ФК Вардар

Од Википедија — слободната енциклопедија
ФК Вардар
Целосно имеФудбалски Клуб Вардар
ДржаваМакедонија Македонија
Основан22 јули 1947; пред 76 години (1947-07-22)
ЛокацијаСкопје, Македонија
БоиЦрвена и Црна
СтадионФилип II Арена
Капацитет33.460
СопственикКомити Запад
ПретседателМакедонија Мирко Спасески
ТренерМакедонија Александар Васоски
ЛигаПрва македонска фудбалска лига
2019/20
(недовршена)
1. од 10 места
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Тековна сезона
Спортски клуб Вардар
Фудбал Ракомет (мажи) Ракомет (жени)

ФК Вардармакедонски фудбалски клуб од Скопје кој моментално игра во Првата македонска фудбалска лига. Клубот игра на Филип II Арената во Скопје со моментален капацитет од 33.460. ФК Вардар е најтрофејниот и најпознатиот македонски фудбалски клуб, со освоени 11 национални првенства и 5 национални купови.

Знамето на ФК Вардар

Историја[уреди | уреди извор]

Решение за основање на ФК Вардар од Скопје. Основачко собрание одржано на 22 јули, 1947 година, документот е заверен на 28 јули, 1947 година

Фудбалски клуб со името Вардар во Скопје имало уште од 1911 година, тој клуб бил познат како Вардар Топаана. Според пишаните документи овој прв клуб со име Вардар со голема мака и напор се трудел да го рашири фудбалот како спорт. Со почетоците на Балканските и Првата светска војна овој клуб како и останатите згаснале. Второто појавување на клубот Вардар е во 1920 година.[1] Денешниот фудбалски клуб Вардар е формиран во 1947 година кога тогашните скопски фудбалски клубови (и воопшто спортски друштва) „Македонија“ и „Победа“ се соедниниле во еден клуб кој го добил името Вардар и препознатливата црвено-црна боја. Првите квалификациони натпревари Вардар ги одиграл против Слога од Нови Сад, со резултати 1:1 во гости и победа од 1:0 во Скопје, Вардар станува член на Првата сојузна лига на Југославија.[1] За времето на сојузната лига на СФРЈ Вардар беше единствениот клуб од Македонија, со што своевидно претставуваше фудбалска репрезенатција на Македонија. Во тие години сите млади и талентирани фудбалери од Македонија играа во Вардар.

За Вардар, најуспешен период беше кога предводен од Дарко Панчев и Илија Најдоски ја освои југословенската прва лига. Со освојување на лигата, Вардар стана единствениот македонски фудбалски клуб кој го освоил југословенското првенство. По распаѓањето на Југославија и составувањето на македонската Прва Лига, Вардар беше еден од најдобрите клубови. Но, следните шест години успехот на Вардар почна да опаѓа, а успесите се враќаат под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски, со освоени две титули во сезоните 2001/02 односно 2002/03. Во сезона 2010/2011 ФК. Вардар испаѓа од прва лига, но по направеното соединување со ФК Миравци останува да се натпреварува во првата лига.

Навивачи[уреди | уреди извор]

Од основањето на клубот па до средината на осумдесеттите Македонците од цела Македонија, СФРЈ и дијаспората навиваа за Вардар. Одењето на стадион да се гледа Вардар земало нагорна линија по освојувањето на Титовиот куп во 1961 година. Во 1987 година (4 мај) на натпреварот со Црвена Звезда на западната трибина првпат се истакнува транспарент со натпис Комити. До почетокот на 1991 година секое македонско гратче имаше свои Комити, па на секој натпревар имаше и знамиња Комити - Велес, Струмица, Кавадарци па дури и Битола (сè до тепачката на натпреварот со Црвена Звезда - 1991). Од осамостојувањето Комити Запад до 1999 беа единствената вардарова навивачка група. По недоразбирањето со водството на Комитите во 1999 година се оформи нова вардарова навивачка група Лојал Фанс. Денес се активни и двете групи, кои во 2007 година повторно се обединија под мотото "ВАРДАР - ТОА СМЕ НИЕ!!!".

