Плеистоцен
Од Википедија, слободната енциклопедија
Плеистоценот е епоха која на геолошката скала го опфаќа периодот од 1,808,000 до 11,550 година пред денешно време. Плеистоценот треба да ја опфати најблиската ера пропратена со низа глацијални промени. Името плеистоцен потекнува од грчките зборови πλεῖστος (плеистос "најмногу") и καινός (каинос "ново").
Плеистоценот се надоврзува на плиоценот и е претходик на холоценската епоха. Плеистоценот е третиот период во неогенот, односно шестиот во кенозојската ера.[1] Крајот на плеистоценот се поистоветува со крајот на палеолитската доба во археолошки рамки.
Белешки [уреди]
- ↑ Гибард и фан Колфшотен (2004) "Плеистоценот и Холоценот" 22 поглавје PDF (2.96 MiB) Во Градштајн, Ф. М., Ог, Џејмс Г., и Смит Гилберт Геолошка временска скала 2004 Cambridge University Press, Кембриџ.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Плеистоцен“ |

