ФК Пелистер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ФК Пелистер
Амблемот на ФК Пелистер
Целосно име ФК Пелистер Битола
Основан 1945
Стадион Стадион Тумбе Кафе
Капацитет 8.000
Претседател Димче Шеровски
Тренер Марјан Секуловски
Лига Прва македонска лига
2011/2012 1ти
Тимски бои
Kit body unknown.png
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Домашен дрес
Тимски бои
Kit body unknown.png
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Тимски бои
Гостински дрес

ФК Пелистер е фудбалски клуб од Битола, Македонија, кој моментално настапува во првата македонска фудбалска лига. Клубот е формиран по ослободувањето во 1945 година, иако негови претходници во Битола егзистираат од 1924 година. Клупските бои на Пелистер се зелената и белата. Клубот игра на градскиот стадионСтадион Тумбе Кафе. Навивачите на Пелистер се викаат „Чкембари“.

Историја [уреди]

Клубот има долгогодишна фудбалска историја со оглед на тоа што ФК Пелистер како име се среќава уште во далечната 1924. Оттогаш па наваму, клубот ја презентирал Битола во државава, а и на просторите на СФРЈ и во странство.

ФК Пелистер е формиран во 1924, најпрво под името „Омладина“, по што било сменато во „Пелистер“ а подоцна во „СК Битола“. Повторно се појавил под старото име „Пелистер“ по ослободувањето во 1945, по што веќе во 1946 да станал првак во битолскиот фискултурен округ. Истата година се споил со ФК Работник, но го задржал името Пелистер. Некои од попознатите играчи од тоа време се Ѓеоргиевски, Димитровски, Т. Петровски, Наумовски, Лазаревски, Шекерџиевски, Аврамовски, Несторов и Ефтимовски. Пелистер за прв пат во својата историја влегол во втората југословенска фудбалска лига во сезоната 1974/1975. Пелистер не успеал да се задржи подолго време во втората лига, но подоцна се вратил повторно во 1982, кога на чело на клубот биле Митко Бутлевски и тренерот Иван Чабриновиќ.

Пред распаѓањето на Југославија, Пелистер настапувал и во првата сојузна лига.

По осамостојувањето на Република Македонија, Пелистер континуиарно се натпреварувал во првата македонска фудбалска лига сѐ до сезоната 2002/2003 кога клубот испаднал од највисокото натпреварување во Македонија.

Пелистер досега нема освоено шампионска титула, но има освоено една титула од купот на Македонија во 2001. Наредната сезона настапил во УЕФА купот, но не успеал да ја помине првата пречка и загубил од швајцарскиот тим Сент Гален со вкупен резултат од 4-3.

Видете исто така [уреди]

Надворешни врски [уреди]

http://www.facebook.com/pages/%D0%A4%D0%9A%D0%9F%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%80-%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0/102263710635