Мочуриште

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мочуриште кај езерото Селигер, Русија.
Мочуриште во Сидел, Лујзијана, САД

Мочуриште или блато е влажно подрачје со шумска вегетација.[1] Многу мочуришта се јавуваат покрај поголеми реки, каде суштински зависат од нивниот водостој.[2] Други пак, се јавуваат на бреговите на поголемите езера.[3] Некои имаат изолирани делчиња со нормална вегетација, додека пак други имаат суви возвишенија обраснати со водни растенија или растенија што трпат повремени поплавувања.[4] Постојат два вида на мочуришта: „вистински“ барски шуми и „преодни“ мочуришта од честак. Водата во едно мочуриште може да биде слатка, соленикава или солена (морска). Најголемите мочуришта во светот се среќаваат крај големите реки како што се Амазон, Мисисипи и Конго.[5]

Геологија[уреди]

Одлика на мочуриштето е застојаноста на водата[6] или многу бавен проток. Под извесни околности, мочуриштата можат да се создадат и од самите реки. Друга карактеристика за мочуриштата е тоа што се присутни во мошне низок топографски релјеф.

Одводнување[уреди]

Исцедувањето или мелиорација е начин на отстранување на мочуриштата со цел да се претворат во обработливо земјиште или пак за да се заштити населението од болестите кои ги причинуваат мочуришните инсекти.[7] Човекот во минатото ги исцедувал мочуриштата и за сеча на дрва. Европа има изгубено половина од мочуриштата,[7] додека пак во Нов Зеланд се уништени цели 90%.[8]

Денес постои свест за еколошката важност на мочуриштата: живеалиште за рибите, констрола на поплавувањата, пречистување на водата, складирање на јаглеродот и како дом за разновидни животни и растенија.[9] Во разни краишта во светот, мочуриштата денес се заштитени и постојат големи потфати за нивно обновување.[2][10]

Мочуриштата во Македонија[уреди]

Во минатото Македонија имала разни богати мочуришта со разновиден жив свет. Такви биле Катлановско, Моноспитовско, Пелагониско, Струшко, Негорско, Овчеполско[11] и Студенчиште.[12] Пред мелиорациските потфати, во Македонија имало 86.000 ха мочурливи површини, а по овие потфати се останати 22.000 ха[13]

Денес поважни мочуришта се Катлановско Блато, Моноспитовско Блато, Белчишко Блато. Моноспитовското се смета за последно големо мочуриште во земјата. Големи блатни површини постоеле во околината на Скопје, во подрачје наречено Скопска Блатија. Голем дел од нив во поново време се исцедени, и останати се само мали делови. Поскромните блата по котлините се предмет на проучување и заштита.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Keddy, P.A. 2010. Wetland Ecology: Principles and Conservation (II изд). Cambridge University Press, Cambridge, UK. 497 p.
  2. 2,0 2,1 Hughes, F.M.R. (ed.). 2003. The Flooded Forest: Guidance for policy makers and river managers in Europe on the restoration of floodplain forests. FLOBAR2, Department of Geography, University of Cambridge, Cambridge, UK. 96 p.
  3. Wilcox, D.A, Thompson, T.A., Booth, R.K. and Nicholas, J.R. 2007. Lake-level variability and water availability in the Great Lakes. USGS Circular 1311. 25 p.
  4. SwampUSGS
  5. Keddy, P.A., L.H. Fraser, A.I. Solomeshch, W.J. Junk, D.R. Campbell, M.T.K. Arroyo and C.J.R. Alho. 2009. Wet and wonderful: the world’s largest wetlands are conservation priorities. BioScience 59: 39-51.
  6. „мочуриште“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  7. 7,0 7,1 Dugan, P. (ed.) 2005. Guide to Wetlands. Buffalo, New York. Firefly Books. 304 p.
  8. Peters, M. and Clarkson, B. 2010. Wetland Restoration: A Handbook for New Zealand Freshwater Systems. Manaaki Whenua Press, Lincoln, N.Z. ISBN 978-0-478-34707-4 (online)
  9. Keddy, P.A. 2010. Wetland Ecology: Principles and Conservation (2nd edition). Cambridge University Press, Cambridge, UK. 497 p. Chapter 11.
  10. Environment Canada. 2004. How Much Habitat is Enough? A Framework for Guiding Habitat Rehabilitation in Great Lakes Areas of Concern. 2nd ed. 81 p.
  11. Втор национален извештај кон конвенцијата за климатски промени: Сектор „Биодиверзитет“ (македонски)
  12. „Блатна (мочуришна) вегетација во Република Македонија“. Македонска енциклопедија. (2005). Скопје: МАНУ.
  13. „Мелиорација на почвата“. Македонска енциклопедија. (2005). Скопје: МАНУ.

Надворешни врски[уреди]