Радика
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Радика |
|
Горното течение на реката Радика, недалеку од селото Волковија |
|
| Извор | Враца, Шар Планина, Македонија |
|---|---|
| Устие | Црн Дрим |
| Земји во сливот | Македонија |
| Должина | 64,7 km |
| Надм. вис. на изворот | 2,220 m |
| Надм. вис. на устието | 487 m |
| Сливно подрачје | 880 km² |
Радика е река во Македонија, која е десна, а воедно и најголема притока на реката Црн Дрим. Припаѓа на јадранското сливно подрачје.
Хидрографски каркатеристики на Радика [уреди]
Радика извира на 2200 метри надморска височина под Враца. Од изворот до утоката во Дебарското Езеро е долга 67 км. На овој пат таа прима четири притоки и тоа: Рибница, Мавровска Река, Жировничка Река, и Мала Река. Радика има чиста, бистра и студена вода со изглед на темнозелена боја што е последица од калциум карбонатот во неа.
Долината на Радика [уреди]
Долината на Радика е една од најатрактивните и најживописните кањонски долини. Кањонот е стар неколку милјони години пробивајќи се меѓу планинските страни на Бистра и Стогово на Исток и Кораб и Дешат на запад.
Радика е единствена река Бифуркација во Македонија, која дава вода на два слива Јадрански и Егејски слив. Со канали дел од водите на Радика се носат во Мавровското Езеро и го полнат со вода, а од тука со подземни тунели во Вардар. Тука е изградена ХЦ "Врбен".
Биодиверзитет [уреди]
Куриозитет на долината на Радика претставува народната оригинална архитектура на селските куќи во Битуше, Јанче, Гари, Лазарополе и др. Околината на Радика изобилува со богат растителен и животински свет. Од дивечот има срни, диви свињи, дивокози, мечки, рисови, волци, лисици и др.
Покрај риболовот на пастрмки, постојат можности за лов на крупен дивеч. Непосредно над брегот при утоката на Радика во Дебарското Езеро се наоѓа бањата Косоврасти, познато лекувалиште за ревматски заболувања. Топлите 48 С сулфурни и радиоактивни води уште повеќе ја зголемуваат привлечноста кон Радика.