Дојранско Езеро
- За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница
| Дојранско Езеро | |
|---|---|
|
|
|
| Координати | |
| Земји во сливот | Македонија, Грција |
| Површина | 43,1 km2 |
| Прос. длабочина | 6,7 m |
| Макс. длабочина | 10 m |
| Населени места | Стар Дојран, Нов Дојран, Николиќ |
Дојранското Езеро (грчки: Λίμνη Δοϊράνη Лими Дои́рани), (лими́ Дои́рани) е најмалото тектонско езеро во Република Македонија. Се наоѓа во нејзиниот југоисточен дел, заземајќи површина од 43,1 km². Западниот, поголемиот дел (27,3 km²) и припаѓа на Република Македонија а источниот, помалиот (15,8 km²) на Грција.
Содржина |
[уреди] Хидрологија
Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10 m и просечна длабочина од 6,7 m.[1]. Дојранското Езеро е создадено во неогено-квартерниот период и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, тоа е реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127 km². Поради јодот кој го испуштаат алгите за време на нивното цветање (јули-август), водата на езерото е многу лековита, посебно за лечење на проблеми со синусите, бронхит, настинки, зараснување на рани и исеченици. Лековитоста на водата привлекува голем број на туристи, највеќе семејства со мали деца.
[уреди] Флора и Фауна
Дојранското Езеро е еутрофно езеро, заради големата продукција на органска материја. Животинскиот свет е претставен од без'рбетници (праживотни-едноклеточни животни, сунгери, црви, мекотели, членконоги, инсекти и др), како и претставници од 'рбетниците (риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи). Во Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, 1 вид претставува локален ендемит. Некои без'рбетници (посебно вилинските коњчиња) и неколку видови птици, се наоѓаат на листата на CORINE. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на птици - корморани во огради од трска, т.н. мандри.
[уреди] Легенда за Дојранското Езеро
На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем извор. Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турски големец-кајмакам. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не и давал мира. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина.За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро. Исто како што беше прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Езерото го нарекоа Дојранско Езеро, а градот Дојран.
[уреди] Галерија
-
Градската плажа во Стар Дојран
-
Дојранското Езеро со јаворите во паркот во Стар Дојран
[уреди] Наводи
[уреди] Надворешни врски
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Дојранско Езеро“ |
|
|||||||||||||||