ФК Македонија Ѓорче Петров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ФК Македонија Ѓ.П.
FK Makedonija Gjorce Petrov.gif
Целосно име Ф.К. Македонија Ѓорче Петров
Основан 1932; пред 82 години (1932)
Стадион Стадион Ѓорче Петров
Капацитет 2800
Претседател Благоја Николовски
Тренер Ѓорѓи Тодоровски
Лига Прва македонска лига
2012-2013 1ви(промовирани)
Тимски бои
Kit body red stripes.png
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Домашен дрес
Kit left arm whiteshoulders.png
Тимски бои
Kit body yellow stripes.png
Тимски бои
Kit right arm whiteshoulders.png
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Гостински дрес

ФК „Македонија Ѓорче Петров“ е македонски фудбалски клуб од Ѓорче Петров, оформен во 1932 година. Клубот настапува во првата македонска фудбалска лига.

Историја[уреди]

Клубот бил оформен во 1932 година под името „Ханриевски Аматерски Спортски Клуб“ (Х.А.С.К.), а подоцна ги носел и имињата „Победа“, „Рудар“, „Индустријалец“, „Локомотива“. Во сезоната 1970/1971 го добил името „Југококта“, се до сезона 1989/1990 кога го добил сегашното име.[1]

Македонија Ѓ.П. настапува на стадионот Ѓорче Петров, со капцитет од 2800 седишта. Во 2005 година била изградена западната трибина на стадионот, кој е познат и под името „Кокта“. По катастрофалниот земjотрес во Скопје во 1963 година, стадионот на тогашен ФК „Рудар“ бил одземен од државата за да бидат изградени монтажни бараки за настраданото население, и било доделено новото игралиште на сегашното место. Во 1970 година, ФК „Рудар“ (подоцна под името ФК „Југококта“) влегол во тогашната македонска фудбалска лига, и морало да бидат изградени трибина, соблекувални и други попратни елементи за да може да учествува во тоа натпреварување. Така во септември 1970 започнала изградбата на источната трибина. Екипата играла есента на стадионот на ФК Цементарница во Скопје. Трибината, поттрибинскот простор и соблекувалните биле предадени во употреба во март 1971, и првиот натпревар се одиграл на 12 март, со екипата на ФК Кожуф од Гевгелија, при што победила екипата на ФК Југококта со 2:0. Со изградбата на трибината бил направен и теренот, и била поставена трева (бусен). Во сезоната 2005/2006, со промената на раководниот тим, изградена била новата западна трибина, како и нови канцелариски простории, теретана со сите пропратни справи за вежбање и нови соблекувални. Исто така реновирано било и помошното игралиште на кое била поставена вештачка трева.

Позначајни настани[уреди]

1932: Оформен е клубот под името Х.А.С.К., а подоцна ќе ги носи и следниве имиња: Локомотива, Рудар, Победа, Индустријалец, Рудар итн.
1969/70: Рудар е победник во Скопскиот потсојуз, и во квалификациите изборува место Македонската Републичка Лига, 3 ранг на натпреварување.
1970: Клубот почнува професионално да се натпреварува, и го носи името Југококта.
1971: На 12 март 1971 година се одигрува првиот натпревар на стадионот Ѓорче Петров, кој завршува со победа на тогашната Југококта, Југококта-Кожув 2:0.
1976/77: Првопласиран во Вардарски Фудбалски Регион (4 Лига).
1980/81: Младинците на Македонија Ѓ.П. го освојуваат Купот на Македонија по победата на Осогово од Кочани.
1989/90: Од оваа сезона клубот го носи името ФК Македонија.
1991/92: Младинците на Македонија Ѓ.П. го освојуваат Купот на Македонија.
1991/92: Клубот настапува во 3 Југословенска Лига-Исток.
1992/93: Со оформувањето на 1 М.Ф.Л. Македонија Ѓ.П. станува дел од првата лига.
1993/94: Испаѓа од првата македонска лига и се преселува во 2 македонска лига.
1994/95: Македонија Ѓ.П. го освојува првото место во 2 М.Ф.Л.-Запад и експресно се враќа во првата лига.
1997/98: Клубот го завзема третото место на табелата, и за првпат во својата историја изборува пласман во некое Европско натпреварување.
2003/04: Младинците на Македонија Ѓ.П. во младинското финале од купот на Македонија го декласираа кичевски Напредок, а Горан Наумовски-Пуле беше стрелец на сите четири гола за Македонија Ѓ.П.
2004/05: Македонија Ѓ.П. го освојува трето место во 2 М.Ф.Л., и изборува да игра бараж средба, во која ќе биде подобра од Маџари Солидарност. По три сезони играње во понизок ранг, клубот се враќа во елитата на Македонскиот фудбал.
2005/06: Македонија Ѓ.П. го освојува Купот на Македонија со победата над тетовска Шкендија во финалето со 3:2, а третиот гол што го постигна Филип Ивановски во судиското продолжение е вистинско ремек дело. А исто така завршува како второпласиран тим на табелата во 1 М.Ф.Л.
2008/2009: Македонија Ѓ.П. на крајот од ова првенство е на чело на табелата и ја освојува титулата "Фудбалски Шампион на Македонија".