Натпревари за паметење[уреди | уреди извор]

Арена Тоше Проески

ФК Вардар во својата историја имал многу одиграни натпревари за паметење. Меѓу многуте може да се издвои победата над белградски ФК Партизан со 5:0. Како натпревар со најмногу публика на градскиот стадион во Скопје ќе биде запаметен бараж натпреварот за пласман во првата југословенска лига со Трепча на кој стадионот беше целосно преполнет, а Вардар победи со 2:1. Натпревари за паметење се сите средби на домашен терен со големата југословенска фудбалска четворка (Партизан, Црвена Звезда, Динамо Загреб, Хајдук) на кои стадионот се преполнуваше, а неретко доаѓало и до инциденти помеѓу навивачките групи.

Во првите години од осамостојувањето на Македонија за натпревари за паметење се издвојуваат мечевите со ФК Пелистер. Од најновата историја на клубот најзапаметени натпревари, а воедно и најголем успех на клубот, се во 2003 година кога Вардар за малку ќе се пласираше во ЛШ. Тоа беа средбите на домашен терен против ЦСКА Москва и Спарта Прага.

ФК Вардар во својата досегашна историја има забележано 60 официјални европски натпревари во квалификациите за Лигата на шампионите, во Купот на УЕФА, во Купот на победниците на Куповите, во Интертото Купот и во Митропа Купот. На нив има забележано 14 победи, 17 ремија и 29 порази.

ФК Вардар во групната фаза на Лига Европа[уреди | уреди извор]

Во 2017-18 во втората рунда од квалификациите на Лигата на Шампионите Вардар се падна со шведската екипа ФК Малме.Првиот натпревар заврши со резултат(1-1)кој се играше во Малме.Во вториот натпревар Вардар со (3-1) победи во Струмица и се пласираше во следната фаза од натпреварувањето со головите на Бобан Грнчаров,Тигран Барсегјан и Бобан Николов.Во третата фаза од квалификациите Вардар се падна со Данската екипа ФК Копенханген.Во Скопје победи Вардар со резултат од (1-0)со голот на Џонатан Балотели.Во вториот натпревар Вардар имаше резултат што го носеше во следната фаза т.е во плеј-офф на ЛШ,но во последните 20 минути прими два гола и резултатот беше (4-1) и беше елиминиран од Лигата на Шампионите.Но,учествувањето во Европските натпреварувања донесе учество во плеј-офот на Лига Европа каде што се паднаа со турските гиганти ФК Фенербахче.Натпреварот во Скопје заврши (2-0) со головите на Тигран Барсегјан и автоголот на Мехмет Топал,а вториот натпревар во Истанбул заврши (1-2) со победа на ФК Вардар,а головите ги постгнаа Џаба Џигаури и Никола Глигоров,со ова Вардар се пласираше во групната фаза на Лига Европа и стана првата екипа што постигнала вакво нешто.Во групната фаза на Лига Европа се падна во групата Л со екипите на Реал Сосиедад,Розенборг и Зенит Саинт Петерсбург.Во деби мечот Вардар во Скопје загуби од екипата на Зенит со резултат(0-5),исто така го загуби мечот против Розенборг(3-1)во Норвешка но првиот гол го постигна Хуан Фелипе и стана првиот стрелец за Вардар кој постигнал гол во Европско натпреварување.Во третиот меч Вардар загуби со (0-6) против Реал Сосиедад.

Настапи на европски натпреварувања[уреди | уреди извор]

Првиот европски меч на ФК Вардар бил против ФК Данфермлајн Атлетик каде што изгубил 5-0 во рамките на Европскиот куп на победниците на куповите во сезоната 1961/62. Муарем Зеќир го држи рекордот за најмногу настапи во Европа со 21 одигран натпревар. Рекордот за најмногу постигнати голови во европските натпревари за ФК Вардар го држи Вандеир со 13 голови. Најубедливата победа во европските натпреварувања ФК Вардар ја остварил против ФК Етникос Ахна во Интертото купот во 2004 година остварувајќи победа од 5-1 на двата меча со тоа остварувајќи вкупен резултат од 10-2.

