирал во групната фаза од натпреварувањето.
Кариера во репрезентативниот дрес [уреди]
Официјалното деби за фудбалската репрезентација на Македонија го направил на 17 ноември 2010 година во натпреварот против Албанија влегувајќи во игра во 87-та минута од натпреварот. Потоа на 22 декември 2010, тој бил прв избор на голманската позиција на пријателскиот натпревар против Кина каде фудбалската репрезентација на Македонија загубила со 1-0 примајќи гол во 94-та минута од натпреварот. [6] До сега за фудбалската репрезентација на Македонија има одирано 9 натпревари.
Постигнувања [уреди]
Клубски [уреди]
- Вардар
- Македонски Куп: 1
- Победник: 2006/07
- Македонски Куп: 1
- Тетекс
- Македонски Куп: 1
- Победник: 2009/10
- Македонски Куп: 1
Лични [уреди]
- Најдобар играч во Македонскиот шампионат: 2010