Палеолит

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трипериоден систем
Холоцен Железно доба Протоисторија
Доцно бронзено доба  
Средно бронзено доба
Рано бронзено доба
Бронзено доба
Бакарно доба (енеолит)    
Младо камено доба (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено доба

Палеолит (старо камено време) е термин со кој Л. Лубок во 1865 година ја означил најстарата и најдолга предисториска епоха. Материјалната култура на овој период ја оствариле мали човечки заедници (едно или неколку семејства), чиj опстанок се базирал на ловечко - собирачки начин на живеење. Мобилноста на ваквите заедници била ускладена со годишните времиња, користењето на природните ресурси, или помалку или повеќе широкиот спектар на растителни или животински видови на одредена територија. Поради тоа археолошката документација за палеолитските заедници се однесува на трагите кои тие ги оставиле зад себе во Пештерапештерите, поткарпите, или на отворен простор (огништа, орудија, коски од уловените животни). Со оглед на геолошката старост на слоевите во кои таквите остатоци се најдени, како и на технолошкиот начин на изработка на орудијата од делкани, најчесто силикатни карпи и минерали, животински коски и рогови, изведена е традиционална поделба на палеолитот на ран, среден и доцен палеолит.

Ран палеолит[уреди]

Наоѓалиштата од раниот палеолит (пред 2,6/2,3 милиони до 128,000 години) потекнуваат од крајот на Терциерот (плиоцен) и периодот на долниот и средниот плеистоцен. Најстаријте орудија за работна и друга намена припаѓаат на културата na Облутоци (околу 2,6/2,3 милиони до 700 000 години) и потекнуваат од локалитети долж јужно африканската пукнатина (Хадар, Олдувај, Мелка-Кунтуре). Фосилни остатоци на астралопитекус, хомохабилис и првиот хомоеректус, исто така потекнуваат од оваа област, па затоа таа се смета за колевка на човештвото.

Хомоеректусот освојува нови простори, ширејќи се од Африка на дотогаш ненаселени континенти, оставајќи значајни траги на својот начин на живот во Европа и Азија, почнувајќи од пред 1,5 милион години до 700 000 години. Нови технологии на изработка на делканото орудие се јавуваат во рамките на постарата ашелска култура или технокомплекси во Африка (1,7 милиони години) и Европа (пред 700 000 до 300 000 година). Помлада Ашелска култура (пред 300 000 до 100 000 година) на низа локалитети. Хомо еректусот почнал да го контролира огнот, најмалку пред 400 000 години. Во рамките на помладата ашелска култура, пред 300 000 години, изработката на делканото камено орудие е уште повеќе усовршена, (Левалоазиен|левалуазиенска техника]] за да стекне широка примена во средниот палеолит пред 350 000 години веројатно се појавил архаичниот Хомо сапиенс. Една од неговите варијанти е и Хомо сапиенс неандерталенсис, чии остатоци се најдени во Европа и на Блискиот исток.

Среден палеолит[уреди]

Почеток на средниот палеолит (пред 128 000 – 40 000/35 000 години) се поистуветува со почетокот на доцниот плеистоцен. Продолжуваат старите технолошки традиции и се усовршуваат нови техники кои биле присвоени и во претходниот период. Сосема нова појава претставуваат најдените гробници (Комб Гренал, Мустија, Тешик-Таш, Шанидар), пружајќи јасно потврда за постоење на култ, односно укажување на се позначајната улога во идеологијата во животот на ловечко-собирачките заедници. Горниот или помладиот палеолит претставува период на големи пресврти, посебно во поглед на прилагодување на ловечко-собирачките заедници, на многу различни услови кои ги диктирал животот. На пример од оние во поларните до оние во тропските предели и посложена социјална организација.

Доцен палеолит[уреди]

Доцен палеолит (пред 40 000 – 10 000 години) траел до крајот на доцниот плеистоцен, односно за време на најсилно изразените климатски осцилации на последниот леден период. Обележен е со појава на новиот хомо сапиенс сапиенс и нови технологии. Обработено камено орудие кое добива форма на сечиво, помало е од претходното, експлоатацијата на суровините е поекономична (оттаму за младиот палеолит се користи името лептолит). Започнува широка употрба на предемти изработени од животински коски, рогови и заби (од забите се правени шила, проектили, исфрлувачи на копја, украси). Кон крајот на доцниот палеолит се јавуваат и многубројни технолошки иновации (лак и стрела, харпун, орудије од изделкан камен), нови стратегии за користење на ресурсите, риболов, собирање на школки, можеби и припитомување на кучиња. Орудието се изработува во многу поголем број на облици, кои одговараат за специфични намени. Но стиловите на изработка на орудието се разликуваат од регион до регион. Таа појава е условена покрај останатото, со порастот на општата популација, промените во еколошката сфера, неможноста на ловечко-собирачките заедници да си обезбедат опстанок и сопствена биолошка и социјална репродукција на начин практикуван со стотици илјади години. Решавањето на тој проблем одело двојно. Прво палеолитските заедници се ориентираат на планска експлоатација на својата територија, воспоставувајќи постојани резиденцијални логори, од кои ги преземале ловечко-собирачките активности. Таквите походи однапред се планираат, ресурсите интензивно се прибираат во кратки периоди, а вишокот се претвора во залихи кои обезбедуваат опстанок во месеците на немаштија. Мобилноста на групата сега е ограничена и тие се се повеќе упатени на соработка со соседните заедници кои престојувале во истиот регион. Таквите заедници поминуваат низ процес на длабока социјални и технолошка интерграција, која археолошки јасно се гледа во наодите кои што се поврзани за култот(пред се појавата на палеолитската уметност, еден од најважните белези на овој период).

Дополнување[уреди]

Друг начин на обезбедување опстанок, подразбирало одвојување или расцепкување на заедницата на делови и потрага по нови територии. Во текот на раниот палеолит биле освоени и двата преостанати континенти и тоа штом биле создадени услови за можност за пловење (чамци и навигација со видливост на копното или островот) и штом биле совладани тешкотиите за опстанок во поларните предели(опрема, засолништа и санки). Се препоставува дека со чамци можело да се стигне од остров на остров, од Југоисточна Азија во Австралија(пред 40 000/35 000 години). Преминот на новиот американски континент можел да се случи еднинствено во времето на најголемото заладување во последниот леден период, кога помеѓу Сибир и Алјаска постоела копнена врска(најрано пред 15 000 години)

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]