Океан

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Серија на карти каде се прикажани алтернативните поделби на океаните
Приказ на светските океани. Постои постојана циркулација на вода на Земјата, Светскиот океан е поделен на неколку главни подрачја. Разликуваме пет океани: Тихи, Атлантски, Индиски, Арктички, и Јужен; последните два понекогаш се сметаат за делови од првите три.

Океан (од грчки Ὠκεανὸς, "океанос"[1]) е голем резервоар на солена вода, и главна компонента на хидросферата. Околу 71% од површината на Земјата (~3.61 X 1014 m2) е прекриена со океани, споен резервоар на вода кој условно е поделен на неколку главни океани и помали мориња. Скоро половина од светските води се длабоки над 3000 метри.

Овој споен резервоар на солена вода, наречено Светски Океан, главно се дели според континентите и архипелазите на: Тихи Океан, Атлантски Океан, Индиски Океан, Јужен Океан и Северен Леден Океан. Последниот океанографски се нарекува медитеранско море.

Помалите региони од океаните се нарекуваат мориња, заливи, теснеци и др.

Геолошки, океанот е област од океанска кора покриена со вода. Океанска кора е тенкиот слој од стврднат вулкански базалт кој ја покрива Земјината површина каде нема континенти. Од овој аспект, денес постојат три „океани“: Светскиот Океан, Црното и Касписко море, кои се формирале со колизија на Цимерија со Лауразија. Медитеранското Море е скоро свој „океан“, поврзано со Светскиот Океан преку Гибралтарскиот Теснец, и повеќе пати во последните неколку милиони години движењето на Афричкиот континент го затворило теснецот целосно, правеќи го Медитеранот четврт „океан“.

Светскиот Океан зафаќа површина од 361 милиони km2, волумен од 1.340 милиони km2, а просечната длабочина е 3.711 метри. Скоро половина од светските води се длабоки над 3.000 метри. Ова не вклучува мориња кои не се поврзани со Светскиот Океан, како Каспиското Море.

Вкупната маса на хидросферата е скоро 1.4 × 1021 kg, ca. 0.023 % од вкупната Земјина маса.

Видете морска вода за повеќе информации за составот на океанската вода, како соленост.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Ὠκεανός, Henry George Liddell, Robert Scott, Грчко-англиски лексиокон, на Персеус проектот
  • Matthias Tomczak и J. Stuart Godfrey. 2003. Регионална Океанографија: Вовед. (видете ја веб страницата)

Надворешни врски[уреди]