Хидрографија на Македонија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на реките и езерата во Македонија.

Околу 2% од територијата на Македонија се под водена површина. Има околу 35 реки и 53 природни и вештачки езера. Според количините на водени ресурси Македонија спаѓа во подрачје со задоволителни водни ресурси, но со доста голема нивна нерамномерна распределба. Реките припаѓаат на 6 сливни подрачја: на реката Вардар 20.535 км², на реката Црн Дрим 3.350 км², на реката Струмица 1.535 км², на Дојранското Езеро 120 км², на реката Лебничка 129 км² и на реката Биначка Морава 44 км².

За екологијата доста значајно е префрлањето на води од еден во друг слив. Досега вакво префрлање има од сливот на река Радика во сливот на река Вардар (преку Мавровските ХЕЦ) и од сливот на река Брегалница во сливот на река Струмица (од акумулацијата Мантово). За иднина се планираат и други префрлања како на пример: од сливот на река Вардар во сливот на река Треска, од сливот на река Пчиња во Овче Поле и други).

Категоризација на водите во Македонија[уреди]

Водите во нашата земја се поделени во следните категории:

Потреби за корисници на вода[уреди]

  • Вода за населението и за комунални потреби
  • Вода за индустријата
  • Вода за земјоделието

Сливни подрачја[уреди]

Реките припаѓаат на три сливни подрачја: Егејски, Јадрански и Црноморски слив. Егејскиот речен слив е најголем и зафаќа 87% од вкупната територија на РМ и позначајни реки од овој слив се реките: Вардар и Струмица. Јадранскиот слив опфаќа околу 13% од територијата на Македонија и најзначајна река е Црн Дрим. Црноморското сливно подрачје е доста мало и река во овој слив е Биначка Морава.

Тие се доста нерамномерно распространети така што западниот дел има поголеми количини на вода. Просечно вкупната количина на вода во Македонија се 6.63 милијарди м3 вода, која се влива во сливовите на следните реки: Вардар (4.77 милијарди м3), Струмица (0.18 милијарди м3) и Црн Дрим (1.68 милијарди м3). Реките имат висок водостој во пролетните и есенските месеци, а низок летно време. Во овие сливови има повеќе од 30 извори со проток поголем од 100 л/сек кои претставуваат главен извор на вода за пиење. Распоредот на искористувањето на водените ресурси е следно: за наводнување се користат 34%, за индустријата 11% и на населението 10%, а останатиот дел е за биолошки минимум. Но, планот за искористување на водите е стар и неефикасен. Tака, како проблеми може да се спомнат: лошо определен биолошки минимум кој не обезбедува услови за да преживеат рибите во нив и расправии околу некои корисници во источниот дел на Македонија околу користењето на водите. Хидрометеоролошкиот завод е задолжен за следење на водените ресурси во РМ кое го прави преку повеќе мониторинг станици, чии согледувања од добиените податоци е дека во последните години има намалување на врнежите. Поради тоа се јавува недостаток на вода во одредени делови и низок водостој на реките. Овој низок водостој доведува до сушни периоди и до зголемена загаденост на реките.