Брег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брег на Дојранското Езеро
Типови на брегови. Илустрација од руски средношколски атлас од 1941 г.

Брег е граница на копното кајшто почнува голема водна површина како река, езеро, море или океан.[1] Во физичката океанографија,брегот е поширок граничен појас кој претрпел геолошки измени под влијание на водата, додека пак плажа е работ на брегот и го претставува подрачјето на плима и осека (кога го има).[2]

Под крајбрежје се подразбира поширокиот појас помеѓу водата и внатрешноста на копното.

Брегот трпи влијанија од топографијата на теренот околу него, како и ерозијата предизвикана од брановите. Типот на брегот зависи од геолошкиот состав на карпите и почвата.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „брег“ - Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Pickard, George L.; William J. Emery (1990). Descriptive Physical Oceanography (V илустрирано. изд.). Elsevier. стр. 7–8. ISBN 075062759X, 0750627597.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]