Играчи[уреди]

Во фудбалската сезона 2008/2009 Македонија Ѓорче Петров настапуваше во следниот состав:

Играч Позиција Националност
Марјан Маџaровски голман Македонија Македонија
Бојан Павловиќ голман  Србија
Даниел Јовановски одбрана Македонија Македонија
Благоја Милевски одбрана Македонија Македонија
Даниел Мојсов одбрана Македонија Македонија
Ненад Јовановиќ одбрана Македонија Македонија
Александар Бошковски одбрана Македонија Македонија
Жорж Амбуруе одбрана Габон Габон
Милан Илиевски одбрана Македонија Македонија
Васко Митрев среден ред Македонија Македонија
Тони Брњарчевски среден ред Македонија Македонија
Душан Симовски среден ред Македонија Македонија
Гуобадија Ајс Крим Оса среден ред Нигерија Нигерија
Нијази Лена среден ред Македонија Македонија
Данташ де Брито Сезар Роберто среден ред  Бразил
Филип Колеќески напаѓач Македонија Македонија
Горан Силјановски напаѓач Македонија Македонија
Мирко Ивановски напаѓач Македонија Македонија
Самир Фазли напаѓач Македонија Македонија
Јовица Столевски напаѓач Македонија Македонија

Постигнувања[уреди]

Домашни првенства[уреди]

Постигнувања на ФК Македонија Ѓорче Петров во првата лига - сезона по сезона:

Сезона Нат. Поб. Нер. Пор. + - Бод. Поз. Лига
1992/93 34 10 12 12 31 51 32 14 Македонска Прва Лига
1993/94 30 2 6 22 17 55 10 16 Македонска Прва Лига
1995/96 28 10 7 11 35 37 37 7 Македонска Прва Лига
1996/97 26 10 4 12 38 30 34 7 Македонска Прва Лига
1997/98 25 12 5 8 34 25 42 3 Македонска Прва Лига
1998/99 26 10 7 9 44 40 37 6 Македонска Прва Лига
1999/00 26 10 6 10 29 28 36 7 Македонска Прва Лига
2000/01 26 9 4 13 46 42 31 10 Македонска Прва Лига
2001/02 20 7 3 10 29 28 24 11 Македонска Прва Лига
2005/06 33 21 6 6 55 23 69 12 Македонска Прва Лига
2006/07 33 18 10 5 65 29 64 3 Македонска Прва Лига
2007/08 33 13 5 15 34 42 44 7 Македонска Прва Лига
2008/09 33 17 10 3 46 15 61 1 Македонска Прва Лига

Еврокупови[уреди]

Сезона Натппеварување Рунда Клуб Резултат
1998 УЕФА Интертото Куп Прва рунда Словенија НК Олимпија - Љублјана 4-2, 1-1
Втора рунда Франција СЦ Бастија - Бастија 1-0, 0-7
2006-07 УЕФА Куп Прва квалификациска рунда Бугарија ПФК Локомотив - Софија 0-2, 1-1
2007 УЕФА Интертото Куп Прва рунда Кипар Етникос Ахнас ФЦ - Ахнас 0-1, 2-0
Втора рунда Бугарија ПФК Черно Море - Варна 0-4, 0-3
2009/10 Лига на Шампиони Втора квалификациска рунда Белорусија БАТЕ Борисов 0-2, 0-2

Tитули[уреди]

2008/09
2005/06

Познати играчи[уреди]

Навивачи[уреди]

Македонија Ѓ.П. од секогаш имала навивачи зад себе, главно во жителите на тогашно Ханриево (сега Ѓорче Петров). Зачетоците на организираното навивање биле во 1988 година кога за првпат се појавиле транспаренти на Кокта, како што популарно се нарекува стадионот Ѓорче Петров. Сегашните навивачи, познати како Лавови се оформени во 1992 година. Во 2008 година формирана е првата а воедно и единствена подгрупа на навивачката група Лавови - Division Hanrievo. Идејата за формирање на подгрупата потекнува од желбата за подобрување на квалитетот и менталитетот на членовите на матичната група – Лавови, при што сите вистински навивачи на ФК Македонија Ѓорче Петров се обединија во една подгрупа. Името на подгрупата, доаѓа од старото име на населбата Ѓорче Петров, Ханриево.

Надворешни врски[уреди]


Наводи[уреди]

  1. „Официјална веб страна на ФК Македонија Ѓ.П.“. http://www.fcmakedonija.com.mk/mk/Istorija.asp. конс. 18 мај 2009.