ФК Вардар е првиот македонски фудбалски клуб што се пласирал во групна фаза на Европско натпреварување,откако ги победи Фенербахче во 2017-18 плеј-офф рундата на Лига Европа

Најпознати и најзначајни играчи[уреди | уреди извор]

Тренери на ФК Вардар низ историјата[уреди | уреди извор]

Раководители на клубот[1][2][уреди | уреди извор]

Освоени првенства[уреди | уреди извор]

Македонска Прва лига[уреди | уреди извор]

Освоени купови[уреди | уреди извор]

Југословенски куп[уреди | уреди извор]

Куп на Македонија[уреди | уреди извор]

  • 1992/93
  • 1994/95
  • 1997/98
  • 1998/99
  • 2006/07

Суперкуп на Македонија[уреди | уреди извор]

Во септември 2015 година, „Вардар“ го освоил Суперкупот на Македонија, откако ја совладал екипата на „Работнички“ со резултат 4-3, по подобро изведување на пеналите. Во основните 90 минути и по двете продолженија, резултатот бил нерешен 1-1. Првиот гол на средбата го постигнал играчот на „Вардар“ Филип Ивановски, во 12. минута, а „Работнички“ изедначил во 47. минута, со голот на Баже Илијоски. При изведувањето на пеналите, голманот на „Вардар“ Филип Гачевски, со две одбрани, имал пресудно влијание во освојувањето на купот. Имено, во првата серија од пеналите, за „Работнички“ погодил Цикарски, а „Вардар“ изедначил со голот на Амбарѕумјан. Во втората серија погодиле Вујчиќ и Стојков, додека во третата серија, Илиевски погодил за „Работнички“, а фудбалерот на „Вардар“, Ивановски, не успеал да даде гол. Меѓутоа, во четвртата и петтата серија, голманот на „Вардар“ ги одбранил ударите на Алтипармаковски и Ристевски, додека за „Вардар“ погодиле Глигоров и Фелипе. На тој начин, „Вардар“ по вторпат го освоил Супекупот на Македонија, по оној во 2013 година.[6]

Рекорди[уреди | уреди извор]

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Обновено на 12 август 2017[7]
Бр. Позиција Играч
1 Македонија ГМ Игор Алексовски
3 Македонија ОД Горан Попов
5 Македонија ОД Висар Муслиу
6 Македонија ОД Бобан Грнчаров (капитен)
7 Грузија СР Џамбул Џигаури
9 Македонија НП Дејан Блажевски
10 Македонија СР Бобан Николов
11 Ерменија СР Тигран Барсегјан
14 Македонија ОД Дарко Велковски
16 Македонија СР Никола Глигоров
17 Македонија НП Ацо Стојков
18 Македонија НП Бојан Колевски
19 Ерменија ОД Ховханес Хамбарџумјан
Бр. Позиција Играч
20 Македонија СР Бобан Николов
21 Украина ОД Евгениј Новак
22 Македонија СР Филип Стојчевски
23 Македонија ОД Бесир Демири
32 Македонија ОД Дарко Глишиќ
33 Македонија СР Бесар Исени
48 Бразил НП Итало
70 Бразил СР Хуан Фелипе Рибеиро
72 Русија НП Максим Максимов
80 Македонија Бојан Ристов
90 Македонија ГМ Филип Гачевски
69 Македонија Петар Танев

На позајмица надвор[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
26 Македонија СР Виктор Димков (во Скопје)
31 Македонија ОД Есмин Личина (во Скопје)
Македонија ОД Виктор Велкоски (во Скопје)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 Четири децении ФК Вардар. Скопје: ФК Вардар - Скопје. 1988. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 „Црвено-црна историја ! Сите претседатели на ФК Вардар од 1947 до денес!“. Vardar Fans (англиски). На |first= му недостасува |last= (help)
  3. „Стојан Чамински | ФК Вардар“. fkvardar.mk.
  4. „Мирко Спасески промовиран на претседателската функција во ФК Вардар (ФОТО) - Екипа - Екипа“. old.ekipa.mk. Архивирано од изворникот на 2021-05-17.
  5. „Милионскиот долг на Вардар остана, се повлекоа директорите“. Спорт Манија. 2021-01-05.
  6. „Црвено-црн Суперкуп“, Дневник, година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 21.
  7. „Тим 2016/2017“. fkvardar.mk. 29 May 2017. Архивирано од изворникот на 2017-07-07. Посетено на 18 August 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]