Драгор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Драгор

Драгор низ центарот на Битола
Утока Црна Река
Земји во сливот Македонија Македонија
Должина 25 км
Надм. вис. на устието 577 м
Сливно подрачје 188 км²

Драгор (поранешно име: Макофро)[1][2]река која тече низ Битола. Настанува од повеќе помали реки. Изворишниот дел го чинат повеќе водотеци што извираат од падините на Пелистер и тоа: Сапунчица, Лак Поток, Црвена Pека и Клисурица. Во горните планински делови Драгорот минува низ селата Дихово и Братин Дол, а во долните делови сред Пелагонија (надморска височина од 576 м), се влева во Црна Река 1 км северозападно од селото Новаци.

Драгор во 1902 г. на осмалиска разгледница

Вкупната должина на Драгорот изнесува 25 км, со обем на вододелницата од 67 км, слив од 188 км2 и среден пад од 17,0%. Максимални месечни водостои и протоци реката Драгор има во април и мaj поради пролетните врнежи и топењето на снегот на Пелистер, додека од јули до септември се jaвyвa минимум водостоj.

Само горниот тек на Драгорот има добар квалитет и биолошка разновидност. Од Битола до утоката во Црна Река Драгорот е без никаков жив свет поради индустриско загадување на водата.

Драгор низ Битола - гравура од 19 век

Во 1896 коритото на Дрaгoрот низ центарот на градот било регулирано со кejoви во должина од 3,5 км., длабоки повеќе од 4 м, и потоа со мостови и камени каскади.

Во 1962 градот бил поплавен и се стравувало дека ќе се случи катастрофа, доколку се случеше прелевање на водата која достигнала ниво до мостовите во градот. Сосема спротивно од тоа, во октомври 1966 се случило коритото да е сосема суво. Поради ваквите случаи, од 1983 со изградбата на доводниот собирен канал на води за Стрежевското Езеро се регулира нивото на водата во речното корито на Драгорот.

Наводи[уреди]